ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОРНЕА!

Надеж за оние кои се без вид
"Cornea Transplant" популарно се нарекува “трансплантација на око“. Благодарение на развојот на напредните техники , оваа операција во денешно време и ера може да се врши со голем успех.


  Доколку е можно проблемот на катарактата да се реши во иста сеанса, истотака и одбивноста на ткивото може да се спречи со голем успех. После приближно една година од периодот на лечење, пациентот е во состојба да го поврати својот вид.

Зраците на сонцето, зелените шуми што може да ги зафати окото ... можеме сите убавини да ги гледаме благодарение на корнеата на нашето око. Проѕирната обвивка која ги покрива обоените делови на окото се нарекува корнеа. Сноповите од зраци кои стигаат до окото најпрвин се кршат во корнеата а проѕирноста на оваа обвивка овозможува да сноповите од зраци достигнат до задните обвивки на окото. Меѓутоа, кога корнеата има проблеми, тоа станува потешко и речиси невозможно да се видат тие убавини. Во денешно време и ера, корнеата која ја губи проѕирноста или се деформира, може да се замени со здрава, која е добиена од очната банка и да се сочува видот. Оваа постапка е наречена трансплантација на корнеа. Процентот на успех зависи од причината за која се врши трансплантацијата на корнеа. И покрај сè, процентот на успех е над 90 %.

КОИ ВИДОВИ НА ПРОБЛЕМИ ГИ ТЕРААТ ЛУЃЕТО ДА СЕ ОБРАТАТ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОРНЕА?

Проблемите на корнеата може да имаат лица од секоја возраст. Доколку корнеата биде оштетена со повреда или инфекција, може да се замагли или да се жали од губење на нејзината функција. Во случај на оштетена корнеа, штом светлото продре во окото, причинува девијации кои ја ослабуваат оштрината на видот на пациентот и може дури и да причинува болка. Како последица на тоа, проблемот со окото има негативно влијание на животот на човекот кој пати од оваа состојба. Придружниот Професор Бану Џошар, офталмологот при Аџибадем центар за здравје на очи ги наброја општите причини за извршување на трансплантација на корнеа во нашата земја. А тоа се следните: Кератоконус (Деформација со која корнеата се наострува кон напред), pseudophacic bullose keratopathy (постојана отеченост на корнеа после операцијата на катаракта) и повреди на корнеата. Наследните болести наречени Дистрофија и случаите кадешто корнеата ја губи својата проѕирност се истотака излечиви со трансплантација на корнеа. Напредните случаи на херпетски повреди како што се Кератитис може истотака да причини трансплантација на корнеа.

ОЧНИТЕ БАНКИ МОЖАТ ДА ИГРААТ ЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА УЛОГА

Очните банки кои се основани и делуваат во рамките на јавни организации и универзитети, се задолжени со задачата да примаат корнеи, да пресудат за нивната погодност за трансплантација и дистрибуција на истите. Отворени 24 часа на ден, овие банки ги собираат донираните корнеи за користење во иднина и ги складираат. Корнеите за постапка на трансплантација се добиваат од донорите пред да настапи нивната смрт. Придружниот Професор Бану Џошар во врска со постапката со којашто донорите на корнеа подлежат на разни испитувања од страна на банките со цел обезбедување на заштита на идните корисници на корнеа, вели: “Најнапред, вршиме внимателна анализа на крвта за да ја испитаме причината на смртта и медицинската состојба на донорот. Го исклучуваме донирањето на корнеа доколку има активна септикемија, беснило, вирусен хепатитис, некои внатрешни болести на очите, претходни операции на очите, леухемија, лимфома, хепатитис Б/Ц и заразни болести како што се ХИВ (СИДА), смрт од непознати причини и присуство на некои невролошки болести.“ Покрај тоа, очните банки вршат пресметка на ќелии (спекуларен микроскоп) и биомикроскопско испитување за одредување дали корнеата ќе ја задржи својата проѕирност за подолг временски период или не. Доколку резултатите од овие тестови потврдат дека нема пречки за намената на трансплантацијата на корнеата, во тој случај корнеата се задржува за користење во иднина. Се обрнува внимание да се осигура да разликата во возраста на донорот на корнеата и онаа на идниот корисник не биде преголема.
За актуелното вршење на трансплантацијата на корнеата...

НЕ Е ПРЕДИЗВИКУВАЧКА ОПЕРАЦИЈА!

Придружниот Професор Бану Џошар вели дека кај возрасните, во повеќето случаи на трансплантација на корнеата се врши со ињектирање на анестетски агенси во окото, додека пак кај децата се изведува под целосна анестезија. Исто како анестетиците кои штитат од чувствување на болка, така и интравенозните лекарства, помагаат да се опушти пациентот. Во текот на операцијата, сите нерви на окото се под целосна анестезија што помага спречување на окото од движења. Во текот на трансплантацијата на корнеата, проблематичната корнеа се отстранува во тркалезна форма и се заменува со дел од проѕирната корнеа добиена од донорот. Новата корнеа се фиксира на своето место со помош на мошне тенки најлонски конци. После операцијата, пациентот може да биде испишан од болница уште истиот ден. Придружниот Професор Бану Џошар, обрнува внимание истотака и на фактот да доколку биде можно да ја отстрани и катарактата и внатре да имплантира вештачки контакт леќи во текот на истата операција. Целата постапка би можела да трае околу 1 час.

ДАЛК ТЕХНИКАТА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО СПРЕЧУВАЊЕТО НА ОДБИВНОСТ НА ТКИВОТО

Уште само до пред неколку години, при трансплантацијата на корнеата се заменуваше целата обвивка на корнеата. Меѓутоа, во последните години, стана можно оваа операција да се изведува со ДАЛК техниката (длабоко предна ламеларна кератопластија). ДАЛК техниката го штити ендотелот, најдолната обвивка на корнеата. На тој начин, можноста од одбивност на ткивото е значително намалено. Меѓутоа, ДАЛК техниката не може да се врши на секој пациент, бидејќи оваа метода бара да ендотелот на корнеата на идниот корисник биде здрав. Другата иновација на трансплантацијата на корнеата е заменувањето на хируршки сечила со ласери наречени фемтосеконд. Ласерските инцизии овозможуваат контури попогодни едни на други. Проблемите со кршењето на светлосните зраци како што се астигматизмот и миопијата кои често се појавуваат како последица на трансплантацијата на корнеата, не е можно толку лесно да се коригираат со ЛАСИК операцијата. Поради тоа што рабовите на инцизиите со ласер се мошне тенки, можно е да се осигура подобра соодветност меѓу окото на идниот корисник и корнеата на донорот. ЛАСИК придружен со топографска технологија овозможува прилагодувачки опции на лекување за оние пациенти кои претходно имале трансплантација на корнеа.

ИМА СПИСОК НА ЧЕКАЊЕ ДО 1 ГОДИНА

Објаснувајќи дека рехабилитацијата на видот почнува дури по отстранувањето на најлонските конци од окото кое се врши приближно една година по трансплантацијата, придружниот Професор Бану Џошар нагласува:“Откако ќе се утврди дека нема проблеми во другите делови од окото, способноста за вид на окото се зголемува за 100 % после трансплантацијата. Дали може да настанат сериозни компликации во постапката на трансплантација на корнеата? Придружниот Професор Бану Џошар го одговара следното: Сериозните компликации се многу ретки. Пост-оперативните ризици како што се инфекцијата, зголемување на очниот притисок и одбивноста на ткивото можат мошне лесно да се стават под контрола. Таа предупредува дека особено кај корнеата кадешто може да се запази васкуларизација, може да настанат болки како што се јаки болки, замаглен вид, пречуствителност на светлина и болки кои укажуваат на одбивност на ткивото. Во такви случаи, пациентот не треба да се двоуми туку веднаш да се обрати до лекарот. Густите стероиди кои содржат капки, кремови, пилули и ињекции може да помогнат да се надмине одбивноста на ткивото во таквите ситуации. Мошне редок но најстрашен ризик по трансплантацијата на корнеата е супрахороидна хеморагија која може да предизвика и губење на окото.

ИМАЈТЕ ВО ПРЕДВИД!

- Во нашата земја, не можеме да добиваме ткиво од корнеа во посакувана количина и број за трансплантација. Причината е што народното несфаќање дека целото око се отстранува, но напротив тоа што се отстранува е единствено тенката обвивка поради трансплантација на корнеа
- Природната боја на вашето око останува иста по операцијата бидејќи не се врши никаква интервенција на ирисот на окото со трансплантацијата на корнеата.
- Нема потреба од добивање на слична корнеа по однос на ткивото или крвната група. Нема никаква врска со расата, полот или бојата на очите на донорот.
- Корнеата заздравува полека. Целосното заздравување и подобрувањето на видот може да потрае година а може и повеќе.
- Тоа е работа на предизвик да се даде перфектна форма на новата корнеа. Поради тоа астигматизмот (замаглениот или нејасен вид поради неправилната форма на корнеата) после трансплантацијата на корнеата е општата состојба која е забележана. Како и да е, овој проблем е лесно за коригирање во денешно време. Во трансплантацијата на корнеата, проблематичната корнеа се отстранува и се заменува со проѕирна обвивка на корнеата која се добива од донорот. Проблемот со корнеата може да го снајде секој човек во секоја возраст. Ако корнеата се оштети од повреда или инфекција, таа може да се замагли или да боли поради губење на својата функција.

 

 

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење