Накратко за Турција

  Накратко за Турција
  Накратко за Истанбул
  History of Istanbul
  Типови и Хинтови
  Интерактивни мапи
Истанбул... Еден од најстарите и ценети градови во светот, чија историја датира 6000 години пред нашата ера... единствениот културен мозаик кој бил главниот град на такви три значајни империи кои ја пишуваа историјата на човештвото како што се Римската, Византиската и Османлиската, и кадешто се содржани безбројни заедници со различни јазици, религии и раси од секоја империја...

Истанбул, главниот град на империите се вбројува меѓу најстарите градови во светот. А што да се рече во однос на историската посета на овој единствен град, кадешто секоја улица, секоја авенија која ќе се помине, има длабоки траги од старата историја?

Пред – Византиска ера

Првите обележја од заедничкиот живот во Истанбул и во околината датираат од пред илјадници години наназад. Со ископувањата се открија првите знаци од пред 6000 години пред нашата ера, и дека некои заедници живееле во пештери како во Анадолискиот така и во Европскиот дел.

Првите заедници коишто живееле во Истанбул најпрво живееле во вид на номади и полу-номади а покасно го развиле начинот на живеење со риболовот, земјоделието и одгледувањето на стока. Ископувањата во Фикиртепе докажале дека животните како што се кучињата, овците, кравите и свињите биле дресирани а риболовот постоело по 6000 години п.н.е.

Во 3000 години п.н.е., се забележува дека сместувањето во и околу Истанбул се интензивирало, со што се почнало со основање на градски населби. Плоштадот Султанахмет и неговата околина е значајно место за живеење во тој период.

Ерата на Константинопол

Основите на сегашен Истанбул се поставени од страна на Мегаријанците од Грција во 7. век п.н.е. и е наречена “Византиска ера“ . Мегаријанците кои стапнале во Истанбул преминувајќи го Мраморното море во 680-тите години п.н.е. го основале градот Кхалкедон на местото на сегашниот Кадиќој.

Во 660-тите години п.н.е. другата група Мегаријанци основале друг град на местото на сегашниот Сарајбурну. По легендата, Мегаријанците пловејќи за да најдат друг град се консултирале со Претсказувачот во Делхи Храмот . Советот на Претсказувачот бил интересен: “Основајте град од другата страна на Земјата на слепиот!“

Откако стигнале во Истанбул и им се допаднал Сарајбурну кој се наоѓа на висока положба и опкружен со море од три страни, колонијата на Мегаријанци го препознале Кхалкедон баш од спротивната страна и помислиле: “Луѓето кои го основале нивниот град на другиот додека таму имало прекрасно место, мора да се слепи“.

Мегаријанците, кои поверувале дека назначеното место од страна на Претсказувачот е Истанбул-Зејтинбурну, баш таму ги сместиле првите населени места. Местото го нарекле “ Бизантиум “, по името на командантот Бизас.

Бизантиум се соочил со налетите на племињата Германи од западна страна во 278 година п.н.е. Римјаните го прошириле својот суверенитет кон Балканот и кон Мала Азија после Македонските војни во 146 година п.н.е., и Бизантиум западна под водство на Римјаните.

Во 330 година, Римскиот цар Константин I го прогласи Бизантиум за нов главен град. Градот го реконструира и го преименува во “Константинопол“. Градот стана еден од најважните верски и политички центри во текот на владеењето на Константин I. Во 395 година, Римската империја официјално се подели на Западна и Источна Римска Империја. Во 476 година, Остроготите ја симнуваат од власт Ромулус Аугустус , царот на Западнотот Римско царство, и царството го предаваат на Зеон, царот на Источното Римско Царство. Како резултат на тоа, Западното Римско царство станува минато. Но истовремено Константинопол станува главен град на Римското Царство. Источното Римско Царство станува Византиско Царство и Константинопол станува православен град, надвор од Римското царство и како посебен град на исток.

Латинска Инвазија

Истанбул по првпат во 1096 година се соочува со крстоносните војни. Во тој период, тоа беше војна за престолот. Потпомогнати од Венецијанците , крстоносците влегуваат во Златниот рог . Нападите почнале на 9-Април а градот освоен на 13-Април 1204 година. После овој период , Истанбул станува помал и посиромашен. Аристократите и богатите се преселуваат во Изник . Во 1254 година, Латинското Царство запоседнува секаде.

Повторно Византиски правила

Вториот Византиски период започнува кога Династијата Палаилогос повторно го презема Истанбул од Латините во 1261 година. Но во текот на овој период, градот никогаш не го доби својот поранешен значај и посебност. Вториот Византиски период е познат и како период во којшто Истанбул постепено и полека беше опколуван и освојуван од страна на Османлиите. Додека Истанбул почна да плаќа данок во 1373 година, Султан Јилдирим Бајезит во 1393, Султан Мурат во 1422 го опколиле Истанбул но без успех.

Османлиски период

Подготовките за заземање на Истанбул започнаа во 1452 година. Додека Румелиската тврдина беше изградена да го штити Босфор, беа конструирани огромни топови. Бројот на војниците беше двократно зголемен. Од една страна подготовките се вршеа на копно а 16 бродови беа конструирани за напади од море.

За да се спречи помошта на Византијата, сите патишта беа земени под контрола а и неутралноста на Галата под власта на Геноезите беше осигурана. На 29-Мај 1453 година Османлиските предни стражи ги зазедоа своите места на влезовите од Истанбул. Османлиската армија започна огромен напад врз Византиската одбрана. Околу пладне Султан Мехмед Освојувачот влезе во градот од страната на Топкапи и најпрво ја посети Света Софија.

Освојувањето на Истанбул имаше мошне важни влијанија за историјата на Турците, Исламот и светот. Најважното е тоа што со освојувањето на Истанбул заврши Средниот век и започна Новиот век.

Како прво, Освојувачот Султан Мехмед нареди реконструкција на местата оштетени од војната. Неговата сериозна реконструкција беше поправката на градските ѕидини оштетени при освојувањето.

Сега главниот град на Османлиското царство беше Истанбул...

Започнува Новиот век !

После освојувањето, набрзо Истанбул беше под контрола. Беше изјавено дека Римјаните се слободни во применувањето на религијата и начинот на живот. Освојувачот Султан Мехмед нареди избирање на некого од заедницата како патријарх за Православниот Патријархат, во тој период испразнета позиција. Израелската заедница, за чиј позитивен став добро се знаеше во текот на освојувањето, беше дозволено да има свои синагоги и свои рабини. Светилиштето на месноста кај Арпаџилар Мала Џамија беше дадено на Карајим заедницата, Турско-Израелската заедница.

Како прва работа на Освојувачот Султан Мехмед беше да нареди реконструкција на местата по оштетувањата од освојувањето. Поправката на градските ѕидини кои беа оштетени при освојувањето беше првата реконструкција по ред. Откако започна реконструкцијата на Истанбул, беа средени нови населени места за да го потврдат статусот на град. Испразнетите имоти беа дадени на сиромашните како и на оние кои служеа во текот на освојувањето.

Беше охрабрвана миграцијата на Муслиманите од Анадолија и Румелија во Истанбул. Бидејќи ова не беше доволно, со ферман (наредба) беше наредено до сите провинции, да луѓето кои се казнуваат да бидат испратени во Истанбул. Истотака и Христијаните и Израелците од разни места беа доведувани и сместени во разни делови од градот.

При крајот на 1457 година, во Истанбул дојдоа нови доселеници после големиот пожар во поранешниот главен град Едирне . Во 1459 година Истанбул беше поделен на 4 административни единици, од кои секоја имаше различни демографски карактеристики, и педесет и пет години после освојувањето тој стана најголемиот град во Европа.

Со стапнувањето во 16-век како голем град, Истанбул неколку пати беше оштетуван после Малата апокалипса, земјотресот на 14 Септември 1509 година. Илјадници згради беа уништени во текот на земјотресот, кој траеше во текот на 45 дена. Во 1510 година Истанбул беше скоро реконструктуиран со 80 илјади луѓе вработени од страна на Султан Бајезид II.

Период на Законодавецот

Истанбул беше привилегиран град во текот на периодите на султаните кои го водеа Османлиското царство, нови работи беа додадени на неговата структура, и сите работи кои им припаѓаа на заедниците кои живееја во градот беа внимателно заштитувани. Особено во периодот на владеење од 46 години на Кануни Султан Сулејман помеѓу 1520 и 1566 година познат како “период на напредување“ на Истанбул и на државата.

Во текот на периодот на Султан Сулејман Законодавецот се изградени голем број на работи. Во овој период градот доби нов изглед особено со рабоѕтата на Архитектот Мимар Синан. Џамијата и Комплексот Сулејманије, Џамијата Шехзадебаши, Џамијата и Комплексот Султан Селим, Џамијата Џихангир , џамиите изградени во име на Михримах Султан во Едирне, Комплексот Хасеки и Хасеки Турски Амам кои се изградени во име на Хуррем Султан се најзначајните изградени во овој период.

Истовремено во овој период Истанбул стана и најскап град. Додека новите миграции беа спречувани, градбите околу градските ѕидини беа забранувани, од друга страна пак, кај градбите во Галата се поттикнуваше поставување на ролетни на секој прозорец и куќите да бидат со тврда градба , со камен.

Период на Република

Откако Османлиското царство ја изгуби Првата светска војна со сојузниците, ослободен од царството, Турскиот народ на чело со Мустафа Кемал Ататурк ја започна “Војната за независност“ .

Совладувајќи ги нападите на окупаторите во земјата, Турскиот народ ја основа Република Турција управувана со демокрација со што се даде крај на царството. Главниот командант на Војната за независност, Мустафа Кемал Ататурк стана првиот претседател на новоформираната република. .Со оваа нова ера, Истанбул се здоби со нов идентитет како и целата држава. Истанбул главниот град на трите империи кои ја водеа историјата на човештвото, во новата ера го препушти епитетот “главен град“ на Анкара. Но градот сепак продолжува да постои како најважна историска вредност не само во самата нова Република Турција, туку и во светот.

Денеска, одредена како вратата на Турција кон запдниот свет, Истанбул е во положба на центар кој остварува значаен приход за земјата истовремено од индустријата, трговијата и туризмот...

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење