Операцијата на катарактот прави големи чекори
Новите техники на лекување можат да ги намалат несаканите ефекти!

Порано вбројувајќи го меѓу првите причини за слепилото, во денешно време лекувањето на катарактата е мошне лесна. Порано применуваните лекувања, како резултат бараа примена на очила за читање. Меѓутоа, најновата технологија овозможува да после операцијата не се носат очила ниту за далечина ниту за близина. Катарактата се дефинира како губење на проѕирноста во внатрешноста на очите, што причинува губење на видот. Катарактата се јавува во 50 % од популацијата на возраст од 65-74 години и над 70 % од населението на возраст над 75 години. Покрај тоа, катарактата не е специфична болест на постарите лица. Користењето на кортизони, дијабетисот и несреќите ја причинуваат појавата на катарактата и на помлада возраст. Дури и децата се под ризик на вродена катаракта. Се верува дека многу фактори играат улога во развојот на катарактата согласно возраста. Офталмологот при Аџибадем Центарот за здравствена заштита, Придружниот Професор Бану Џошар на следниот начин ја опишува појавата на катарактата: “Како што стареат леќите, нивната тежина и дебелина се зголемува, што резултира со негативно влијание и отежнување на јадрото на леќата. Протеините на леќите наречени “кристалини“ претрпуваат хемиски трансформации и проѕирноста на леќите се намалува.“

НЕМА ПОГОДНО ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКАРСТВА

Намалувањето на видот на окото е основната карактеристика на катарактата. Меѓутоа, во зависност од видот на катарактата, можно е да се забележат разни обележја како што се од распоредување на светлината до миопија, тешкотија во одредување на тоновите на боите и удвоен вид. Придружниот Професор Џошар на следниот начин го опишува процесот на дијагностицирање: “Најнапред, ја проценуваме оштрината на видот. Потоа, ирисот се истенчува со капки. Го одредуваме видот на катарактата со помош на средството за испитување наречено биомикроскоп. Ја проверуваме ретината, задниот дел од окото. Доколку катарактата е премногу густа, ретината не може лесно да се испита. Во тој случај, користиме ултразвук за да одредиме дали има дополнителен проблем во задниот дел од окото. Извршуваме вреднување на ќелиите на корнеата (најистурениот проѕирен дел од окото). После операцијата на катаракта, проверуваме дали има или нема ризик од постојано отекување на корнеата.“ Катарактата не е можно да се лекува со лекарства. Хируршката интервенција е единствената метода на лекување на катарактата.

ОПЕРАЦИЈА СО ШИЕЊЕ СО ПОМОШ НА ФАКО ТЕХНИКА

Во денешно време, рутинската операција на катарактата се изведува со техниката нареченеа факоемулзификација. Факоемулзификацијата е техника во која е вклучено користење на енергија на ултразвук во фрагментацијата и апсорпцијата на леќите со катаракта. Еве на кој начин Придружниот Професор Џошар ја опишува постапката која трае 15 минути: “Претходно, го анестетизиравме окото со ињекција. Во денешно време веќе доволни се само капки за анестезија. Некои случаи може да имаат потреба од општа анестезија: Тоа се кај децата пациенти, очните трауми и оние болести кои не им овозможуваат на пациентите да лежат на грб. Во оваа техника, нема шиење на окото.“

ОВА СЕ ПРЕПОРАКИТЕ НА ДР. ЏОШАР ЗА ПЕРИОДОТ ПОСЛЕ ОПЕРАЦИЈАТА

  • Редовно користете ги препишаните капки за очи .
  • Избегнувајте чешање на очите .
  • Две недели после операцијата имајте некого што ќе випомогне при миење на косата .
  • Внимавајте да не ја наведнете главата наназад .
  • Болките можат да бидат знак на инфекција .
  • Штом осетите болки веднаш контактирајте го вашиот лекар.
  • Контактирајте го вашиот лекар при олабавување и црвенило на окото.

ПОСЛЕ ОПЕРАЦИЈАТА НЕ ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО КОРИСТЕЊЕ НА ОЧИЛА

Испитување на окото и видот се врши месец дена после операцијата. До неодамна, беше потребно да се носат очила за читање после операцијата. Др. Џошар вели: “Носењето на очила е потребно во случај на поставување на стандардни леќи во очите наместо мултифокалните вештачки леќи.“ и продожува:“Но во спротивно ако поставиме мултифокални леќи во окото, 70 % од пациентите се во состојба да гледаат и близу и далеку без да имаат потреба од носење на очила. Операцијата на катарактата забележа неверојатен развој во последните години. Средствата за факоемулзификација користени во текот на постапката бележат постојан развој. Средствата произведени во последно време користат помалку енергија, шират помалку топлина и со тоа обезбедуваат високо ниво на заштита на корнеата од окото. Вештачките леќи поставени во внатрешноста од окото ги филтрираат ултравиолетовите зраци, со што го намалуваат негативното влијание на невралната површина од окото. Работата продолжува на овој план.“

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење