|
CyberKnife Оперативен Робот Систем
Мал знак на надеж за сите пациенти кои патат од тумори што не одговараат на конвенционалната радиотерапија, што бараат сложени операции или што не се погодни за операција.
Cyberknife системот е безбеден за користење при лекувањето на многу ретки видови рак кои не одговараат на конвенционалната радиотерапија и болести коишто се појавуваат кај тие предели кои претходно биле лекувани со радиотерапија.
Направата Cyberknife е развиен линеарен акцелератор поставен на роботи коишто се користат во индустрискиот сектор. Cyberknife е производ на новата технологија којшто фокално се користи за зрачење, ослободувајќи високи дози при третманот на канцерогените предели на рак на мозокот и на човечкото тело, а при тоа обезбедувајќи максимална заштита на нормалните и здравите ткива.
Со Cyberknife системот е компјутерски контролирана робот технологија којашто кружи околу пациентот, како да танцува и го комплетира лекувањето со зрачење на пациентите од стотици различни агли. Нејзината прецизност на зрачење на целниот предел е околу 0,95 мм.
Кога лекувањето треба да се изврши во тек од повеќе од една сесија, тоа се нарекува “Стереотактична радиотерапија“; доколку се применува во еден единствен пат, тогаш тоа се нарекува “Стереотактична радиотерапија“.
Во примените на Cyberknife, целта се одредува со напредни дијагностички методи. Најголемата предност на овој метод е способноста да може да се забележуваат движењата на пациентот и на неговите органи во текот на зрачењето и тоа зрачење соодветно да се изведува.
Cyberknife направата е рутински опремена со капацитетот на „Радиотерапија со водечки снимки“, метод којшто е развиен во последните години со цел да се обезбедат снимки во текот на лекувањето. Кај туморите на органи коишто се придвижуваат во текот на дишењето, како што се (особено црниот дроб и белите дробови), тоа претставува единствена направа којашто може активно да ги прикажува движењата при дишењето и што може истовремено да обезбеди и лекување.
Кај избраните пациенти, Cyberknife се користи кај туморите на црниот дроб, рак на простата, рак на главата и вратот, рак на `рбетот, панкреасот и кај помал број на метастази на човечкото тело.
Направата Cyberknife којашто се наоѓа во Болницата Маслак е понадмоќен од другите направи во земјата, бидејќи е опремена со ирис колиматорот и со специјален луксузен кревет за лекување.
Во текот на овие нови методи, се зголемува удобноста на лекување а истовремено се намалува и времето на лекување.
|