|
СЛУЖБЕНО ИМЕ |
Република Турција (Türkiye Cumhuriyeti) |
|
|
| ОСНОВАТЕЛ |
Мустафа Ќемал АТАТУРК (1881-1938) |
|
| ПОЛОЖБА |
Источен Медитеран. Лоциран на два континента: Европа и Азија. Европскиот дел на Турција е наречен Тракија, додека Азискиот дел е наречен Анадолија (Мала Азија). |
|
| ПОВРШИН |
814 578 километри квадратни (314 500 квадратни милји)
3 % на Европскиот континент
97 % на Азискиот континент |
|
| ГЛАВЕН ГРАД |
АНКАРА |
|
| POPULATION |
67.8 милиони (податоци од 2002 година) |
|
ПОГОЛЕМИ ГРАДОВИ
(Податоци од 2002 година) |
Истанбул 10 милиони
Анкара 4 милиони
Измир 3.4 милиони
Бурса 2.1 милиони
Конја 2.2 милиони
Адана 1.8 милиони n |
|
|
|
|
|
ЈАЗИК |
Турски (користи латиница) |
|
|
|
|
|
|
|
|
РЕЛИГИЈА |
99 % од населението се Муслимани. Турција е една од Исламските земји која го има внесено секуларизмот во својот Устав и гарантира целосна слобода на изразување на Не-Муслиманското население. |
|
|
|
|
|
|
ЗНАМЕ |
Црвена позадина со бела полумесечина и ѕвезда на средината. |
|
|
|
|
|
|
НАЦИОНАЛНА ХИМНА |
"Istiklal Marsi" (Химна на независноста)
Стиховите од Мехмет Акиф Ерсој за Турската Национална Химна прифатени на 12-Март 1921 година. |
|
|
|
|
|
|
УПРАВУВАЊЕ |
Турција е демократска, секуларна и социјална држава управувана со закон; Поврзана со љубовта на Ататурк кон својот народ и базирана
на принципите на поделба на власта.;
Законодавна власт: Турско Големо Собрание
Извршна власт: Претседател и Совет на Министри
Судска власт: Независни судови и високи судски органи |
|
|
|
|
|
|
ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ |
Основно образование:Осум години; Опфаќа образование на деца од 4-16 годишна возраст. Задолжително за сите машки и женски.
Средно образование: Опфаќа општи и професионални-технички средни училишта кои нудат најмалку тригодишно школување.
Високо образование: Ги опфаќа сите образовни институции кадешто се применува образовната програма од најмалку две години и повеќе школување. Овие институции ги образуваат студентите на ниво на дипломирани, магистри, или доктори на науки.
Основното и средното образование е бесплатно во јавните училишта. Институциите за високо образование, сепак бараат одреден минимален износ за школарина. |
|
|
|
|
|
|
МОРСКО КРАЈБРЕЖЈЕ |
8333 Km. (5000
миљи
)
Турција е опкружена со море од три страни. Од Црно море на север, од Средоземно море на југ и од Егејско море на запад. На северозапад има истотака и едно важно внатрешно море – Мраморно море помеѓу Дарданели и Босфор.
|
|
|
|
|
|
|
ГЕОГРАФСКИ РЕГИОНИ |
Турција има 80 административни населби и седум географски региони. На првите четири од седумте региони се дадени имињата на морињата покрај кои се наоѓаат.
- Регион Црно Море
- Регион Мармара
Егејски регион
Средоземен регион
Останатите три региони се наречени според нивната положба во Анадолија.
- Централно Анадолиски регион
- Источно Анадолиски регион
- Југоисточно Анадолиски регион |
|
|
|
|
|
|
ПОЗНАТИ ЗНАМЕНИТОСТИ |
Во Истанбул: Ајасофија, Топкапи Сарај, Сина Џамија, Долмабахче сарај, Музеј Карије. Низ Турција: Стариот град Троја, Ефес, Афродизијас, Пергамон, Памуккале, Гореме-Кападокија, Немрут Планина, Сафранболу, Мевлевиски храм
и музеј, Џамија халил Рахман во Шанли Урфа.
Истанбул, Сафранболу, Богазкој-Хаттушаш, Остатоци од Немрут Планина, Хантхос-Летхоон, Дивриги Величествена Џамија и Болница, Троја, Памуккале и Гореме-кападокија се запишани во светскиот список на наследство за да се помогне во заштитата за следните поколенија. |
|
|
|
|
|
|
БРУТО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО (според податоците од 2001) |
Земјоделие: 12.9 %
Индустрија: 25.3 %
Услуги: 61.8 % |
|
|
|
|
|
|
НЕКОИ ВАЖНИ ПРОИЗВОДИ |
Според податоците од 2000 година, Турција е на трето место во светот по тврдокорни лешници, смокви и кајсии; четврта е по производство на свежи овошја, грозје и тутун и седма земја во светот по производство на пченица и памук. Турскиот локум и алва се познати ширум светот.
Турција е меѓу водечките земји во светот по производство на текстил и готови производи за облекување. Извозот во овој сектор опфаќа 37 % од вкупниот индустриски извоз. Индустријата за кожа е мошне развиена во Турција како на технолошко ниво така и по капацитетот на високо квалитетно производство и доаѓа веднаш по текстилот во однос на извоз.
Висококвалитетни рачно изработени ќилими се истотака едни од главните производи за извоз на Турција. Светски најпознатите и најквалитетните ќилими од чиста свила се произведуваат во малото гратче Хереке, 60 км источно од Истанбул.
Турција е трета држава во Европа по производство на ќерамика. |
|
|
|
|
|
|
Други корисни информации |
|
|
|
ВРЕМЕ |
Локалното време е еднакво на ГМТ + 2 часа. Исто време низ целата држава (Седум часа напред во споредба со САД – источен временски стандард) |
|
|
|
ЕЛЕКТРИЦИТЕТ |
220 волти наизменична струја низ цела Турција. |
|
|
|
МЕРНИ СТАНДАРДИ |
Метарски и Кило систем |
|
|
|
ВЕБ СТРАНИЦИ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ |
www.mfa.gov.tr (Министерство за надворешни работи на Турција)
www.turizm.gov.tr ( Министерство за туризам на Турција)
www.kultur.gov.tr (Министерство за култура на Турција) |
|