Во врска со …
Како Хемотерапијата ги уништува клетките од ракот?
Како се врши Хемотерапија?
Тимот за лекување
Што да се јаде во текот на Хемотерапијата?
Третмани за поддржување во текот на Хемотерапијата
Можни несакани ефекти за време на Хемотерапијата
Замор
Мачнина и губење на апетитот
Висока температура
Опаѓање на косата
Мали чиреви во уста
Хемороиди
Дијареа (пролив)
Крварење
Други несакани ефекти
Случаи кои приморуваат итен контакт со Тимот за онкологија
Во врска со ...
Хемотерапијата во општ смисол на зборот е третман со лекарства кој се користи за уништување на клетките од ракот. Горе
Како Хемотерапијата ги уништува клетките од ракот?
Клетките од ракот се клетки изведени од здравите клетки, меѓутоа нивните структури подлегнуваат на некои измени на начин на кој доаѓа до нарушување на односот на примање на упатствата од телото. Во обидот да се уништат клетките од ракот, лекарствата за хемотерапија ги користат разните особини на овие клетки и за цел имаат да ја минимизираат штетата која ја имаат претпрпено здравите клетки. Во повеќето случаи, тоа се врши заедно со различни хемотераписки лекарства кои симултано го напаѓаат ракот од повеќе страни.Горе
Како се врши Хемотерапија?
Во повеќето случаи, хемотераписките лекарства како што е серумот, се примаат преку вените. После лекувањето, ви се овозможува одмор од неколку недели а потоа пак се повторува постапката во редовни временски периоди по однапред одреден редослед. Повеќето пациенти нема потреба да бидат хоспитализирани во текот на примањето на хемотерапијата, туку остануваат само неколку часа во болница. Можете да ги вршите вашите секојдневни активности со сосема мали измени. Во текот на хемотерапијата, ќе ви се направат анализи на крвта пред секој третман и будно ќе бидете следени од вашиот лекар и сестра.Горе
Тимот за лекување
Тимот за лекување е составен од вашиот специјалист (онколог), специјализираната медицинска сестра по онкологија и вие самите. Запомнете дека најважниот член од тимот сте вие и потрудете се да преземете активна улога во третманот. Не се двоумете да ги поставувате прашањата за вашата болест и да ги споделите проблемите со вашиот лекар и медицинската сестра. Онкологот и сестрата обучена по онкологија се спремни да го направат најдоброто што е во нивни раце за да ви го олеснат процесот и да ви дадат социјална и психолошка поддршка како вам, така и на вашето семејство. Имајте ги секогаш при вас броевите на телефони од вашиот онколог и сестрата. При итни случаи, можете секогаш да им се јавите на нивните мобилни телефони било преку викендот или во текот на ноќта. Онколошкиот тим знае за тежината на поддршката од семејството на која му придавате големо значење. Поради тоа, потрудете се да секогаш имате покрај себе некого од членовите од семејството кога доаѓате на преглед кај онкологот или медицинската сестра. Споделувањето на маката со нив ќе направи да се чувствувате подобро а впрочем не е ли точно дека да се има две уши е подобро отколку да се има едно?горе
Што да се јаде во текот на Хемотерапијата?
Избегнувајте масна, зачинета или јадења со јаки мириси како што се, кромидот и лукот. Доколку и покрај тоа сакате да јадете, избегнувајте сиров зеленчук, овошја или салата. Дури и дома, конзумирајте јадења кои претходно темелно ќе ги измиете. Ви препорачуваме да ги излупите овошјата пред да ги јадете. Суштински е да внесувате протеини за да вашето тело биде во состојба да го поправи самото себе. Како извори за протеини, во прв ред се става рибата, па кокошката и на последен ред црвеното месо. Како и да е, поради фактот што внесувањето на протеините е важно, ако не поднесувате риба или кокошка немојте да го избегнувате црвеното месо. Следете балансирана диета. Големи количини на зеленчук и овошје се важни за редовна столица а и витаминската поддршка. Доколку имате некои прашања во врска со ова, консултирајте се со диететичарот за вашите потреби за витамини. Како и да е, ви препорачуваме да избегнувате високи дози на Витамин Е и Витамин Ц. Горе
Третмани за поддржување во текот на Хемотерапијата
Лута коприва, `рскавица од ајкула, сок од кактус и дури и крв од желка може да се сметаат меѓу алтернативните лекувања коишто се користат од страна на пациентите оболени од рак. Некои од прашањата во врска со алтернативното лекување може да бидат следните:
- Студии кои објективно ги одредуваат ефектите од алтернативни лекувања на ракот и ги споредуваат со научно докажаните стандардни третмани се речиси непостоечки.
- Исто како и лекарствата, алтернативните третмани имаат свои негативни влијанија и ги зголемуваат негативните влијанија на лекарствата на хемотерапијата коишто истовремено се примаат. Она што е најлошо, е тоа што мошне малку се знае за интеракцијата помеѓу лекарствата за хемотерапија и производите користени како алтернативни третмани.
- Не се сите работи безбедни. На пример, дали знаевте дека чајот од камилица, доколку прекумерно се користи, може да предизвика спонтани абортуси?
- Доколку се користи заедно со алтернативни третмани, ефектот на хемотерапијата се намалува.
- Поради сите овие причини, доколку се обидете да користите алтернативни методи заедно со хемотерапијата, за ова би требало да се консултирате со тимот за онкологија. Откако му дозволите да ви ги објасни сите ризици кои ги содржи алтернативното лекување, лекарот ќе ви остави вам да решите дали ќе користите алтернативно лекување или не. Горе
Можни несакани ефекти за време на Хемотерапијата
За лекување на разни рак заболувања се користат разни лекарства. Повеќето, врз основа на личните особини, разни лекарства може да се користат за истиот вид на рак но кај различни пациенти. Поради тоа, несаканите ефекти варираат. Тимот за онкологија ќе ве обезбеди со точна информација во врска со несаканите ефекти на терапијата која ја примате. Овде, ние ќе ви дадеме информации за најчесто појавуваните несакани ефекти. Горе
Замор
Може да се случи да се чувствувате повеќе заморни првата недела после хемотерапијата. Тоа е очекувано. Запомнете дека одморот е како вид на лекарство за да телото биде во состојба да се поправи самото себе и да се справи со заморот. Доколку сметате да го направите тоа, станете покасно од вообичаеното, обидете се малку да заспиете попладне, повремено да имате по некоја пауза додека сте во тек на работење и научете да го слушате вашето тело. Откако доволно сте се одмориле, не избегнувајте мали активности. Можете редовно да пешачите без да се замарате. Активната физичка состојба ќе направи да се чувствувате подобро. Сметајте дека сте спортист кој се подготвува да добие мошне важен натпревар. Водете урамнотежен живот. Горе
Мачнина и губење на апетитот
Некои хемотераписки лекарства може да причинат губење на апетитот и мачнина во денот на примање на хемотерапијата или неколку дена подоцна. Тоа е очекувано. Покрај тоа, чувството за вкус може да се смени или јадењата нема да имаат вкус како порано. Понекогаш, оваа состојба може да потрае низ целиот тек на хемотерапијата. Не грижете се; сè ќе се врати на нормалното штом се заврши лекувањето.
Некои едноставни мерки ќе ви помогнат во текот на периодот на лекување:
- Немојте да доаѓате на гладен стомак на хемотерапија, ниту на прекумерно полн.
- Избегнувајте зачинети и масни јадења.
- Доколку имате мачнина во текот на деновите после хемотерапијата, продолжете со полесни јадења. Не грижете се од помалку јадење од нормалното во текот на неколку дена; подоцна ќе го надоместите тоа.
- Доколку вашиот лекар ве предупреди за мачнината, немојте да претерувате со тешки јадења првите неколку денови иако се чувствувате многу добро.
- Избегнувајте ги вашите најсакани јадења во текот на првите денови после третманот. Доколку јадете додека имате мачнина, дури и вашите најсакани јадења ќе имаат непријатен вкус.
- Немојте да се борите со “мачнината“. Веднаш при првиот занк од мачнина почнете да примате лекарства дури и ако не се чувствувате толку лошо во тој момент. Многу е полесно да се заштитите од мачнината при почетокот отколку подоцна. Горе
Висока температура
Повеќето лекарства за хемотерапија привремено го намалуваат бројот на крвните клетки одговорни за заштита од микробите. Кога бројот на леукоцитите се намалува, може да ослаби вашиот одбрамбен механизам против микробите. Доколку примате лекарства од оваа група, вашиот лекар ќе ве предупреди за тоа. Поради тоа што смртните случаи од хемотерапијата обично потекнуваат од непочитувањето на овие предупредувања, за вас од големо значење е да се грижите за следното:
- Да имате погоден термометар дома за да ја мерите температурата кога и да чувствувате студ или тресење, жешко или пак ког и да се чувствувате лошо.
- Доколку вашата температура е 38 степени или над тоа, јавете му се на лекарот. И во случај да се чувствувате добро, или пак биде полноќ или рано наутро, дефинитивно јавете му се на лекарот. Поради тоа што бројот на вашите одбрамбени клетки е намален, болеста може да напредува побрзо колку што вие можете да очекувате, па затоа раната интервенција со венски антибиотици може да биде од животна важност. Високата температура во текот на хемотерапијата не е често појавуван случај. Дури и ако имате висока температура, тоа не мора да значи дека ќе се развие сериозна болест; меѓутоа, поради тоа што нема начин тоа посебно да се каже однапред, не можете да ја игнорирате високата температура.
- Во текот на лекувањето, без претходно да се консултирате со лекарот не користете лекови против болки, бидејќи тие може да ви ја намалат температурата. Бидејќи воглавно високата температура е знак за предупредување на напредување на болеста, лековите против високата температура може да ги маскираат предупредувачките знаци. Тие лекови се миносет, парол, аспирин, апранакс или волтарен. Бидејќи во списокот може да се наредат уште многу лекови, најдобро би било да не се земаат таквите лекови без претходна консултација со лекар.
- Во текот на месеците додека трае хемотерапијата, бидете далеку од луѓето за коишто знаете дека се болни. На пример, ако вашиот сопружник е бол/ен/на, одделете ги вашите кревети сè додека тој/таа не оздрави. Малите деца во градинките и училиштата може да бидат носители на разни болести. Поради тоа, избегнувајте блиски контакти со нив, како што се бакнување или носење во прегратка. Истотака, заборавете ја вашата навика на бакнување на луѓе кои доаѓаат да ве посетуваат.
- Најдобар начин да се преземе болеста е со рацете да се чисти околниот дел од устата, носот или очите веднаш откако ќе ги допрете рачките од вратите. Избегнете го тоа и не заборавете да ги миете рацете пред јадење.
- Сè додека вашиот лекар не го побара тоа од вас, нема потреба да се изолирате од надворешниот свет ниту да носите маска. Меѓутоа, мора да избегнувате места кадешто има гужва, како што се возилата за јавен превоз.
- • Вакцинацијата на мали деца во куќата нема да ви претставува проблем. Меѓутоа, орално земената вакцинација за полио ќе ве примора да во текот на 1 месец не бидете заедно во иста просторија со детето.Горе
Опаѓање на косата
Секоја Хемотерапија не го причинува опаѓањето на косата. Доколку е очекувано, вашиот лекар ќе ви го пренесе тоа. Во зависност од хемотерапијата, опаѓањето на косата започнува после третата недела од лекувањето но, месец дена после довршувањето на лекувањето пак почнува да расте, и тоа појака и погуста коса.
Потшишајте ја многу кратко косата, или пак, доколку е многу важно за вас, преземете козметички мерки како што е ставање на перика за подигање на вашиот морал. Мошне повеќе ќе биде деморализирачки за некои пациенти да чекаат и гледаат како полека им опаѓа косата. Доколку сте се одлучиле да носите перика, а посебно ако таа личи на вашата природна коса, тоа ќе ви помогне да се чувствувате природно и да ви е удобно. Истотака, ние би ви препорачале да носите ракавици и беретка уште од почетокот на лекувањето. Има распродажба и места за информациии во Аџибадем Болницата во Козјатаги за да ги задоволи сите козметички потреби на пациентите оболени од рак.
Дури и ако не ви се случи да ви опаѓа косата, користете шампони за појачување на косата; бидете претпазливи при сушење на косата и користете чешли со широки запци или меки четки. Избегнувајте бои за косата, спрејови, гелови и слични производи; не користете апарати за сушење на косата.Горе
Мали чиреви во уста
Вашиот лекар ќе ве предупреди за ова доколку утврди дека вашите лекови имаат несакани влијанија. Најдобриот начин за заштитување или минимизирање на (во зависност од третманот) формирањето на мали чиреви е миење на устата со сода бикарбонат после секој оброк. Во една чаша полна со вода помешајте една лажица за чај сода бикарбонат и измијте ја устата околу 30 секунди. Истотака, користете мека четка за заби и откажете се од користење на забни конци во текот на лекувањето доколку сте склони тоа да го правите. Избегнете тешки и жешки јадења сè додека вашата уста е особено чувствителна. Горе
Хемороиди
Доколку претходно сте пателе од хемороиди, хемотерапијата може да ги влоши вашите болки во тој предел. Подобро е тие навремено да се спречат отколку да се чека уште повеќе да се влошат па дури тогаш да се лекува. Редовно вршење на нуждата е од суштинско значење. Понекогаш, некои лекови може да причинат запек. Доколку дојде до тоа, консултирајте се со лекарот за лекарствата што ќе ви го олеснат вршењето на нужда. Повеќе зеленчук, како што е сувиот грав, грашокот што можат да помогнат при овој вид на проблем. Овошјата како што се праските и јаболката истотака ја олеснуваат столицата. Горе
Дијареа (пролив)
Некои лекарства во текот на хемотерапијата може да причинат дијареа. Вашиот лекар навремено ќе ве предупреди за тоа. Понекогаш, би било подобро да се користат превентивни лекарства во некои случаи, а во други случаи пак, тоа не би било добра идеја. Поради тоа, не користете лекарства без претходна консултација со лекарот. Во текот на дијареата, од суштинско значење е изгубената течност да се надоместува орално со конзумирање на големи количини на течности. Доколку се работи за тешка дијареа, на пример ако дијареата ве тера 6-7 пати дневно во ВЦ и ако вршите нужда во големи количини, а поради мачнината не можете да конзумирата течности во доволни количини, вашето тело може да биде дехидрирано. Во овој случај, итно морате да го известите лекарот. Горе
Крварење
- Неуспех во допрењето на крварењето при исекотини,
- Крварење на непцата при миење на заби ,
- Појавување на модрици во повеќе делови од телото без претходно да се биде удрен од нешто или да се биде боцнат со игла. ,
-
Мека столица со мошне темна, црна боја тар,
- Повраќање кое личи на талог од кафе.
Горе
Други несакани ефекти
Во зависност од видот на лекарството кое се прима, може да се развие неосетливост на рацете и нозете, преосетливост на сонце, сушење на кожата, чувство на печење на очите, и многу други несакани ефекти. За подетални информации во врска со несаканите ефекти на лекарствата кои ги примате, можете да се информирате во разни извори подготвени за лекарствата за хемотерапија, меѓу кои извори е и интернет страницата. Доколку доживеете несакан ефект којшто овде не е спомнат или е неочекуван, најдобро ќе биде без одлагање да се консултирате со вашиот лекар. Во повеќето случаи, соочување со проблемот додека е сеуште е мал, може да помогне да се спречи истиот да прерасне во сериозен проблем. Горе
Случаи кои приморуваат итен контакт со Тимот за онкологија
- Температура над 38 степени,
- Крварење на било кој дел од телото:
- Ново крварење на носот
- Модрици на кожата
- Крв во урината
- Обилно крварење на непцата од забите
- Неменструално вагинално крварење
- Столица со црвена крв или во боја на катран
- Повраќање кое личи на талог од кафе или повраќање со црвена крв
- Обилно крварење при кашлање.
- Болка и црвенило формирано околу вената преку која се дава хемотерапијата ,
- Стегање – како болка на градите која се шири преку раката, особено во случаи на постари пациенти ,
- Запек и гасови кои траат повеќе од 3 дена ,
- Појавување на мали чиреви во устата и тешкотии при голтање коишто сметаат особено при конзумирањето на јадења и пијалоци.
- Лупење на кожата од телото ,
- Ненадејна непријатна неосетливост, проблеми со двоен вид, пречки во движењето, губење на свеста.
За подобро здравје... Горе
|