Рак на градите е најчесто забележан тип на рак кај жените
Како што е случај во сите видови на рак, редовните испитувања и раната дијагноза може да го олесни третманот. Операцијата на рак на градите може да резултира со деформација на градите или понекогаш може да затреба да тие бидат целосно отстранети.
Др. Ајхан Окумуш, специјалистот по Естетичка, пластична и реконструктивна хирургија при Болницата Аџибадем во Бурса тврди дека пациентот може да се задоволи со реконструкција или корекција на оние деформитети на градите кои се јавиле поради делумното или целосното отстранување на градите.
Др. Окумуш истотака ги спомна разните методи кои може да се користат во случај на разни деформитети на градите.
ГУБЕЊЕ НА ЕДНА ГРАДА
Др. Окумуш вели дека доколку здравата града е голема, може да се намали согласно големината на другата града така да изгледаат симетрично. Доколку здравата града е со нормална големина, отстранетиот дел може да се пополни со ткивото одземено од грбот или стомачниот предел, или пак со помош на протеза. Др. Окумуш вели дека малите проблеми истотака може да се коригираат со ињекции.
Посочувајќи дека ако мускулот од градата не бил сечен при отстранувањето на градата, можно е да се коригира со поставување на протеза под него, Др. Окумуш нагласува: “Меѓутоа, во случај ако мускулот од градата е отстранет, корекцијата на градата може да се изврши со поставување на ткиво одземено од стомакот или грбот, и, доколку биде неопходно можеме да употребиме протеза на пациентот.
Др. Окумуш вели: “Во случај ако ткивата од грбот и стомакот не се погодни, тогаш оформуваме ткиво со пренесување ткиво од пределот на бедрата или од струкот со микрохируршки методи.“
ГУБЕЊЕ НА ДВЕТЕ ГРАДИ
Нагласувајќи дека тоа е ретка состојба, Др. Окумуш вели дека методите користени во делумните отстранувања на едната града истотака може да бидат применети и за отстранување на делови од двете гради. Др. Окумуш вели: “Како и во случајот на корекцијата на градите, првата корекција по избор би требало да биде со ткивата од самиот пациент. Кај оние случаи на пациенти кај кои претходно двете гради му биле отстранети, со една иста операција пределот од стомакот се користи за припомош при корекцијата на двете гради. Во случај ако пределот на стомакот не е погоден, мускулите од грбот би можеле да се комбинираат со протеза и обострано да се користат за пренесување на предниот дел. Ако мускулите од градите не биле отстранети, и ако другите методи се неприменливи, корекцијата се врши со примена на протеза.“
Зборувајќи за фактот дека откако се формирани градите, до нивното конечно оформување поминуваат 3-4 месеци, Др. Окумуш вели дека откако ќе се дoбие конечната форма на градите, последната фаза е постапката на формирање на брадавица и ореолот околу брадавицата.
КОРЕКЦИЈАТА БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ БЛАГОВРЕМЕНА
Др. Окумуш тврди дека постапката на корекција дава успешни резултати и дека корекциите извршени на здравата града во текот на истата операција даваат уште поголеми естетички резултати. Др. Окумуш истотака нагласува дека корекцијата на рак на градите не е повеќе само работа на сечење и отстранување на канцерогеното ткиво. Тој вели дека истотака и поедините психолошки проблеми што се појавуваат со губењето на градата би требало да се земаат во обѕир во текот на планирањето на лекувањето.
|