|
Брахитерапијата, едно од алтернативните лекувања на рак на простата, е базирана на принципот на положување на радиоактивни извори на внатрешноста на ткивото на простатата кое содржи ткиво на рак со спори но постојани насочувања
на мали дози
Брахитерапијата, едно од алтернативните лекувања на рак на простата, е базирана на принципот на положување на радиоактивни извори на внатрешноста на ткивото на простатата кое содржи ткиво на рак со спори но постојани насочувања на мали дози. Споредена со други терапевтски методи, брахитерапијата има повеќекратни влијанија и е особено успешна кај пациентите од кои се внимателно избрани .
Рак на простата е мошне често запазен тип на рак кај мажите на над 50 годишна возраст. Поради тоа, особено кај случаите на тие мажи кои доаѓаат од семејства во чијашто историја имало оболени од рак на простата, се препорачува да тие започнат со редовни снимања уште од 40 годишна возраст. Мажите кај чиишто семејства немало разболени од рак на простата, се препорачува да започнат со рутински снимања на рак на простата уште од 50 годишна возраст. Прегледот од статистичките податоци открива дека минатата година во САД имало повеќе од 200 илjади ново дијагностицирани случаи на рак на простата. Приближно 1 милион од случаите на биопсија на простата извршени во периодот од преку една година резултира дека приближно 20 проценти од случаите биле со рак на простата. Можно е рак на простата целосно да се излекува доколку болеста е откриена во нејзина почетна фаза. Поради фактот што оваа болест не предизвикува големи неудобности, со исклучок на отежнато мокрење, бројот на пациентите кои се јавуваат на лекар во почетната фаза на рак на простата е мошне мал.
Др. Хакан Озвери, урологот при Аџибадем Болница во Козјатаги, ја нагласува важноста од започнување на рутинските снимања за ПСА уште од 40 годишна возраст. ПСА е испитување кое го одредува степенот на специфичното антитело на простата на примерокот од крвта. ПСА се изведува кај ќелиите пронајдени во жлездите на простатата и изведени во примерок од крвна дамка. Присуството на рак или на други видови на оштетувања на структурата на жлездата го зголемуваат степенот на ПСА во крвта. Ако се воспостави дека вредноста на ПСА кај пациентот не е висок, примерокот се зема од пациентот за дијагноза на жлездата.
Да, нашата тема се проблемите кои почесто се јавуваат како што се проблемите на раката, рамото, и колената кај кои хируршките методи користени во оваа област и пост хируршките постапки за заздравување...Нашите специјалисти се специјалистот по хирургија на рака Др. Уфук Налбантоглу, Специјалилстот по физикална терпија и рехабилитација Проф. Сабри Нарман, Специјалистот по ортопедија и трауматологија Проф. Осман Гувен и Специјалистот по ортопедија , трауматологија и спорт проф.
Омер Ташер. Тие во детали ги објаснија најчесто поставуваните прашања во врска со хируршката постапка и процесите на пост хируршка терапија.
ОПЦИИ НА ЛЕКУВАЊЕ
Рак на простата има три основни методи на лекување: Операција на простатектомија, радиотерапија и брахитерапија. Најкласичниот метод на лекување на рак на простата е радикална операција на простатектомија. Сеуште со мошне распространета примена во денешно време, овој метод опфаќа ресекција и отстранување на целата простата. Органот инфектиран со рак се отстранува целосно од телото. Во радиотерапијата, пациентот е цел на надворешни снопови на зрачење. Во брахитерапијата , пациентот е подложен на внатрешни снопови на зрачење со помош на радиоактивно семе, сместено во телото на пациентот. Ниеден од овие два методи не содржи отстранување на простатата. Гледиштето на Др. Озвери е тоа дека одговорот на прашањето кој метод на лекување да се избере зависи од разни фактори како што се очекувањата на пациентот, неговата возраст, перспективата на неговата болест и перспективата на лекарот во однос на болеста. Тој вели: “ Со пациентите зборуваме за плусевите и минусите на секој терапевтски метод и доаѓаме до заеднички заклучок. Брахитерапијата е повеќе успешен третман со случаи на група на пациенти кои гиисполнуваат критериумите на погодни пациенти. Инаку, трите методи во лекувањето на рак на простата се мошне слични во однос на нивните терапевтски резултати. Кога прифаќаме пациенти кои или биле подложени на операција или примале брахитерапија и радиотерапија, ги проучуваме нивните 15 години на опстанок за да бидеме блиски едни на други.“ Одвреме навреме, се користи и хормоналната терапија во лекувањето на рак на простата. Целта на хормоналната терапија во споредба со брахитерапијата и радиотерапијата е намалувањето на простатата, додека надворешната и внатрешната примена на радиотерапијата за цел има намалување на штетата на органите во опкружување. Ова, Др. Озвери го објаснува на следниот начин: “Простатата е сместена на длабоко место, големите црева околу него, мочното ќесе малку поназад, а соседните нерви кои овозможуваат ерекција на машкиот орган се на позиција потенцијално да бидат погодени со радиотерапијата. За да ги избегнеме сите непожелни последици, проблеми со вршењето на нужда и мокрењето, диареја, крварење на пределот на мочното ќесе, на пациентот му препорачуваме хормонална терапија за период од 3 до 6 месеци. На крајот од овој период, постапуваме со брахитерапија и радиотерапија“.
Професорот Ишик Аслај, специјалистот за радиолошка онкологија при Аџибадем болницата во Козјатаги наведува дека брахитерапијата актуелно добива во популарност како најважна алтернатива во лекувањето на рак на простата. Тој методот го опишува на следниот начин: “ Брахитерапијата е метод кој може истотака да се опише и како внатрешно примање на снопови од зраци. Методот се состои во сместување на радиоактивни извори и со емитирање на спори но постојани снопови од зраци со мала доза на ткивото на простатата кое предизвикува канцерогено ткиво“. КОЈ Е ПОДОБЕН ЗА БРАХИТЕРАПИЈА?
Неподобен за сите групи на пациенти, третманот на брахитерапија има некои одредени критетиуми. Еден од критериумите е да структурата на ќелијата од одредениот критериум не биде прекумерно примитивна или кој придонесува за малигно размножување. Во брахитерапијата, претпочитаме група на пациенти чии канцерогени формации демонстрираат особини на бенигни структури на ќелии кои не се нападни и кои поспоро се размножуваат. Друг критериум е при ПСА испитувањетовредностите на крвта бидат помалку од 10 воопшто, што значи дека болеста треба да биде идентификувана во почетната фаза. Доколку големината на простатата на пациентот покажува дека тој е подобен, тој може да биде лекуван само со брахитерапија, без примена на други додатни третмани. Друг критериум е тоа да специјалистите проучуваат во детали да простатата не биде преголема, се преферира таа да биде помалку од 60 грама тежина, и тоа да пациентот нема прекумерни болки од простата. Извршените истражувања покажуваат дека општо кај групата на пациенти кои се жалат на проблеми од простата, како што се често мокрење, често мокрење во текот на ноќта, овие проблеми ја отежнуваат брахитерапијата и дури може да причинат уште една интервенција на простата. Изборот на брахитерапија би требало внимателно да се испитува кај оваа група на пациенти и не би требало премногу често да се применува. КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ?
Најголемата предност е тоа што брахитерапијата го забрзува процесот на оздравување и што пациентот не губи премногу време за да се врати на своите секојдневни активности. После постапката од 1-2 часа, пациентот се отпишува од болница на денот на операцијата или следниот ден. Поради фактот што радиоактивните извори директно се сместуваат во ткивото на простатата, процесот на на зрачење со снопови е 2-3 пати погуст во споредба со надворешната радиотерапија. Неиздржливоста е забележана кај помалку од 5 проценти од овие пациенти кај чиишто семејства не се евидентирани претходни операции на простата. Во однос на влијанието на сексуалните функции, во текот на 5 години од примената на овој вид на лекување околу 25-30 % од пациентите имаат известено сексуални нарушувања а 70-75 % дека ги немале истите нарушувања. Покрај тоа, наголемо е познато дека со помош на дополнителните лекарства, процентот на заштита би можело да се зголеми и до ниво на 85 проценти. Доколку е можно да се изведе операцијата со заштита на нервот, не би требало да има сексуални нарушувања. Како и да е, бидејќи е важно ракот да се стави под контрола, во текот на операцијата не би било можно секогаш да се заштити нервот. Др. Озвери нагласува дека во денешно време, најважниот аспект од секое препорачано лекување е влијанието на квалитетот на животот на пациентот. Во продолжение тој вели: “Доколку го излечите пациентот од рак а тој се жали на прекумерна неиздржливост од мокрење, од отсуство на сексуален живот и големо нарушување на квалитетот на животот, тогаш тоа не би можело да се квалификува како успешно лекување. Кога им ги претставуваме на нашите пациенти опциите за лекување, водиме сметка да им објасниме за потенцијалните влијанија на квалитетот нивниот живот и се обидуваме соодветно да го планираме третманот“. Согласно Др. Озвери, помладите пациенти почесто ја претпочитаат брахитерапија бидејќи имаат многу помалку странични влијанија во споредба со пациентите под 60 години со рак на простата, и нивното враќање на нормалниот живот е мошне побрзо после лекувањето. Кога некој ги зема во обѕир неговите мали негативни влијанија во квалитетот на сексуалниот живот, и минималниот ефект на неиздржливоста од мокрење, брахитерапијата се јавува како метод претпочитан од страна на пациенти под 60 години со рак на простата кои сеуште работат и водат активен начин на живот. Како и да е, бидејќи ракот во оваа група на пациенти е малку повеќе агресивен во споредба со групата на постари пациенти, секој мора да биде мошне претпазлив во вреднувањето на барањата коишто се изнесени од страна на младите пациенти во однос на брахитерапија.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА БРАХИТЕРАПИЈА?
Професорот Ишик Аслај, специјалистот по радиолошка онкологија при Аџибадем болницата во Козјатаги ја објаснува примената на брахитерапиа на следниот начин.
Како прво, се врши ректална ултрасонографија под кратка анестезија. Како резултат на тоа, добиените снимки дозволуваат вршење на дозиметриски студии за пациентот. Поинаку речено, тоа е калкулација на радиоактивните супстанции или, на друг начин, изворот на светлото, барано од пациентот во текот на целата постапка.
Овде, растојанието помеѓу двата извора, големината на простатата и активноста на изворот се земени во обѕир за одредување на нивото на изворот на светлина неопходна за примена. Ова одредување зависи од големината на простатата на пациентот.
Почетното планирање овозможува зпознавање на основните карактеристики на пациентот, што воедно значи елиминирање на неочекуваните изненадувањаво текот на постапката.
Изворите на светлина во брахитерапијата се 4,5 мм долги, 0,8 мм во дијаметар, супстанции обвиени со титаниум кои содржат радиоактивна материја. Изворите на светлина продираат преку мекото ткиво на анусот и скротумот и се сместува во простатата со помош на игли и под координатен систем. Штом еднаш иглите ќе достигнат до ткивото на простатата, ова веќе може да се посматра преку ултразвук а изворот на светлина се сместува со висок степен на точност.
Штом секоја поединечно и сите игли се сместат на право место во простатата, изворите се ослободуваат кон простатата, а иглите се повлекуваат.
Енергијата на сместените извори е мошне мала и тие постојано го зрачат местото кадешто се сместени. Изворите се постојани импланти и остануваат цел живот во телото на пациентот.
Примената на брахитерапијата е тимска работа. Во постапката вклучени се радиолошки онколози, радиолози, уролози и двајца и радиолошки хирурзи.
Др. Хакан Озвери, специјалист по урологија при Аџибадем болницата во Козјатаги вели :“Најважната супериорност на брахитерапија е тоа што таа дава повеќе успешни терапевтски резултати кај избраните пациенти и има малку несакани дејства. “
|