| |
Најчесто поставувани прашања (НПП)
Барање за лекување во Турција
- Како да закажам во една од вашите болници?
Можете да стапите во контакт со Центарот за меѓународни пациенти преку телефонско јавување, факс или е-маил. Можете да нè повикате преку нашите броеви за контакт на задната страница од оваа брошура или да го пополните образецот на нашата веб страница www.acibademinternational.com
- - Доколку не го владеам Турскиот јазик , како можам да побарам помош за комуникација? Кога можам да стапам во контакт со вас?
Повеќето од лекарите владеат два јазика (воглавно Турски и Англиски) и нашите болници обезбедуваат преведувачки услуги согласно природата, културата и јазикот на пациентот. Персоналот на Центарот за меѓународни пациенти ги зборува сите меѓународни јазици; Англиски, Турски, Руски, Албански, Арапски и др. Обезбедуваме услуги на интерпретација во нашите институции за здравствена заштита за да им осигураме да нашите меѓународни пациенти да можат да комуницираат со нашиот лекарски персонал. Можете да нè контактирате во било кое време во текот на денот и тоа 7 дена во текот на неделата. Но, најдобро би било во текот на работното време од 08:00 – 18.00 часот и тоа од Понеделник до Петок.
- Од семејството имам придружник кој ќе ме придружува во текот на лекувањето. Каде ќе може да се смести?
Кога ќе закажете средба во Центарот за меѓународни пациенти, кажете им да знаат дека заедно со вас ќе патува некој од семејството и тие ќе го сторат неопходното за негово сместување. Истотака би било корисно доколку нѝ дадете информации во врска са вашите приходи.
- Дали можам да побарам лекување во вашите болници без претходно закажување?
Добро е претходно да закажете средба пред вашето пристигнување за да ги намалиме откажувањата и непогодностите. Нашиот Центар за меѓународни пациенти им обезбедува на своите пациенти средби со персоналот, а истотака и потреби за културни настани и патувања. Со помош на службениот персонал ќе ви се обезбеди; Прифаќање и отпишување од болница, постапки на уплати и олеснувања во финансиски трансакции, јазично толкување, локални посети и екскурзии, виза процедури, помош пред и после вашето пристигнување и со меѓународното осигурување, можеме да средиме за консултации, втори мислења за лекувањата, и да ги координираме закажувањата. Можеме истотака да ви понудиме приближен износ на трошоци, услуги за интерпретација и да ви го олесниме прашањето за патување.
- Дали можам да закажам средба со некој лекар од вашите болници без да имам упат од мојот местен лекар?
Да, можете директно да стапите во контакт со нашиот Центар за меѓународни пациенти и во зависност од потребата да закажете средба со некој лекар од нашите болници. Важно е со себе да понесете информации во врска со вашите претходни лекувања и лекарските извештаи.
- При закажување на средба, кои информации треба да ги обезбедам? Кои документи мора да ги понесам?
Морате да го наведете вашето име, како што стои во пасошот, вашата актуелна адреса, датумот на раѓање, вашиот здравствен проблем, и посакуваниот датум за закажување на средба, со себе мора да ги имате сите релевантни информации за вашата здравствена состојба, вклучувајќи и рентген снимките, лекарски истории и извештаи и вашите актуелни лекови. Понесете ги деталите за контакт од вашиот местен лекар.
- Дали времето за постапката на добивање на виза ќе биде скратено доколку ми затреба итна лекарска интервенција во Турција?
Доколку вашата состојба ви дава право за итен лекарски третман и грижа, Центарот за меѓународни пациенти на ваше име стапува во контакт со месните надлежни органи за имиграција и ја забрзува и ја олеснува постапката за добивање на виза.
|