Онкологија

  Онкологија
Хемотерапија
IMRT
Радиотерапија
  Листа на лекарите
 


Зошто мора да бидам лекуван со ИМРТ?

Колку трае ИМРТ?
Симулација
Што е ИМРТ (Радиолошка терапија со подесување на интензитетот)?
Што е ИМРТ постапка?
Радијацијата користена во ИМРТ
Рак на назофаренкс – жлезда на плунката



Зошто мора да бидам лекуван со ИМРТ?
ИМРТ е најсигурната и најправилна расположива терапија во денешницата. Покрај тоа што дозволува користење високи дози на туморот и целното ткиво, оваа техника овозможува да се минимизира изложеноста на радијација на околните здрави ткива до можни најмали дози, со тоа се штитат функциите на здравите ткива. Со поедноставни зборови, тоа е исто кога сликате нешто, а одредени делови од платното не сакате да бидат обоени и на крајот го добиете резултатот коj сте имале намера да го добиете.Горе

Колку трае ИМРТ?
Во зависност од делот од телото и болеста, радиотерапијата се применува 5 пати во неделата во период од преку 6-7 недели. Но, кога се применува за палиативни цели, се применува преку 2-3 недели. Дневниот третман трае околу половина час. Распределбата на целата доза во дневни дози и примената на викенд радиотерапијата е всушност, овозможување време на клетките од здравото ткиво да ги поправат самите себе. Горе

Симулација

Што е симулација?
Дел од постапката на лекување кој се вика симулација, се изведува од страна на радиолошкиот онколог и технологот за радиотерапија, со посебен уред наречен симулатор, кој служи за точно одредување, лоцирање и обележување на целта. Симулатор е машина слична на машината за дијагнозирање со х-зраци и не може да се користи за терапевтски цели. Траењето на симулацијата зависи од видот на лекувањето, од пределот на телото и од болеста. Обично, може да се изврши во една или две сесии. Вашиот радиолошки онколог и технологот за радиотерапија ќе ви дадат информации за симулацијата.

Како се врши симулација?
Оптималната положба за третманот која би била погодна за машините и удобна за пациентот ќе биде одредена во текот на целата постапка на лекување. Во текот на симулацијата, мора да ја задржите положбата на масата за симулација, која положба од вас ја бара технологот по радиотерапија. Технологот по радиотерапија користи машина за х-зраци за да го одреди пределот како што го одредил вашиот лекар. Тоа е точното место на вашето тело кадешто радијацијата ќе биде насочена. Во зависност од локацијата на вашиот рак, може да имате повеќе од една точка за лекување.
Во зависност од видот на лекување кое ќе се примени, ќе бидат применети калапи за тело или други уреди, за да не се поместувата во текот на лекувањето (уреди за имобилизација). Тие секогаш ќе бидат користени за да се наместите правилно.
Технологот по радиотерапија, често ќе ја обележи точката на вашата кожа било со тетоважа или со тенки точки во боја, со неизбришливо мастило. Важно е да радиотерапијата биде насочена секогаш на ист предел. Доколку обоените точки венеат, кажете му на терапеvтот по радиологија да ги потемни за да можат да бидат лесно видливи.
Симулацијата истотака може да вклучи и ЦТ скенирања или други студии по снимање, коишто се подолу дадени, за да се планира како подобро да се насочи радијацијата во согласност со вашата болест.
Скенирање со ЦТ (компјутерска томографија)
Постапка со х-зраци која користи компјутер за да произведе серии на детални слики со унакрсни пресеци од телото; истотака наречено ЦАТ скен. Тоа е различно од дијагностичко скенирање ЦАТ кое се користи само за подобро опишување на структурите. Тоа е неопходно кога се изведува развиената технологија за радиотерапија како што е 3-Д радиотерапија и ИМРТ (радиотерапија со подесување на интензитетот).
Тродимензионалната конформална радиотерапија е радиолошка техника која се користи кај некои центри за рак. Компјутерската симулација произведува точна снимка на туморот и околните органи така да многукратните радио зраци бидат точно обликувани согласно ивиците на пределот за лекување. Поради тоа што радиолошките зраци се точно фокусирани, околните здрави ткива се поштедуват. Оваа техника се користи за лекување на рак на простата, на рак на белите дробови и некои тумори на мозокот, на главата и на вратот.

Што е ИМРТ (Радиолошка терапија со подесување на интензитетот)?
ИМРТ вклучува менување (подесување) на интензитетот на радијацијата, која се користи за лекување на ракот. Тоа е нова форма на радио терапија која користи компјутерски создадени снимки заради планирање и насочување погусто фокусирани радио снопови кон канцерогени тумори отколку со конвенционалната радиотерапија. Со оваа можност, лекарите може да насочуваат радио дози кои се согласно формата на туморот, и со значително намалување на количината на радијација кон околните здрави ткива. Како последица на тоа, техниката може да го зголеми степенот на контрола на туморот преку значително намалување на контраиндикациите.

Уринарен катетер: Тенка, флексибилна, шуплива цевка преку која течностите влегуваат или излегуваат од бешиката по мочниот канал. Радиоактивните материјали може да бидат положени во катетерот така да бешиката и уринарниот систем може јасно да се гледаат. Уринарниот катетер се извлекува после симулацијата.

Ректален катетер: Тенка, флексибилна, шуплива цевка преку која течностите влегуваат или излегуваат од ректумот, која служи за разликување на ректумот и негово заштитување од контраиндикациите на радијацијата.

Орален бариум :
Оралниот бариум е корисен за прикажување на гркланот, ждрелото и желудникот. Течноста со бариум се зема пред симулацијата.

Контраст на малото црево :
Корисно е да се прикаже малото црево и да се заштити од контраиндикациите на радијацијата. Горе


Што е ИМРТ (Радиолошка терапија со подесување на интензитетот)?

Тоа е постапка која го менува и подесува интензитетот на радијацијата користена во лекувањето на ракот. Пред примената, оваа нова технологија овозможува да се смисли план за лекување преку создадените слики со компјутер, така, споредена со класичната радиотерапија радијацијата се насочува директно на кацерогени ткива на поселективен начин. Лекарите може да насочат висока доза на радијација на туморните ткива на начин кој го намалува нивното влијание на околните здрави ткива. Како резултат на тоа, оваа техника овозможува зголемување на контролата на туморот а контраиндикациите на лекувањето се намалуваат. Горе

Што е IMRT постапка?

И покрај тоа што разни болници имаат разни приоди, ИМРТ во основа е слична на постапката на конвенционално-класичната радиотерапија. Одлуката за примена на ИМРТ ја донесува радиолошкиот онколог после физичките испитувања и прегледи. Во подготвителната фаза, неопходно е да се подготви калап и маска за телото. Овие треба да се наместат на телото на пациентот за да се осигура дека радијацијата се насочува секој ден точно на истото место. Би можело да затреба да се обележи телото од пациентот со линии за да се олесни подесувањето на пациентот во текот на постапката за радиотерапија. ЦТ снимките се прават за да се користат за планирање на лекувањето, и, во избрани случаи, МР и ПЕТ снимки. Фазата на подготвување во планирањето на лекувањето трае речиси 1 час и ЦТ околу 15 минути. Фазата на подготвување на ИМРТ се комплетира за неколку дена. Штом планирањето е готово, започнува фазата на лекување. Поради фактот што финалните проверки се вршат пред да започне лекувањето, првиот ден на лекувањето трае подолго од деновите коишто следат. Следните денови, лекувањето трае околу 15 минути. Постапката на лекување е еднаква на класичната надворешна радиотерапија. Горе

Радијацијата користена во ИМРТ

Фотоните коишто се користат во уредот линеарен акцелератор се истите коишто се користат со ИМРТ. Опремени со усовршена технологија, овие уреди за линеарен акцелератор имаат капацитет да формираат мали радијации со различни интензитети и да ги насочат директно од различни агли. Горе

Рак на назофаренкс – жлезда на плунката

Поради блискоста на неговото место до важните нерви и крвните садови,
за р акот на назофаренкс не е корисно да се изврши хируршка интервенција и затоа радиотерапијата е избраната метода за лекување. Кај пациентите коишто се лекуваат под конвенционални методи, здравите ткива коишто го опкружуваат туморот истотака се изложени на високи дози на радијација. Штом лекувањето се заврши, се причинуваат сериозни контраиндикации кои влијаат на секојдневните активности, професионалниот живот и на квалитетот на животот. На пример, влијанието на жлездата на плунката причинува контраиндикации како што се голтање и тешкотии при голтање, проблеми со исхраната и шуплини на забите. Тешкотии со дишењето може да се појават при спиење, што може да причини сушење на устата; го нарушува квалитетот на сонот и нормалните дневни функции на пациентот. Споредена со класичната радиотерапија, со радиотерапијата со ИМРТ се насочуваат големи дози на туморот и другите органи од телото коишто треба да бидат изложени на радијација. Истовремено, таа ги заштитува функциите на другите здрави ткива, со намалување на дозата на радијација на која се изложуваат истите. За илустрација со пример, пациентите со рак на жлездата на плунката, после радијацијата би имале задоволително лачење на плунката што би овозможило задоволително вршење на професијата за учителите, стјуардесите и спикерите. ИМРТ овозможува да се ужива висок квалитет на живот после радиотерапијата

За подобро здравје....... Горе



  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење