 |
 |
|
 |
| Вродени срцеви болести |
|
 |
 |
 |
“ЗВУЧНИ БРАНОВИ“ ПОМАГААТ ВО ДИЈАГНОЗИРАЊЕТО НА МАЛИТЕ СРЦА УШТЕ ДОДЕКА СЕ ВО МАЈЧИНАТА УТРОБА
Вродените срцеви заболувања може да се дијагнозираат со фетална ехокардиографија која се врши во 18-тата, 20-тата или 22-тата недела од бременоста додека бебето сеуште е во мајчината утроба. Методата вклучува испитувања на срцето од бебето, со помош на звучните бранови кои не влијаат или не му причинуваат штета ниту на бебето ниту на мајката.
ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА...
Вродените срцеви заболувања се манифестираат на разни начини како што се издупченост на срцевите комори и васкуларни аномалии кои можат да се дијагнозираат додека бебето е сеуште во мајчината утроба. Користењето на алкохол од страна на мајката, покачена температура со осип, редовно користење на лекарства во првите 12 недели од бременоста, кои се потенцијални штети на бебето да може да дојде на свет се познатите причини за оваа болест.
Процентуално, едно од стоте живо родени деца може да биде со вродена срцева мана. Доколку останат нелекувани, половината од нив починуваат во текот на првата година од животот. Можно е да се дијагнозира оваа болест додека бебето е во мајчината утроба; задача која изискува добра тимска работа. Професорот Ајше Сариоглу, Детскиот кардиолог при болницата Аџибадем во Бакирќој, почнува да објаснува за вродените срцеви болести давајќи детали за срцевата структура. Нормалното срце има 4 комори; две горни кои се викаат атриуми, и две долни кои се викаат вентрикули. Сепараторите кои ги делат атриумите од вентрикулите се викаат септуми. Вените ја пренесуваат безоксигенската крв од телото до десниот атриум. Оттаму, преку поклопецот поминува до десната вентриукула. Таа оди до белите дробови преку плуќната артерија. Од дробовите, оксигенизираната крв се враќа до левиот атриум. Од левиот атриум, таа оди до левата вентриукула и со помош на аортата се испумпува до сите делови од телото. Аномалиите се забележуваат кај двете срцеви комори, кај крвните садови, крвните капаци или септумот. Меѓу најчесто појавуваните аномалии се вентрикуларните или септалните издупчувања наречени ASD или VSD, васкуларни аномалии и грчење на капаците помеѓу атриумите и вентрикулите.
ПРИЧИНИТЕ ЗА ВРОДЕНИ СРЦЕВИ НОМАЛИИ
Во врска со причините за болеста. Уште од 15-тиот ден можеме да го забележиме формирањето на клустерот на ќелијата од срцето. Покасно, овој клустер поминува по одредени трансформации и се појавува една единствена туба. Од оваа туба, се формираат срцевите комори и крвните садови. Овој комплексен развиток се комплетира во текот на првите 12 недели од бременоста. Тоа е во текот на овој процес кадешто одредени фактори причинуваат аномалии во срцето. Сепак, во 90 проценти од срцевите аномалии причината не е разјаснета. Во групата од останатите 10 проценти, пиењето алкохол на мајката во текот на првите 12 недели од бременоста, покачената температура со осип користењето на витамини со ретиноидна киселина во лекувањето на акните или антиепилептичките лекарства се причините коишто излегуваат на видело. Ако мајката е дијабетичарка, ризикот да бебето добие вродена срцева болест се зголемува за 3-5 пати. Придружниот Професор озлем Пата, гинекологот и акушерот при болницата Аџибадем во Бакирќој вели дека при вакви случаи, токму малата издупченост во срцето, може да причини да бебето се роди со значителен проблем како што е крвната аномалија. За мајките со дијабетис, таа ја нагласува важноста да се сочува под контрола нивото на шеќерот во крвта. Присуството на болеста на колагени ткива кај мајката како што е "systemic lupus erythematosus" може истотака да причини аритмија. Спомнувајќи ја случајноста од вродени срцеви болести кај мајката или таткото или кај поширокото нивно семејство кои го зголемуваат ризикот за 5 пати, Професорот Сариоглу нагласува: “Присуството на оваа болест кај браќата и сестрите или кај ближните роднини ја зголемува шансата да се добие болеста. Другата важна причина се браковите меѓу членовите од ближното семејство. Покрај тоа, Оваа болест е пропратна на болестите како што се синдромите на Down и Turner“.
ДИЈАГНОЗИРАЊЕ УШТЕ ОД МАЈЧИНАТА УТРОБА
Вродените болести може да се дијагнозираат уште додека бебето е во мајчината утроба. “Тоа е права задача за нас“, вели Придружниот професор по акушерство и гинекологија Озлем Пата и продолжува: “Ние ги среќаваме овие болести и кај бебињата на мајките кои не им припаѓаат на ниедна ризична група. Ете поради тоа мораме да бидеме мошне внимателни со историјата на пациентот кога ја прегледуваме идната мајка по прв пат. Таа може да помисли дека нема направено ништо што е штетно, но деталната историја може да открие користење на лекарства за кои мислела дека не се воопшто штетни.“ Едно мошне важно посочување на Придружниот Професор Пата е тоа дека жената со никаква болест во својата историја би требало да се вакцинира против Рубеола и тоа пред да забремени. Истотака, оние кои редовно имаат примено лекарства против дијабетис или епилепсија, би требало да се консултираат со лекарот за преминување на лекарства кои не се штетни за нивните бебиња. Мошне важно е да бремените жени на 6-тата или 7-ата недела од нивната бременост да бидат прегледани од акушер. Објаснувајќи дека срцето на бебето може да се набљудува уште од 6-тиот ден од 5-тата недела од бременоста, Придружниот Професор Пата вели: “Би сакале да ја прегледаме идната мајка околу периодот во којшто почнува да отчукува срцето на бебето. Дали бременоста е успешно зачната? Дали бременоста е здрава? Овие се прашањата на коишто можеме да им одговориме точно во времето на бременоста. Кога бременоста ќе дојде до 6-тата недела, отчукувањето на срцето е одличен индикатор на феталното здравје за нас.
Во тој период, очекуваме да срцето на бебето отчукува 110-115 пати во минута. Околу 8-ата недела , ова се менува од 144-159 пати во минута.“ Таа вели: Помеѓу 11-15 недела, што се смета за мошне одмината фаза од бременоста, се мери дебелината на вратот од бебето. Придружниот Професор Пата вели: “Доколку вратот од бебето е претенок, тоа е индикација за вршење на ехо на фетусот на тоа бебе.“ Таа вели дека на состојбата ѝ приоѓаат со детскиот кардиолог. Кога забележуваат срцеви аномалии, Придружниот Професор Пата вели дека проверуваат да нема присуство на други аномалии кај бебето. Потоа таа продолжува:“ Како акушери, првото прашање на кое би сакале да одговориме е тоа дали таа аномалија е пропратена од друга аномалија или не, и дали хромозомски фетусот е уреден. Ги консултираме детските кардиолози бидејќи тие го одредуваат степенот на аномалија и ги набљудуваат пациентите штом се родат.“ Професорот Ајше Сариоглу нагласува дека методата на ехокардиографија на фетусот овозможува дијагнозирање на болести на срце на бебето уште додека е во мајчината утроба. Ехокардиографијата на фетусот се извршува во 18-тата, 20-тата или 22-та недела од бременоста на пациенти кои се предвидени од страна на акушерот. Без да му наштети ниту на бебето ниту на мајката, методата со звучните бранови овозможува набљудување на срцето од бебето. Колку и да не се користело во практиката, сепак транс-вагиналната метода се врши од 11 до 14 недела поради ризиците од бременост, истотака овозможува точна дијагноза. Зборувајќи за раното дијагнозирање дека е од големо значење за планирање на лекувањето, Професорот Сариоглу вели: “Приближно една третина од случаите од вродена срцева мана бара интервенција уште во текот на првиот месец. Важноста од рано дијагнозирање не треба да биде претерано нагласувано. Кога препознаваме такво дете кај кое треба интервенција штом тоа се роди, во здравствената организација решаваме каде мајката ќе треба да го роди детето. Го проверуваме срцето на детето во одредени интервали. Бидејќи операцијата на детско срце не е можно да се врши во секоја здравствена установа, породувањето мора да биде направено во одредени центри. На тој начин се избегнуваат ризиците од смрт и компликации.“ Наведувајќи дека некои методи применувани во светот во последните години овозможуваат интервенции на овие болести додека бебето се наоѓа во мајчината утроба, Професорот Сариоглу наведува: “Некои од овие интервенции се поради зголемување на валвуларната стеноза со помош на балон или имплантација на пејсмејкер.“ За жал резултатите не се премногу охрабрувачки. Меѓутоа, како што ќе среќаваме поголем број на дијагнози, така ќе се подобруваат и методите на лекување.“ Некои проблеми со ритмот на срцето може да се лекуваат со давање лекарства на мајката или на бебето преку папочната врвка.
АНОМАЛИИ ДИЈАГНОЗИРАНИ ПОСЛЕ РАЃАЊЕТО НА БЕБЕТО
Понекогаш овие аномалии можат да бидат забележани само после раѓањето на бебето. Знаците на болеста вклучува ненадејна цијаноза (станува виолетова боја), не е во состојба да добие тежина и развојот му доцни, прекумерно дишење, прекумерни брзи отчукувања на срцето, предвремени замори. Професорот Сариоглу нагласува дека кај случаите кадешто претходно не е дијагнозирана болеста , тие го испитуваат срцето на бебето со ехокардиографија: “Вршиме со гел обвиена ехо проба кој гел се става на градите од пациентот за да ја испитаме структурата на срцето. Ова ни дава информација во врска со разноликоста на работите како што се структурата на срцето, неговиот степен на собирање и степенот на собирање на крвните садови.“ Професорот Сариоглу вели дека ехо методата самата по себе може да биде погодна во планирањето на операцијата, но понекогаш може да затребаат и Х-зраци или ЕКГ. Една од користените методи се анџиографија со катетер. Тенка пластична цевка која се провлекува преку крвните садови од препоната на бебето со претходна анестезија и постојано преку крвните садови насочена кон срцето и се ињектира супстанцата за контраст. На тој начин се добиваат снимките за срцето. Кај поголемите деца изведуваме 24 часовно набљудување или стрес тест кое посочува дека секоја болест бара различен третман. Професорот Сариоглу вели: “Некои болести бараат да се изврши интервенција штом се роди бебето, некои пак треба да се јавуваат во текот на првите шест месеци. Меѓутоа, итните интервенции кај сериозните болести како што се аномалиите на крвните садови спасуваат животи.“ Во врска со третманите на лекување Професорот Сариоглу вели: “Не е секогаш неопходно да се изврши операција. Понекогаш имаме случаи кадешто на пациентите им одговара и третман со лекарста. Издупчувањата на срцето (наречени VSD) понекогаш можат спонтано да бидат излечени во текот на првите 2-5 години од животот. Меѓутоа, голем број на проблеми со срцето се излечиви со операција а понекогаш и со катетер метода.“ На новороденото бебе со проблеми на крвните садови се врши операција за да се преместат крвните садови. Целосната корекција може да се изврши со менување на коронарните артерии по што бебето би имало нормално срце. Сепак, во зависност од видот на болеста се препорачува да на детето се изврши операцијата за да може да ги обавува секојдневните активности. Професорот Сариоглу вели: “Им велиме на семејствата дека децата мора да играат. Ние ги изведуваме овие операции за да децата можат да играат и потполно да го живеат животот. Во секој случај, децата со проблеми на срцето обично одмараат штом се изморат. Но кога и не е случај со заморот, не би сакал да мајките им велат на своите деца: “Оди полека, имаш болно срце.“
ЛЕКУВАЊЕ НА ВРОДЕНИТЕ БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО ПРЕКУ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СРЦЕВА КАТЕТЕРИЗАЦИЈА
Интервентните методи може да се изведат во било која возраст и тие може да водат до лекување на почесто појавуваните вродени срцеви болести како што се стеснувањето на големите крвни садови и на валвите, или отворите помеѓу коморите. Придружниот Професор по детска кардиологија Арда Сајгили вели: “Откако катетеризацијата на срцето стана рутинска интервенција во интервентната кардиологија, потребата од отворена операција на срцето забележа значителен пад.“ Независно од хируршките интервенции, истотака и интервентните методи излегуваат на преден план во лекувањето на вродените болести. Во зависност од видот на болеста, стеснувањето на крвните садови може да се отворат или отворите “издупчувањата“ може да се затворат. Основата на ова лекување се состои од тенка пластична цевка наречена катетер која се провлекува по крвните садови до срцето. На тој начин се вршат анџиографиите, а подоцна балонот или некое друго средство се пренесува до срцето. Придружниот Професор Арда Сајгили, детскиот кардиолог при болницата Аџибадем во Бакирќој, Аџибадем и Интернејшенал Хоспитал болниците тврди дека стеснувањето на аортата или валвулата на плуќната артерија се состојби на закана по живот особено во период веднаш после раѓањето. Наведувајќи дека 20 проценти од вродените срцеви болести бараат итна интервенција, Придружниот Професор Сајгили на следниот начин ја објаснува методата на интервентна кардиологија : “Ниедна интервентна постапка не содржи болка за децата или не остава знаци на болно сеќавање. За да се постигне целта, имаме детски анестезиолог кој ја осигурува контролата над болката и анестезијата. Потоа, најнапред провлекуваме катетер на вената од препоната. Доколку проблемот е стеснување на крвните садови, на пример сместуваме балон со погоден дијаметар на местото на стеснувањето на крвниот сад. Оваа постапка трае помалку од еден час. Првата од интервентните методи е анџиопластија, отварање на стеснетите крвни садови со помош на балон. Втората е наречена метода на балонска валвулопластија, изведена во случај на стеснување на валвулите. Доколку стеснувањето на крвните садови не попушта, тогаш изведуваме имплантација на стент. Третата метода е септестомија, отварање на одделите помеѓу атриумите, состојба која се среќава при комплексните вродени болести на срцето. Четвртата постапка е изведување на интервентна метода во затварањето на срцевите издупчувања како што се PDA, ASD и VSD." Нагласувајќи дека успехот на методата е независна од возраста и тежината, Придружниот Професор Сајгили продолжува : “Пред да се одлучиме за најпогодната метода на лекување, мора да се изврши детална анализа на местото, дијаметарот, изразитоста и морфологијата на болеста на срцето. На пример, доколку издупчувањето на срцето е мало и се наоѓа помеѓу крвните садови, применуваме интервентна метода со катетер, која ја провлекуваме преку препоната и го закрпуваме со инструментот во форма на еластична жица. Во случај на поголема издупченост, се користат средства во форма на печурка во разна големина.“ Вродените срцеви болести бараат целисходен приод. Карактеристиките на центарот за здравствена заштита и тимската работа играат значајна улога. Овие болести може да се среќаваат во разни периоди од животот и тоа од пред раѓањето до веднаш после раѓањето, од детството до возрасната доба. Тимот составен од специјалисти за ризични бремености, неонатолози, интензивисти, кардиолози, анестезиолози и хирурзи носи успех во лекувањето на овие болести.
ПРЕДНОСТИТЕ НА МЕТОДАТА
“Сè што се изведува во Европа и во светот во однос на операциони и интервентни лекувања на вродените срцеви заболувања подеднакво добро се извршува и кај нас“ вели Придружниот Професор Сајгили и ги дава следните информации во врска со интервентната метода со катетер: “Откако се појави методата на катетеризација на срцето, настапи опаѓање на потребата од операција на срце. Интервентните методи за децата започнаа во осумдесеттите години. Појавувањето на нови средства во текот на минатата декада и нивниот успех кај илјадници пациенти помогнаа во рутинската примена на овие методи.“ Една друга предност на оваа метода е дека нема никакви знаци на сечење на пределот на градите што е природен резултат на операциите на срце. И покрај тоа што знаците од вродени срцеви болести се видливи во првите денови од новородените деца, понекогаш дијагнозирањето може да се направи и во подоцнежните години. Објаснувајќи дека тие дијагнозираат вродени срцеви болести кај пациентите кај кои е присутен шум во срцето, цијаноза, бледило, задоцнет развој, болки од инфекции на горниот тракт за дишење, Придружниот Професор Сајгили нагласува: “Срцевите издупчувања како што се PDA или ASD може да бидат забележливи на 20, а дури и на 80 годишна возраст. Одеднаш не им предлагаме на нашите пациенти да се оперираат, како за почеток им ја препорачуваме интервентната метода.“
|
|
|
|
|
 |