|
7,5 милиони долари вредната инвестиција за Аџибадем Центарот за рак наречен “Технологија Три во еден“ за рак
Аџибадем Група за здравствена заштита има инвестирано вкупно 46 милиони долари за лекувањето на ракот. Пред мошне скоро време, Центарот за рак се опреми со апарати со најнапредна технологија, кој чинеше над 7.5 милиони долари. Со намера да им служи не само на пациентите кои доаѓаат од блиските региони, туку и на оние од странство, Аџибадем Центарот за рак се обогати со 3 важни технолошки методи за лекување на ракот, нареченi “Технологија Три во еден“.
Аџибадем Група за здравствена заштита е определена да им нуди на своите пациенти лекување на рак со најнапредна технологија. Со оваа одредена цел, Аџибадем Групата за здравствена заштита ги донесе и последните технологии во лекувањето на ракот а заедно со нив и високо искусните и доброинформирани лекари специјалисти. Центарот за рак, сместен во Аџибадем Болницата од Групата за заштита на здравјето, е опремен со високо специјализирана опрема за лекување која со едно единствено лице ги врши функциите на три мошне важни терапевтски апликации како што се Радиотерапија водена со слика (IMRT), Радиотерапија со модулирање на интензитетот (IGRT) и Стереотактична радиотерапија (STRT):
IMRT: Радиотерапија водена со слика IGRT: Радиотерапија со модулирање на интензитетот STRT: Стереотактична радиотерапија
Специјалистот по Радилошка онкологија при Aџибадем Група за здравствена заштита Професорот Енис Озјар, зборуваше за најновите откритија во лекувањето на ракот и воедно одговори на нашите прашања во врска со третмани за рак кои се користат во Аџибадем Центарот за рак.
1- Кои придобивки ги носи технологијата три во еден во лекувањето на рак?
УСКЛАДЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЧУВСТВИТЕЛНИ ОРГАНИ
ИМРТ технологијата се користи во случаи кај кои туморите коишто се сместени мошне близу до, или ги опкружуваат органите чувствителни на радијација во телото што мора да бидат заштитени.
На пример, кај некои случаи на рак во главата и вратот, доколку има тумор околу `рбетниот столб, или доколку е можно да се сочуваат жлездите за лачење, оваа метода добива важност. Мошне распространета беше примената во рак на простатата кадешто мора да се заштитат соседните здрави ткива. Покрај тоа, оваа метода ја користиме секогаш кога имаме потреба по вторпат да ги зрачиме истите предели на телото од пациентот. Со користење само кај случаите како почетна фаза, ИМРТ технологијата се здоби со популарност и кај другите техники, и откако се воспостави дека подобро ги заштитува здравите ткива, неговата примена стана мошне распространета. Разликата помеѓу Радиотерапијата со модулирање на интензитетот и класичната радиотерапија може да се спореди како наводнување на цвеќиња со специјална опрема за наводнување наместо обично црево за вода.
ОСТАВАМЕ СПЕЦИЈАЛНИ ЗНАЦИ НА ТУМОРОТ
Во ИГРТ технологијата, би ги нацртале класичните предели на радиотерапијата на пациентот уште од почетокот на лекувањето. Би го лекувале пациентот во период од еден и пол месец само со следење на истите нацртани линии. Повремено, би направиле рентгенски снимки за да ги провериме ефектите од лекувањето; би ги провериле коските и пределите на лекување. Доколку оваа метода причинува да здравите ткива бидат изложени на радијација, потенцијалните движења на туморот ризикуваат грешка во степенот на дозата на која е изложен. Во ИГРТ, правиме дневни снимки на пределот на лекување и ги коригираме грешките кои се јавуваат кај соседните органи поради движењата на туморот. На тој начин, можно е секој ден да се обезбеди чувствителна радијација. Но, претходно би извеле дводимензионално набљудување на златните знаци повлечени на туморот. Новиот систем дозволува тродимензионално снимање на туморот во текот на лекувањето. Овие снимки се слични со оние кои се снимени со ЦАТ скенирање и обезбедуваат побезбедно лекување. Некои знаци повлечени на туморот со ИГРТ или блиско набљудување на структурите на коските, дозволуваат планирано дозирање на дневната радијација на туморот.
МОЛИВ-ТЕНКА ВИДЛИВА РАДИЈАЦИЈА
Со СТРТ технологијата (Стерео-тактичната радиотерапија), обезбедуваме видлива радијација. Употребените радијациони кластери во овој вид на лекување се исто толку тенки колку и моливот и ги насочуваме кон најтенките тумори. Тие се применуваат на мошне тенки предели од телото; и како последица на тоа, бројот на здравите ткива изложени на радијација е мошне мал. На тој начин, наместо лекувањата кои можат да траат од 5-7 недели, кај некои тумори можно е да се има висока доза на СТРТ примени кои бараат една единствена сесија или лекувања со кратки периоди.
2- Со новите уреди за позиционо справување со вистинското време (РПМ) што се придобивките на пациентите?
Со истата машина способни сме да ги извршиме сите лекувања со (РПМ). Со оваа техника, откако пациентот ќе биде спремен за лекување, специјалната машина се поставува на пределот на градите на пациентот за да го сними начинот на неговото дишење. Движењата на туморот се набљудувани кога туморот се поместува и радијацијата се насочува на тој начин, паралелно со вдишувањата и издишувањата на пациентот. Тука, пристојноста на пациентот е мошне важна.
3- Кои други уреди се користат во Аџибадем Центарот за рак?
Во болницата Аџибадем користиме два линеарни акцелератора со висока технологија , систем на дигитално снимање којшто ја покажува точноста на пределите на радиотерапија и обезбедува брзи снимки и еден конвенционален симулатор . Симулаторорт е систем којшто ја проверува точноста на пределите за лекување пред да се почне со лекувањето. Тоа е процедура со која се обележува знак на маските на пациентот. Дозата на радијација на која се изложува некој во само една единствена сесија е многу поголема од онаа кадешто некој друг е изложен во текот на целиот свој живот. Поради тоа од мошне голема важност е да користеното лекување правилно се распореди на секоја сесија. Ете зошто симулацијата пред лекувањето е мошне важно.
4- Што е користа на пациентот кога снимките извршени од разни уреди може да се соединат?
Имаме корист од предностите на високата технологија која се применува во нашиот Центар за рак. Напредниот компјутеризиран систем на планирање на радиотерапијата во нашиот центар овозможува планирање темелено на соединување на снимките извршени со ЦАТ скенирање, со МРГ и ПЕТ-ЦАТ. Во зависност од снимките од ЦАТ скенирањето, можно е да се добијат разни информации во однос на МРГ и ПЕТ-ЦАТ. Можно е да се добијат повеќе информации во врска со пациентите преку поредување една над друга добиените снимки по овие три методи, со снимките добиени од позицијата на лекување на пациентот. На тој начин е можно поточно да се одреди туморот којшто ќе дозволи уште посоодветно лекување.
ВОСПОСТАВИВМЕ СИСТЕМ СО КОЈШТО СИТЕ УРЕДИ БИ МОЖЕЛЕ ДА КОМУНИЦИРААТ ЕДНИ СО ДРУГИ
5- Има ли некој систем кој овозможува соединување на сите податоци добиени од овие уреди? Би можело ли присуството на толку уреди да создаде конфузија?
Има мрежа на компјутери која овозможува комуникација на сите уреди едни со други. Оваа мрежа е наречена АРИА систем. Има голем број на медицински уреди користени во подготвувањето и лекувањето со радиотерапија. Доколку пренесувањето на информациите се вршеше рачно, ќе имаше полно грешки и губење на информации, и ќе требаше огромно време за нивно уништување. Ова укажува на неопходноста од систем кој ќе обезбеди да сите овие системи комуницираат едни со други и сите информации за пациентите бидат соодветно чувани. Користењето на овој систем на пациентите им овозможува да започнат што е можно побргу со терапијата грешка-доказ.
6- Што е супериорноста на користењето на висока технологија во лекувањето на ракот?
Посебната терапевтска придобивка од овие уреди е дека тие го зрачат туморот со висок степен на точност и со максимална можна заштита на нормалните и здрави ткива.
7- Што е најскорешната напредна технологија и медицинска практика во радиолошката онкологија ширум светот?
Најновата технологија во радиотерапијата е да се минимизира оштетувањето на здравите ткива и да се зголеми дозата на зрачење на туморите. Додека ова ги зголемува шансите да туморите се доведат до подобро контролирање, тоа воедно ги потврдува и животните очекувања и квалитетот на животот кај дел од пациентите. На пример, кај случаите на рак на пределите од главата и вратот, кои се лекуваат со класична радиотерапија, во нивниот понатамошен живот чувствуваат сувило на устата, што има негативно влијание во квалитетот на животот. Оваа нова технологија овозможува минимизирање на негативните влијанија.
8-Што е важноста на мултидисциплинарното лекување на ракот и кои се предностите за пациентот?
Разни научни гранки играат голема улога во лекувањето на ракот кај пациентите. Тоа обично се хирурзи од релевантни гранки, радиолошки и медицински онколози, педијатриски онколози, специјалисти по градни болести, патолози, радиолози и специјалисти по нуклеарна медицина. Дискусиите со пациентот, кои се нарекуваат средби за консултација за туморот, играат важна улога во одредувањето на идеалниот приод до пациентот. Со ова, лекарите дискутираат за идеалната метода за пациентите и се уверуваат дека планираниот план на лекување на пациентот е најсоодветниот начин на лекување. Во текот на дискусиите, пациентите придонесуваат во избирањето на најсоодветното лекување, со што ова има значајна улога за лекарскиот тим за пристап до информациите, утврдувањето на комуникацијата и учењето меѓу членовите.
За подетални информации:
АЛО АЏИБАДЕМ 444 55 44
www.acibadem.com.tr
|