|
Единиците кардиологија при Аџибадем Група за здравствена заштита ги овозможуваат сите видови услуги како што се испитувања на срце, итни случаи, интервенции, дијагнози, рехабилитација и коронарна интензивна нега.
Бидејќи областа на кардиологија е динамична и напредува во дијагностицирањето, постојано се воведуваат нови начини на вршење на снимки, терапевтика и интервенција.
Во одделението за кардиологија постојат:
- Центар за болки во градите
- Справување со срцевите опасности
- Катетеризација за возрасни и деца
- Интервентни срцеви постапки & ASD Device Closure
- Детска и фетална ехокардиографија
- Нуклеарна кардиологија
- Програма за третман на аритмијата и електрофизиологија
1-
КАРДИОЛОГИЈА ЗА ВОЗРАСНИ
Единиците за кардиологија при Аџибадем Група за здравствена заштита служат во областа на дијагнозирање, испитување, интервенција, рехабилитација и коронарна интензивна нега.
Болеста на коронарните артерии е единствената најголема причина за смртност и болезливост меѓу сите болести. Зголемувањето на процентот на седење во начинот на живот, менувањето на навиките за јадење, зголемувањето на стресот и културата за натпреварувачка работа само ја имаат зголемено опасноста за болеста на коронарна артерија.
Кој е во опасност?
Пациентите со тешка семејна историја, тешки пушачи, дијабетичари, пациенти со висок крвен притисок, пациенти со прекумерна дебелина, високи вредности на колестерол и триглицериди во крвта, луѓе со висок стрес и работни места со висока напнатост, алкохоличари и т.н.
Предностите на 2 х 64 КТ (Компјутерска томографија)
•
Со 2 х 64 КТ напредна технологија, можно е да се дијагнозира во рок од неколку секунди.
•
Тоа е револуција во анџиографијата, поради нејзината безболна техника и техника без капка крв.
•
Тоа е лесна техника за снимање на срцето, која овозможува висока удобност на пациентот.
•
Анџио може да се врши во рок од 10 секунди само со ињектирање на рака.
•
Овозможува прилика за јасно снимање при секој вид на ритам на срцето.
•
Анџио истотака е и ефективно средство за брзо дијагнозирање, лекување на онколошки болести, ургенција и амбулантски услуги.
2-
ДЕТСКА КАРДИОЛОГИЈА
Одделението за детска кардиологија при Аџибадем Група за здравствена заштита е центар за препорака за децата кои имаат болести на срце и кои носат голем ризик.
Како активности на одделението може да се наведат следните:
Фетална кардиологија (дијагноза, следење и лекување на бебето во текот на бременоста)
Детска кардиологија (од новороденчиња до 18 годишни деца)
Возрасни од секоја група на возраст коишто имаат вродени срцеви мани
Болни детски интервенции
|