Накратко за Турција

  Накратко за Турција
  Накратко за Истанбул
  Историјата на Истанбул
  Типови и Хинтови
  Интерактивни мапи


Географија

Истанбул е еден од посебните градови во светот кој со својата положба е мост меѓу Европа и Азија


На југот од Истанбул е Мраморното а на северот Црното море. Западниот дел од градот е во Европа а источниот дел е во Азија. А Босфор е важната водена површина која го дели Истанбул. Како морско пристаниште е со особина на најблизок Азиски град до Европа и како најблизок Европски град до Азија а покрај тоа и преминот на сите трговски патишта од Истанбул, го зголемува неговиот значај.

Сместен помеѓу 28° 01' и 29° 55' источна паралела и помеѓу 41° 33' и 40° 28' северни меридијани, Истанбул е еден од многубројните светски градови кој со неговата положба е мост меѓу Европа и Азија. Оваа географска положба, на градот му дава истовремно особини на Запад и Исток.
Има 27 населби во Истанбул. И тоа:

На Запад: Авџилар, Кучукчекмеџе, Бакирќој, Бахчелиевлер, Багџилар, Гунгорен, Есенлер, Бајрампаша, Зејтинбурну, Фатих, Еминону, Бејоглу, Бешикташ, Шишли, Кагитхане, Саријер, Газиосманпаша, Ејуп....
На Исток: Ускудар, Бејкоз, Кадикој, Картал, Пендик, Тузла, Умраније, Адалар, Малтепе, Султанбејли.
Независни општини се Бујукчекмеџе, Чаталџа, Силиври и Шиле.

Истанбул има вкупна површина од 5.512 километри квадратни кој зафаќа 7 % од вкупната површина на копно на Турција. Истанбул има 10.041.477 жители согласно пописот од 2000 година. Покрај тоа, густината на населеноста е 1882 луѓе по километар квадратен во градот.
Има 2562 џамии, 40 цркви и 16 синагоги во Истанбул, кадешто сите религии и култури живеат во мир и толеранција.



Клима

Можно е да се доживеат сите четири годишни времиња во Истанбул. Иако климата е претежно медитеранска, сепак можно е да се воочат влијанијата и на континенталната клима.

Во Април и Мај, е вкусена кратката и свежа пролет во Истанбул. Во Јуни, ги чувствувате и летото и пролетта истовремено. Во Јули и Август пак, продолжува врнежливото лето со просечни 30 степени целзиусеви.

Од Септември до Декември, ве очекува долгата есен... Заправо времето не станува свежо, и во ова годишно време кадешто често има врнежи, може да се капе на море дури до Септември. Но често и врне.

Од Декември до Март, особено ноќе е студено, но се соочувате со умерена зима. Ретко паѓа снег и ретки се мошне студени зимски денови...

Просечни температури во текот на годината: 13.7°C
Најстуден месец: Февруари, 5°C
Просечни врнежи во текот на годината: 691 мм
Просечен број на снежни денови: 7


Економија

Истанбул, кој од денот на своето основање никогаш го нема изгубено епитетот на “економски центар“, сеуште го задржува со ист интензитет. Имено, градот го претставува `рбетот на Турската економија.

Истанбул има значаен придонес од 46 % од вкупниот извоз и 40 % од вкупниот увоз на Турција.

Истовремено, имајќи мошне голема предност во однос на историјата и културата во својот пат да стане светски туристички центар, Истанбул истотака има направено важен напредок и е на пат да стане и центар за `конгресен туризам` поради своите комплекси и својата географска положба.

Накратко за Турција...

Главен град: Анкара
Површина: 780.000 км2
Жители: 72.3 милиони
Јазик: Турски
Валута: Нова Турска Лира
Телефонска ознака: 00 90
Службени празници: Има два големи празника од верски карактер

Тоа се Рамазански Бајрам (3-5 Ноември 2006) и Курбан Бајрам (10-14 Јануари 2006) ... Во текот на Рамазанскиот Бајрам во текот на три дена, и во текот на Курбан Бајрам во текот на четири дена, сите институции и организации на државата се затворени и празнуваат.

Муслиманите, во Турција се во мнозинство и месецот Рамазан го празнуваат со голем ентузијазам. Со секуларно сфаќање, баровите, рестораните и ноќните клубови во државата продолжуваат да служат и во текот на месец Рамазан.

Покрај тоа, во својство на национални празници се празнуваат 29-Октомври Ден на Републиката, 30-Август Ден на Победата, 23-Април Ден на Националната независност и Празник на децата и 19-Мај Помен на Ататурк и Празник на младоста и на спортот. И во текот на овие празници сите институции и организации на државата се затворени и ги празнуваат истите.



  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење