|
Болните од срце после поставувањето на стентот не може постојано да се грижат да живеат оптимално. Меѓутоа, мора да продолжат да внимаваат за здравјето на срцето .
Придружниот Професор Шевкет Горгулу, кардиологот при Аџибадем болницата во Коџаели го коментира следното: “Кога на пациентите им се поставува стентот, мислат дека нивното срце е целосно реновирано. Продолжуваат да пијат алкохол, да пушат и бедно да јадат. Не ги почитуваат препораките за вежби. Вистина е дека, со продолжување на безгрижниот начин на живот, болните од срце ги зголемуваат шансите за срцев напад.“
Во врска со тврдењето дека болните од кардиоваскуларни болести се во групата на оние под постојан висок ризик, Придружниот Професор Горгулу нагласува дека ризикот за тие пациенти да доживеат срцев напад, да се развие кардиоваскуларната болест, да напредува болеста, да умрат од срцев напад или од мозочен удар во текот на последните 10 години е зголемен за 20 %. Придружниот Професор Горгулу на пациентите на кои им е поставен стент препорачува да бидат претпазливи во следните случаи:
Обидете се да вредноста на шеќер во крвта биде на 100 мг/дл
Вредноста на А1Ц Хемоглобинот да биде под 7 %
Обезбедете да вредноста на лошиот колестерол (LDL) биде под 100
Направете напори да високиот притисок ви биде под 120 ммХг
Ослободете се од вишокот на килограми со помош на лекарската програма за исхрана и редовни вежби
Што е можно порано оставете го пушењето за да можете да го сочувате здравјето на крвните садови
Погрижете се да редовно правите вежби за да ги сочувате под контрола тежината, крвниот притисок и вредностите на крвта.
СТЕНТ Е ПРИОРИТЕТ ЗА ОНИЕ КОИ ИМААТ ПРЕТРПЕНО СРЦЕВ НАПАД
Наведувајќи дека балон анџиопластијата и поставувањето на стент мора да биде извршен на оние пациенти кои имаат претрпено срцев напад, Придружниот Професор Горгулу вели дека доколку овие методи се извршени во текот на нападот, тоа им го продолжува животот на овие пациенти. Инаку, треба да се испитаат болките на пациентот за да се види дали пациентот е подобен за поставување на стент или не. Одлуката за поставување на стент зависи од степенот на стеснување на срцевите крвни садови и дали тоа причинува значителен проблем или не. Значителното стеснување на срцевите крвни садови се забележливи преку стегање на градите, чувство на притисок и печење и болка на грлото и левата рака. Штом се одреди присуството на ангина пекторис, доколку има значително стеснување, ако пациентот одбива лекување со лекови и доколку болките остануваат исти и покрај примената на лекарствата, тогаш тоа е време за интервенција. Објаснувајќи дека таквите случаи бараат поставување на стент, придружниот Професор Горгулу го вели следното: “Доколку не успееме доволно да го прошириме крвниот сад со балонот, или доколку балонот предизвикува пречки на садовите, тогаш е неопходно да се примени стент после балонот. Ако крвниот сад е претесен да може стентот да помине, претходно го прошируваме со балонот, а после тоа поставуваме стент за да спречиме друго стеснување. Стеснувањето на крвните садови мора да биде над 70 %. Ако нашето мислење е дека постапката која ќе треба да ја направиме би ги намалил болките, тогаш одиме напред и ја извршуваме постапката.“
Се разбира има и случаи кадешто треба да се избегне поставувањето на стентот. Во случај ако стеснувањето на крвните садови не е значително големо, и доколку се воспостави дека тоа е случај на анџиографија, тогаш не поставуваме стент. Во врска со ова, Придружниот Професор Горгулу вели дека не поставуваат стент доколку пациентот ја одбива таа идеја. “Пациентот можеби порано поставил стент кој не му помогнал во намалувањето на болките. Меѓутоа, актуелната состојба може да бара поставување на стент. Во таквите случаи, на пациентот мора да му се објасни апсолутната неопходност на состојбата. Штом му ги објасниме ризиците и предностите , најдобро е да се остави одлуката да ја донесе самиот пациент.“ Нагласувајќи дека поставувањето на стентот не се врши на пациентите кај коишто нема значително стеснување на крвните садови , придружниот Професор Горгулу вели дека тие истотака избегнуваат да постават стент на пациентите со мошне тесни крвни садови.
|