Резултатите од операцијата на рака, рамо и колено

Принципите на работа на нашите раце, рамиња, и колена се слични на перфектно дизајнирана машина. Меѓутоа, сите проблеми на овие дизајни истотака бараат и перфектни решенија

Принципите на работа на нашите раце, рамиња, и колена се слични на перфектно дизајнирана машина. Меѓутоа, сите проблеми на овие дизајни истотака бараат перфектни решенија. Поради тоа, операцијата на рака, рамо и колено е високо специјализирана хируршка гранка која бара примена на високо чувствителни техники. Покрај тоа, без разлика колку и да е успешна операцијата, не е можно да се постигне целосно излекување без добро планирана физикална терапија и рехабилитациона програма. Лекувањето и рехабилитацијата после операцијата на на раката, рамото и коленото е онолку важно колку и самата операција...
Благодарение на важните подобрувања во областа на операција на раката, рамото и коленото, истите операции станаа мошне едноставни за пациентите. Добро планираната програма за физикална терапија во пост оперативниот период има голем удел во успешноста на операцијата.
Сметајќи ги како продолжение на мозокот кон средината, нашите раце вршат разни функции, поредувајќи ги задачите од фините како што се држење на игла до грубите, дигање на тешки товари што бара голема снага; нашите колена се доволно јаки да подигнат 45 килограми на висина од 1 метар; па нашите рамиња се во состојба да изведат 4 разни видови на движења. Кога би ги испитале начините на кој функционираат овие делови од нашето тело, уште еднаш ќе ја разбереме перфектно дизајнираната машинерија на нашето тело. Меѓутоа, некои проблеми во овие дизајни бараат истотака и перфектни решенија. Можеби баш тоа е причината што хирургијата на чланците неодамна почна да бележи напредок. Факт е дека напредните хируршки техники кои ги користиме при операциите на зглобовите како што се артроскопијата (интра-артикуларна, затворена операција) и вештачките протези датираат од неодамна. На пример, операцијата на артроскопија датира приближно од пред 20 години. Добра е идејата да се зборува за физикалната терапија за периодот после овој вид на операции бидејќи, не е важно колку и да е успешна операцијата, не е можно да се изврши целосно излекување во отсуство на добро планирана физикална терапија и рехабилитациона програма.

Да, нашата тема се често појавуваните проблеми на рацете, рамињата и колената, методите коишто се користат на ова поле и после операционите постапки за излекување...Нашите специјалисти се: Специјалистот за хирургија на рака, Др. Уфук Налбантоглу, Специјалистот по физикална терапија и рехабилитација Проф. Сабри Нарман, Специјалистот по Ортопедија и Трауматологија Проф. Осман Гувен и Специјалистот по ортопедска трауматологија и спортски повреди Проф. Омер Ташер. Тие дадоа детални објаснувања за најчесто поставуваните прашања во врска со хируршката постапка и процесот на постоперативната терапија.


ХИРУРГИЈА НА РАКА


Не би погрешиле ако речеме дека рацете се продолженијата на мозокот кон средината. Рацете истовремено се во состојба да вршат активности кои бараат мошне префинети движечки задачи и активности кои бараат снага. Покрај тоа, рацете се користат и како органи за осет. Со допирање со рацете можеме да осетиме дали предметот е ладен или топол. За да рацете ја исполнат својата задача на најдобар можен начин, мускулите на рацете мора да функционираат добро и да движењата на зглобовите бидат во перфектен ред. Поради тоа, хирургијата на раце е високо специјализарана хируршка гранка која бара примена на високочувствителни техники. Др. Уфук Налбантоглу, Специјалист по хирургија на раце при болниците на Аџибадем во Кадиќој и Козјатаги вели дека причината да хирургијата на раце и горните екстремитети бидат прифатени како посебна гранка е присутноста на прекумерно меѓусебно поврзани ткива во мошне мал простор.

Траумите на рацете се една од најголемите причини за применување на хируршки методи. Покрај траумите како што се скршениците, повредите на нервите и крвните садови, хирургијата на рака истотака ја опфаќа и грижата за тумори, влијанието на нервите, реуматичните проблеми и вродените аномалии.

За периодот после операцијата, Др. Уфук Налбантоглу обрнува внимание на потребата од отпочнување со физикална терапија што е можно побргу за да пациентот не се соочи со проблемот на губење на функциите за движење. Откако ќе се утврди дека раната на пациентот е во добра состојба, Др. Уфук Налбантоглу вели дека со терапијата би требало да се отпочне во текот на првата недела после операцијата. Потоа тој наведува дека ненавременото отпочнување со физикална терапија, во текот на периодот од 3-6 недели ќе резултира со укочувања кои ги намалуваат движењата, кои после шестата недела ќе станат неповратно неподвижни. При добро планирана програма за физикална терапија, зглобовите се раздвижуваат во безбедни агли за да не се предизвика штета на фиксирањето извршено од страна на хирургот, а истовремено се вршат вежби и со другите делови од телото (на пример рамињата и лактот). На тој начин, целта нѝ е да на пациентот му овозможиме што е можно побргу да се врати на својата работа и на своите активности.

ХИРУРГИЈА НА ЗГЛОБОТ ОД РАМОТО

Професорот Осман Ѓувен, Специјалистот по ортопедија и трауматологија при болницата Аџибадем во Кадиќој тврди дека што се однесува до рамото, најчесто појавените проблеми се артрозите (популарно наречени закречувања-калцификација) во и околу зглобот од рамото. Оштетувањата на зглобот од рамото најпрвин се јавуваат како губење на функцијата и со болка, а потоа и со намалување во движењата. Оштетувањата на мускулите кои овозможуваат движење на раката е вториот меѓу проблемите на рамото. Професорот Осман Ѓувен тврди дека овие проблеми најпрвин се манифестираат со болка, а потоа со делумни или целосни пречки, а со текот на времето може да кулминираат со целосна немоќност на пациентот да ја крева раката. Третата забележителна болест на рамото е “нестабилност на рамото“. Забележана кај пациентите од помлада возраст и споредени со првите два вида на проблеми, оваа болест се манифестира со повремени поместувања на рамото. Поаѓајќи од фактот што некои се раѓаат со рамиња кои мошне лесно се поместуваат при најмало ненадејно движење, Професорот Ѓувен додава дека хирургијата е земена во обѕир да се применува кај случаите на повремено поместување на рамото. Овие проблеми се проследени со трауми како што се скршеници на рамото.

Соопштувајќи дека во последните години имало забележителни подобрувања во хируршкото лекување, Професорот Ѓувен продолжува: “Подобрувањата во методата на артроскопија, овозможиле да повеќето од нетравматски операции се изведат исто како што се вршат затворените операции. Ова е особена предност за пациентите со што тие оздравуваат побрзо и без чувствување на никаква болка. Покрај тоа, ова овозможува и што е можно побргу да се отпочне со примена на физикална терапија. Откако ќе се утврди дека не се работи за голема оштетеност, обично може да се отпочне со физикална терапија уште вториот ден после операцијата. Некои од нашите пациенти манифестираат големо подобрување во текот на периодот од 2-3 недела, додека пак во отсуство на ова хируршко лекување, ќе требаше да чекаат со месеци со закачени раце. Ќе почнеа со физикална терапија многу покасно и секако ќе требаше да поминат многу месеци додека не дојде до некое подобрување.
После операцијата: Професор Сабри Нарман, специјалистот по физикална терапија и рехабилитација при болницата Аџибадем во Кадиќој, вели дека нивната прва цел после операцијата на рамо е да се елиминира отечувањето и болката. Објаснувајќи дека нивната најголема цел е отстранувањето на болката и обезбедувањето на угодност на пациентот, Професорот Сабри Нурман ја подвлекува важноста на примената на ладните облоги во лекувањето на отоците.

Во зависност од видот на операцијата, Професорот Нарман вели дека можат да започнат со физикалната терапија уште од првиот ден после операцијата. Професорот Нарман објаснува: “Најпрво, почнуваме со пасивни вежби коишто пациентите ги изведуваат со помошни опреми и без физичко напрегање. Со текот на времето, вежбите напредуваат кон оние наречени активни – преку движења со асистенција (што значи се изведува со двата, било со помош на самите физикални тераписти или со помош на опремата). Штом раната ќе оздрави и нема веќе болка, продолжуваме со вежби за издржливост.“ Професорот Нарман нагласува дека во текот на вежбите не ја запоставуваат општата состојба на пациентот, туку дека додаваат други активности како што се бициклизмот, качување по скали и други вежби.

ОПЕРАЦИЈА НА КОЛЕНО

Кога станува збор за операцијата на колено, првата работа која паѓа на памет е, се разбира операцијата на менискусот. Структурите на `рскавиците сместени во коленото, како и самите `рскавици, не се во состојба самите да се поправаат. Како такви, кога се повредуваат и кршат, мора да бидат отстранети или сошиени. Кај операциите на менискусот можно е да се применат артроскопските методи.
Професорот Омер ташер, Специјалистот по ортопедска трауматологија и спортски повреди при болницата Аџибадем во Бакирќој, вели дека проблемите на `рскавиците во коленото се општо испитувани и дека денес кај некои случаи може да се лекуваат со трансплантација на `рскавиците. Согласно информацијата која ја дава Професорот Ташер, оваа метода овозможува отстранување на блок од коска од друг дел на зглобот и `рскавицата на овој блок од коска може да се трансплантира на оштетениот дел. Во денешно време, постапката на протеза на колено многу често се користи кај напредните проблеми на зглобовите од колената. Професорот Ташер вели дека извршуваат мошне успешни операции кадешто оштетените делови на зглобот се отстрануваат и се заменуваат со вештачки зглобови, протези.
Објаснувајќи дека е можно да се поправат искинувањата на предните клучни лигаменти, феноменот особено испитан кај спортистите, со ткивата земени од самото лице или од мртовци, Проф. Др. Ташер додава дека пост оперативно можно е да ново додаденото ткиво биде рехабилитирано на начин на кој ќе функционира како клучен лигамент.

После операцијата: Проф. Сабри Нарман вели дека користењето на начините на отстранувањето на болките после операцијата на коленото, овозможува да се започне со рехабилитација уште првиот ден после операцијата. Тој објаснува дека имаат специјална опрема која им овозможува на колената да ги вршат потребните движења. Најважното правило на лекувањето е да се зачуваат јаки мускулите кои се околу колената.

Тврдејќи дека ненавременото отпочнување со физикалната терапија би можело да причини укоченост на колената што може да предизвика тешкотии во иднина, Професорот Нарман продолжува: “Доколку не го свиткате коленото на минимум 70 степени на ограничување на движењата во текот на 2 седмици по операцијата, нема да бидете во состојба целосно да го испружите. Меѓутоа, доколку го обезбедите тоа ограничување на движењата во првите две седмици од операцијата, тогаш нема да има потенцијално негативно делување.

Тврдејќи дека тие можат да обезбедат 120 степени на ограничување на движењата на колената по успешната операција, Професорот Сабри Нарман објаснува дека предоперативниот период е важен кај протезите на колената. Во предоперативниот период, губењето на килограми кај овие пациенти, го намалува надоместокот со протезата, а со тоа и подобрувањето на животните очекувања со протезата.

Професорот Сабри Нарман тврди дека постоперативниот третман е тимска работа која сочинува хирурзи, физијатристи и физикални тераписти. Согласно Професорот Нарман, овој тим мора да работи координирано за да се ужива во придобивките од операцијата.

Др. Уфук Налбантоглу тврди дека за да ги задржиме функциите на раката, неопходно е да се започне со физикална терапија и рехабилитација веднаш после операцијата. Професорот Омер Ташер нагласува дека има забележителни напредувања во хирургијата на коленото, благодарение на артроскопските, интра-артикуларните и хируршките методи. Една друга особина на артроскопската хирургија е дека таа овозможува порано започнување со физикалната терапија.

 

 

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење