Во врска со Аџибадем
Здружени покривања
Годишен извештај
Меѓународни соработки
Во врска со Аџибадем
Аџибадем Група за здравствена заштита, водечката здравствена установа во Турција, уште од 1991 година обезбедува опфатни здравствени услуги со најнапредна медицинска технологија. Аџибадем делува со приближно 6000 вработени од кои 1000 се лекари од разни локации распоредени во мрежата од 6 болници, 5 клиники за надворешни пациенти, 1 офталмолошки центар, медицински центри и лаборатории. Тоа е меѓународно акредитирана група за здравствена заштита, лоцирана во централните региони на Турција, воглавно во убавиот град Истанбул. Аџибадем, со тековните инвестиции и со постојаното ширење на ланецот за здравствена заштита, ја достигна бројката од вкупно 36 операциони сали и капацитет од 717 легла на вкупна површина од 105.000 квадратни метри. Ширејќи се убрзано, во блиската иднина, на Групата ќе бидат придодадени уште 7 болници.
Стандарди на квалитет
Аџибадем е првата институција во Турција која ја има добиено акредитацијата Joint Commission International (JCI) како група која е претставена во својство на пример за квалитет во здравствената заштита. Од неговите болници, до поликлиниките, сите институции на Аџибадем Група за здравствена заштита се квалификувани за добивање на акредитација JCI која симболизира квалитет во здравствената заштита.
Аџибадем е член на ЕFQM (European Foundation for Quality Management) уште од 2002 година, како единствен Турски обезбедувач на здравствени услуги. Аџибадем болницата, како и единицата Лабораторија и Центарот за стерилизација се акредитирани со ISO 9001:2000. Аџибадем Лабмед (услуги на нашата централна лабораторија) имаат добиено “ISO 15189“ сертификат за квалитет, кој е највисокиот сертификат за акредитација во светот за лабораториски услуги.
Акредитацијата обезбедува видлива посветеност во организирањето за подобрување на квалитетот во здравствената заштита, во обезбедувањето на безбедна средина и во постојано работење за намалување на ризиците за пациентите и за персоналот.
Благодарение на комитетите и на бордовите на Аџибадем, воспоставен е внатрешно аудитивен механизам; и преку внатре компаниските обуки, постигнати се континуитет и перфекција во квалитетот.
Меѓународни здружувања
Соработка со Харвард Медикал Интернејшенал
Аџибадем е здружен со Харвард Медикал Интернејшенал уште од 2003 година, кој е светски позната институција во однос на лекарската обука и услуги што овозможува споделување на сознанијата и технологијата како и подобрување на обуката и тренинзите на професионалниот персонал. Преку оваа соработка и споделување на технологија, пациентите може да добијат нега по ист тек во Турција, а притоа да немаат потреба да ја напуштат земјата.
Институцијата Харвард Медикал е основана во 1994 година, со цел да ги задоволи барањата на меѓународните партнерства од Харвард Медицинска школа. Харвард Медикал Интернејшенал ги користи акумулираните сознанија од 8.000 членови на факултети, 17 болници и институции за обука на Харвард Медицинска школа. Харвард Медикал Интернејшенал носи иновации и промени во сознанијата и има дијапазон на извори за здравствена заштита во глобалната средина.
Јавна понуда
Аџибадем изврши јавна понуда на своите акции во 2000 година и со нивното искуство, е посветен на нови инвестиции за да ги зголеми своите капацитети. Денеска, Аџибадем е единствената институција за здравствена заштита чии акции се тргуваат на берзата во Истанбул (ИМКБ).
Нови инвестиции
Со брзиот напредок, на Групата во блиската иднина ќе бидат придодадени уште 7 нови болници.
- Аџибадем Болница во Маслак
- Аџибадем Болница во Бешикташ (Фулја)
- Аџибадем Болница во Бодрум
- Аџибадем Болница во Ескишехир
- Аџибадем Болница во Кајсери
- Аџибадем Болница во Адана
- Аџибадем Болница во Аташехир
Напредна технологија и мрежа на системи за информација
Со осигурувањето на лидерството во областа на новите сознанија и постапките по медицински науки и во чекор следејќи ги последните достигања по медицинска технологија, Аџибадем го задржува ефективниот систем за комуникација внатре во својата мрежа преку “Системот за комуникација на болничките информации“ кадешто се чуваат сите медицински податоци за пациентот. Аџибадем користи Напреден визуален систем за трансфер во и меѓу болниците.
Центар за генетичка дијагноза
Центарот за генетичка дијагноза, којшто нуди генетички услуги на најкоординиран начин, делувајќи со пионерските мисии и во чекор следејќи ги последните научни истражувања, поседува модерна опрема, во светот позната како “златен стандард“, заедно со професионалниот персонал и Ноу Хау.
Активности
Следејќи ги во чекор последниот напредок и истражувањата и делувајќи со полна одговорност, Аџибадем неделно и месечно организира научни семинари и конференции со учество на предавачи од компанијата и гостински предавачи.
Во Аџибадем Група за здравствена заштита се реализираат безбројни активности за здравствена заштита; од предавања за здравствени снимки до подготовки за отпуштање; од предавања за прва помош до програми за вежби за дијабетичари; од ток шоу за здравствена заштита до живот без пушење, од доење до нега на бебиња, вежби за срцеви болни со програми пред и после операција.
Аџибадем Фондација за обука и здравствена заштита
Аџибадем Група за здравствена заштита направи голем чекор напред во однос на Обуката за здравствена заштита; неодамна од Министерството за образование беше одобрено да го отвори својот Академски универзитет кој ќе биде првиот во Турција, основан од страна на една Група за здравствена заштита. Тоа веќе функционира и е познат како Аџибадем Фондација за обука и здравствена заштита.
Aџибадем Група за здравствена заштита со својата перфекција во медицинските услуги, со одлучноста за пружање на задоволство на пациентите и на посетителите, со персоналот од висок квалитет, модерната инфраструктура, најнапредната технологија и пионерските постапки; стана модел како во Турција така и во целиот регион и еден од центрите за препорака за академските институции за здравствена заштита во светот.
|