|
Аџибадем Група за здравствена заштита (АХГ) добива реакредитација од ЈЦИ
 |
|
Аџибадем Група за здравствена заштита е првата медицинска група во Турција која е акредитирана од JCI -Joint Commission International- Здружена Меѓународна Комисија како група.
АХГ-овата реакредитација е комплетирана уште во Април 2008 година. ЈЦИ акредитацијата се однесува на Аџибадем центарот за офталмологија заедно со сите Аџибадем болници, медицински центри и поликлиники. Аџибадем Групата за здравствена заштита има 6 болници во Истанбул и Турција и 7 медицински центри, офталмолошки центар и клиника за надворешни пациенти. Сите болници на Аџибадем и сите медицински центри имаат ЈЦИ акредитација.
АХГ работи во согласност со стандардите на акредитација на Joint Commission International (JCI), кои се унапредени за здравствениот сектор за цврст приод фокусиран кон пациентот. АХГ истотака користи Менаџмент согласно Европската фондација за квалитет со цврст организационен период. Поради разната интерпретација во клиничките средини, ISO сертификатот не беше претпочитан за сите единици на АХГ. Така да ISO имплементациите се користат за одделенски сертификати во Централните стерилизациони единици и Клиничките лаборатории.
Темите за инспекција се,
1)
Приод кон нега и постојаност на нега
2)
Правата на пациентот и семејството
3)
Оценкa од пациентот
4)
Нега на пациентите
5)
Анестезија и хируршка нега
6)
Ракување со лекарства и употреба
7)
Обука на пациентот и на семејството
8)
Подобрување на квалитетот и безбедност на пациентот
9)
Превенција и контрола од инфекции
10)
Раководење, водење и управување
11)
Раководење со установите и безбедност
12)
Квалификацијата и образованието на персоналот
13)
Раководење и информација
Акредитацијата обезбедува видлива посветеност на организацијата да го подобри квалитетот на нега врз пациентот, да осигурува безбедна средина и постојано да работи да ги намали ризиците врз пациентите и персоналот.
Акредитацијата привлече внимание низ целиот свет како начин за ефективно вреднување на квалитетот.
За подетални информации:
Аџибадем Група за здравствена заштита
Центар за меѓународни пациенти
Тел : +90 216 544 38 78
Факс : +90 216 340 77 28
|