|
Одделението за хирургија на срце ја има програмата за целосни услуги за корекција на оштетувањата на срце. Ова одделение нуди широк дијапазон на услуги на операции на срце, и тоа корекции на вродени дефекти на срцето на бебињата и на децата до други комплексни постапки со голем ризик за возрасни пациенти. Кардиохирурзите вршат коронарни артериски бајпас графтинг (ЦАБГ), корекции на срцевите капаци или постапки на поместувања и торакални аневризми.
Кардиоваскуларните хирурзи при Аџибадем Група за заштита на здравјето, во поново време на операции на срце се ангажирани да ги утврдат значајните придобивки воведувајќи протокол на “Fast Track Recovery” (брзо закрепнување) во кардиохирургијата. Со развојот на протоколот за брзо закрепнување, хирурзите на Аџибадем – Група за здравствена заштита можат да постигнат резултати кои се сигурни, прецизни и репродуктивни; но со значајни користи за пациентите во однос на намалување на постоперативната болка, времето за закрепнување, користење на крв и она што е најважно, намалување на смртноста и болезливоста.
Еве неколку постапки во Одделението за кардиовасклуларна хирургија:
- Операција на срце на новородени & деца
- ТГА хирургија & Поместување на артерии
- Росс постапка
- Вонсрцеви доводи
- Фонтан постапка
- Поместување на коренот од аортата
- Минимално инвазивна операција и операција на срце со користење на видео
- Радиофраквентно отстранување и Мазе постапка
- ЦAБГ со артериски доводи & и операција на капаците
- Срцеви повторни операции
- Поместување на ендоваскуларниот стент
- Периферна васкуларна хирургија
- Операција на вени
Секоја година преку 1500 пациенти доаѓаат во Аџибадем за операции на отворено-срце. “Протоколот за забрзано закрепнување“ (АРП) за првпат се изведува во Турција во единиците за интензивна нега на кардиоваскуларна хирургија . АРП е низа на постапки која за цел има да го намали времето на зависност од машината за вештачко дишење во единицата за интензивна нега.
Постојаност во квалитетот е една од нашите главни цели и користиме метода на одредување на ризикот, што општо се користи насекаде во светот. За таа цел, уште еднаш за првпат во Турција ЕуроСцоре системот за одредување на ризикот е користен во нашето одделение. Согласно ова, пронајден е точниот процент на смртност 0,001, додека очекуваниот процент согласно пред-оперативниот ризик беше 0,033.
|