Неприликите на младите девојки од “Големите гради“

      Во медицинската терминологија, името дадено за опишување на големите гради е “virginal hypertrophy”.

Специјалистот по Пластична и Реконструктивна хирургија при Аџибадем болницата во Бакирќој, Проф. Атилла Аринџи нагласува дека проблемот на големи гради многу почесто се јавува кај младите девојки на возраст од 16-19 години, секоја града одделно тежи и повеќе од 4 килограми кај некои случаи.  
Др. Чагхан Бајтекин, специјалистот по Пластична хирургија при Аџибадем болницата во Коџаели вели дека младите девојки кои патат од големи гради сакаат да подлегнат на операција поради разни причини како што се знаци на неподнесување, искривување на горниот дел на `рбетот, зголемувањето на масата ги спушта надолу градниците и проблеми со ставата.
И покрај тоа што големите гради почесто се јавуваат кај младите девојки, има и други жени кои патат од истиот проблем. После бременоста или менопаузата, кај жените со структурно големи гради, може уште повеќе да им се зголемат. Професорот Атилла Аринџи нагласува дека големите гради се додатен проблем што ги збунува младите девојки адолесценти кои ионака се соочуваат со искушенија поради промените на нивните тела. Проф. Атилла Аринџи вели: “Двата, и респектот спрема начинот на кој пациентот ја прифаќа сликата од своето тело и вниманието кое провоцира природа на проблем во социјалниот живот, се синдроми кои причинуваат забележителни психолошки проблеми кај нив. Кога младите девојки од оваа група на возраст се јавуваат кај нас поради намалување на нивните гради, психолошкото нарушување е доведено до тој степен што велат “исечето ги овие целосно, доста ми е од нив“. Во текот на операцијата на намалување на градите, понекогаш можеме да отстраниме до 4 килограми на ткиво од секоја града одделно.


ПРИЧИНУВА НЕОСЕЌАЊЕ НА ПРСТИТЕ


Големите гради не причинуваат само искривување на горниот дел на `рбетот и проблеми со ставата, Др. Чагхан Бајтекин вели дека со извршување на притисок врз садовите под клавикулата, големите гради создаваат притисок врз нервите. Овој притисок причинува чувство на печење на четвртиот и петтиот прст на пациентот. Др. Бајтекин вели: “Овој проблем е сличен на некој што пешачи наоколу со 3 килограми тежина обесена на врат. После меноппаузата, тоа предизвикува уште покомплицирани проблеми како што се `рбетните. Ете зошто пациентите би сакале да подлежат на операција на намалување на градите. Нагласувајќи дека се обидуваат да го заштитат губењето на чувството на гради при операцијата на намалување на градите кај младите девојки, Др. Чагхан Бајтекин вели: “Сепак, ова не би можело секогаш да биде изводливо кај случаите на големи гради кај некои други големи случаи. Извршуваме намалување на гради со преместување на градата заедно со крвниот сад и нервите.“


ТОА Е СИНДРОМ НА ГОЛЕМА ГРАДА КОГА ГРАДНИКОТ Е НАД БРОЈКАТА 100,

И покрај тоа што концептот на големи гради се темели на индивидуални предиспозиции на телото, какви и да се градите кои приморуваат користење на градници над големината 100, се дефинирани како големи гради. Во текот на операциите за намалување на градите, можно е да се намали ткивото на градите по желба на пациентот. Меѓутоа, за степенот на намалување на градите одлука донесуваат заедно лекарот и пациентот во зависност од структурата на телото и очекувањата на пациентот. Проф. Атилла Аринџи нагласува дека се користат разни техники во намалувањето на градите и дека нема една единствена техника која дава идеални резултати за секој и за сите пациенти. Одлуката за користење на некој вид на метод се донесува во зависност од структурата на телото на пациентот, големината на ткивото на градите, содржината на ткивото од градите, квалитетот и еластичноста на кожата, желбата на пациентот за лузните од сечењето а дури и од искуството и стручноста на лекарот. Спротивно на народното мислење, операциите на намалување на градите не е исто толку болно колку и операциите за зголемување на градите. Меѓутоа, покрај избегнувањето на претераните движења на раката и на телото во првата недела после операцијата, приближно околу месец дена пациентот ќе мора да носи спортски градници кои го држат ткивото од градата со тенка еластична лента.


 

 

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење