Доколку се одлучите за абдоминопластија...
Најпогодни кандидати за абдоминопластија
Сите операции носат ризик
Планирање на операцијата
Подготвување за операција
Каде ќе се изврши операцијата?
Видови на анестезија
Операција
После операцијата
Враќање на старата состојба
Вашиот нов изглед
Доколку се одлучите за абдоминопластија…
Популарно познат како “стомачен набор“, абдоминопластијата е хируршка интервенција која вклучува отстранување на опуштената кожа и маснотиите на средниот и долниот дел од стомакот и затегнување на стомачните мускули. Оваа процедура значително го намалува нагласениот изглед на стомакот. Меѓутоа, би требало да знаете дека лузните се неотстранливи после оваа операција; во зависност од големината на подвлечениот проблем и видот на посакуваната операција за корекција на проблемот, лузната може да се протега од едно до друго бедро, приближно двапати поголема должина од лузната од царскиот рез.
Доколку се одлучите за операцијата абдоминопластија, оваа брошура ќе ве снабди со некои основни информации. Кога би можело да има подобар ефект, како се врши, и какви резултати би можеле да очекувате? Бидејќи многу одговори зависат од пациентот и хирургот, во оваа брошура може да не бидете во состојба да ги најдете сите барани одговори. Ве молиме консултирајте се со вашиот лекар.
ГОРЕ
Најпогодни кандидати за абдоминопластија
Најпогодните кандидати за абдоминопластија се оние жени и мажи со прекумерна акумулација на маснотии околу стомачниот предел споредено со остатокот од нивното тело, која не може да се реши со диета или вежби. Операцијата е корисна за оние жени кои имале една или повеќе бремености, во текот на кои стомачните мускули и кожата се затегнале..
Абдоминопластијата може да биде извршена и на постари лица за поправање на еластичноста на кожата, изгубена поради лесна дебелина. Пациентите кои имаат намера да изгубат многу килограми, би требало да ја одложат операцијата. Истотака и жените кои треба да се породат, треба да ја одложат операцијата до периодот после бременоста, бидејќи затегнатите мускули пак ќе се одвојат во текот на бременоста. Доколку сте имале претходни операции на стомакот, на пример породување со царски рез, лекарот може да не ви ја препорача оваа операција бидејќи може да има потенцијална ризик за абдоминопластијата.
Абдоминопластијата го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатот може да не одговара потполно на вашите очекувања. Разгледајте ги внимателно вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата и дискутирајте со вашиот хирург. ГОРЕ
Сите операции носат ризик
Секоја година се вршени илјадници успешни операции на абдоминопластија. Кога операцијата се врши од страна на доверлив хирург кој е добро обучен во обликување на телото, обично резултатите се позитивни. Како и да е, секогаш постои ризик од компликации. Послеоперативните компликации, како што се инфекциите, доцнење на заздравување на раните, крварење и застој на циркулацијата поради згрутчување на крвта се ретки, но може да се среќаваат (за подетални информации консултирајте се со вашиот лекар).
Инфекциите може да се лекуваат со дренажа и со антибиотици; меѓутоа, може да го продолжи вашиот престој во болница. Можете да го намалите ризикот од застој на циркулација на крвта со пешачење, веднаш штом ќе бидете во состојба после операцијата (во согласност со упатствата на вашиот лекар).
Лошата постапка на заздравување која резултира со видливи лузни може да причини втора операција. Пушачите би требало да бидат посоветувани да прекинат со пушењето, бидејќи тоа го зголемува ризикот за компликации и го одложува заздравувањето. Со стриктно придржување кон препораките на лекарот – за периодот пред и после операцијата - можете да го намалите ризикот од компликации, особено во врска со фактот кога и на кој начин да се вршат редовни физички активности.
Се врши засек веднаш над пубичниот предел за да се отстрани вишокот на кожа и маснотии од средишниот и долниот дел на стомакот. ГОРЕ
Планирање на операцијата
При вашиот прв преглед, хирургот ќе направи општа проценка на вашето здравје, ќе ја испита распределбата на наталожените маснотии на пределот на вашиот стомак и внимателно ќе го прегледа тонот на вашата кожа.
Доколку сте пушач или под лекарска или витаминска диета, известете го вашиот лекар. Бидете сигурни дека отворено сте дискутирале за вашите очекувања. Тој ќе ви објасни за ризиците и за ограничувањата на постапката. На пример, ако талозите на маснотиите се наталожени на долниот предел од стомакот, можете да побарате делумна абдоминопластија, или помалку комплицирана постапка позната како мини абдоминален набор (мини абдоминопластија).
Од друга страна, ако сакате да ги отстраните маснотиите од колкот и бедрата за добивање на уредни контури на телото, можете да се решите за делумна или целосна абдоминопластија која се изведува во комбинација со липосакшн. Липосакшн самата по себе истотака може да даде задоволувачки резултати. Во секој случај, вашиот хирург ќе ве информира за најдобро прилагодената постапка за добивање на контурите на телото кои ги сакате.
Во текот на прегледот, хирургот ќе ве извести за методата на анестезија која ќе биде користена, болницата кадешто ќе ја изведе операцијата а воедно и за трошоците. Во некои случаи, осигурувањето не ги покрива трошоците на абдоминопластија; затоа проверето го вашето осигурување за да бидете сигурни.
Кожата се одделува од стомачниот ѕид кон градниот кош во секој правец. Хирургот ги повлекува мускулите од предниот ѕид на стомакот кон средишната линија и ги пришива. На тој начин линијата од половината е намалена а абдоминалниот ѕид затегнат. Опуштената кожа на стомакот се повлекува надолу а вишокот се отстранува. Новото отварање се врши за папокот при целосната абдоминопластија. ГОРЕ
Подготвување за операција
Вашиот хирург ќе ви даде специјални упатства како да се подготвите за операцијата, за правилата на јадење и пиење, за пушењето и за отпочнувањето или прекинувањето на примање на одредени витамини или лекарства.
Доколку сте пушач, планирајте да го оставите пушењето најмалку една-две недели пред операцијата, и немојте да продолжите со пушењето најмалку две недели после операцијата. Избегнувајте премногу изложување на сонце пред операцијата; особено заштитете го стомачниот предел од сонцето. Не преминете на строга диета. И изложувањето на сонце и диетата ќе ја потиснат способноста за заздравување. Доколку настинете или добиете инфекција, операцијата ќе биде одложена. Запомнете дека ќе имате потреба од некого за да ве одвезе дома после операцијата и помош од еден или два дена при излегување на прошетка.ГОРЕ
Каде ќе се изврши операцијата?
Операциите на делумна и целосна абдоминопластија се вршат во болнички услови а пациентите се хоспитализираат за 1-2 дена. ГОРЕ
Видови на анестезија
Анестезиологот ќе ве прегледа пред операцијата; ќе ве испита и ќе ве извести за најпогодната метода за анестезија. Најповеќе саканата метода е општата анестезија со која ќе бидете успиени низ целиот тек на операцијата. Мошне ретки се случаите кадешто мини-абдоминопластијата може да се изврши под локална анестезија заедно со седативи. Ќе бидете будни но опуштени и без чувство на болка на пределот на стомакот. Меѓутоа, со ваков вид на анестезија, ќе можете да чувствувате некое мало вознемирување како што е влечење. ГОРЕ
Операција
Во зависност од големината на планираната операција, абдоминопластијата може да трае 2-4 часа. Мини абдоминопластијата трае 1-2 часа.
Во операцијата на стомачниот набор, хирургот врши засек веднаш над пубичниот предел и тоа од едната коска на колкот до другата. Вториот засек се врши за да го одвои папокот од околните ткива. Засекот е пократок кај делумната абдоминопластија и положбата на стомакот не се менува.
Во абдоминопластијата, хирургот ја одвојува кожата од стомачниот ѕид кон градниот кош во секој правец и подига голем дел од кожата за да ги направи видливи стомачните мускули. Стомачните мускули се донесуваат заедно поблизу до средината и се шијат на нивната нова положба и се затегнуваат. Оваа постапка го затегнува стомачниот ѕид и ја намалува половината. После тоа, кожата се влече надолу и се отстранува вишокот на кожа. Се формира нова папочна дупка а папокот се шие на својата нова положба. На крајот, засеците се шијат а пациентот привремено се интубира за да се спречи можно акумулирање на течност на местото на операцијата.
Кај мини абдоминопластијата, се одвојува само кожата помеѓу линијата на засекот и папокот. Кожата се затегнува надолу, вишокот на кожа се отстранува а останатата кожа повторно се пришива.ГОРЕ
После операцијата
Во првите неколку дена, ќе ви се чини дека вашиот стомак се надува и ќе чувствувате болка и нелагодност, што може да се контролира со лекарства. Во зависност од големината на операцијата, може да се отпуштите од болница за 1-2 дена.
Вашиот лекар ќе ве посоветува на кој начин да се бањате и да ги смените завоите. Иако на почетокот ќе ви биде тешко да стоите исправено, сепак ќе треба да почнете да одите што е можно побргу.
Кожните конци ќе треба да се отстранат во текот на 5-7 дена, а некои конци сами ќе исчезнат. На местото на засекот може да се облече облека за поддржување наместо завои.ГОРЕ
Враќање на старата состојба
Ќе треба да помине време додека повторно се чувствувате добро. Физичките вежби кои ги зајакнуваат мускулите ќе помогнат да што побргу заздравите од абдоминопластија (консултирајте се со лекарот за подетални информации). Додека некои луѓе се враќаат на работа во текот на втората недела, некои пак ќе бидат во состојба да се вратат во текот на третата или четвртата недела..
Вежбите ќе помогнат да заздравите побрзо. Дури и оние кои никогаш порано не вежбале, ќе треба да започнат за да го намалат потечувањето и згрутчувањето на крвта, а и да ги зајакнат мускулите.
Како и да е, треба да ги избегнете напорните вежби сè додека не се почувствувате подобро. Како што вашите белези на кожата ќе заздрават, може да ви се причини дека се влошуваат во текот на три-шест месеци; тоа е очекувано. Ќе трае од девет месеци до една година за да вашите лузни заздрават и венеат. Дури и оние кои нема никогаш целосно да изчезнат, лузните на вашиот стомак нема да бидат видливи со повеќето облека, па дури и со бикини. ГОРЕ
Вашиот нов изглед
Во зависност од тоа дали е делумна или целосна, абдоминопластијата дава одлични резултати кај пациентите со слаби стомачни мускули и опуштена кожа. Со обезбедувањето на урамнотежена диета и програма на редовни вежби, резултатите се долготрајни..
После операцијата, стомакот на пациентот е рамен и затегнат. Лузните се трајни, но со време ќе венеат.
Доколку патите од стомачни деформитети, абдоминопластијата може да е одговорот кој го барате.
За подобро здравје..... ГОРЕ |