Стоматологија

  Стоматологија
  Здравствени Пакети
 
 

Клиниката за болести на уста и заби при Аџибадем Група за здравствена заштита, со својот тим на специјалисти и модерните комплекси им е на располагање на своите пациенти 365 дена во годината.

КОИ УСЛУГИ СЕ НУДАТ ВО ЕДИНИЦАТА ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАБИ?

1) ИМПЛАНТИ
Материјалите се подготвувани со разни техники, за да естетски и функционално ги коригира барањата на поединците, кои се јавиле како последица на губење на заб или кои имаат естетски нелагодности.

2) ЕСТЕТСКИ АПЛИКАЦИИ
Во денешно време естетската примена стана неопходност во нашиот професионален и личен живот. Естетското забарство доби психолошки и социјален значај бидејќи може да понуди прилагодливи и брзи решенија. Заедно со тоа, естетските примени добиваат во популарност во практиката на забарството.

3) РАДИОЛОГИЈА

4) ЛЕЧЕЊЕ НА ЗАБИ И ОРТОДОНЦИЈА
Лекување на коренот-каналот и пломбирање на забите се основни примени во опстанувањето на забот. Болка, отечување и инфекција се основните причини за лечење на коренот-каналот од забот. Во нашите клиники, за пломбирање и за лечење на каналот и коренот од забот се користат најновите технологии и материјали со највисок квалитет. Х-зраци со компјутер и други високо технолошки инструменти го утврдуваат процентот на успех на овие лечења. Сите примени се вршат од страна на искусни специјалисти. До денес, задоволени се барањата на пациентите за безболен, угоден и естетски третман.

5) ПЕРИОДОНТОЛОГИЈА
Периодонталната болест (непце) е сериозна инфекција на ткивата, кои ги опкружуваат и поддржуваат забите и кои можат да предизвикаат губење на забот доколку не биде лекуван. Во раната фаза на периодонталната болест наречена гингивитис, непцата можат да станат црвени, ќе отечат и лесно ќе крвават. Во натамошните фази на болеста на непцата, наречени периодонтитис, непцата и коските кои ги штитат забите може да бидат сериозно оштетени. Забите може да отпаднат или да се олабават или да мора да бидат извадени од забар. Гингивитис и периодонтитис може успешно да се лекуваат.

6) ОРТОДОНЦИЈА
Ортодонтските проблеми се неправилности на забите и вилиците што влијаат систематски и психолошки. Во нашите клиники, ние ги решаваме овие ортодонтски проблеми и овозможуваме подобра насмевка. Користиме нови козметички материјали за естетски ортодонтски лекувања така да апаратите се безмалку невидливи. Тоа е причината поради која возрасните пациенти се заинтересирани за ортодонцијата на нашите клиники. Една од ортодонстските техники е ОТХОЦЛЕАР. Со оваа техника, пациентот користи чисто пластичен апарат наместо жици. Обично, пациентот или пациентката може самиот/самата да го изведе третманот со плочките за подесување.

7) ПЕДОДОНЦИЈА
Ова одделение им е на располагање на пациентите од 3-12 годишна возраст и обезбедува обука и примарна хигиена и нега на устата така да на идните генерации им ја зголеми свеста во однос на здравјето на устата и на забите. Оваа единица врши студии за заштита од кариес и ортодонтски недоследности. За хиперактивните и пациентите кои не се желни за соработка , пожелно е да се третираат под општа анестезија.

     
  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење