Што е ИВФ (Тест бебе епрувета) третман?
Кому е неопходен ИВФ (Тест бебе епрувета) третман?
IVF (Test Tube Baby) Treatment
Кои се фазите на вештачкото оплодување?
Што е ИВФ (Тест вештачко оплодување) третман?
ИВФ третманот го содржи третманот кој вклучува оплодување на јајцевите клетки, женските репродуктивни клетки, спермите, машките репродуктивни клетки, во лабораториска средина, надвор од човечкото тело. Откако оплодените јајца ќе почнат да се делат, почнуваат да живеат надвор од фазата на развој во лабораториска средина, и штом станат ембриони, се внесуваат во матката на идната мајка. Штом еднаш оваа фаза се заврши, бременоста нема никаква разлика од нормалната бременост. Единствената разлика од природната бременост е во тоа што оплодувањето се случува во лабораториски услови и што оплодените јајца подоцна се враќаат во мајчината матка. Постапката на оплодување во лабораториска средина се врши во две различни методи: првата метода е сместување на спермите покрај јајцевите клетки и чекање да продрат во јајцевите клетки и самите да ги оплодат (класично ИВФ оплодување) а втората метода е под микроскоп спермата директно да се ињектира во јајцевите клетки со помош на пипед (микроињекција). Специјалистите за ИВФ вештачко оплодување во зависност од особините на паровите се одлучуваат за една од методите. Целта е да се зголемат шансите за успех на парот. горе
Кому е потребен ИВФ (Вештачко оплодување) третман?
1.
На ИВФ би требало да се смета во случаи кадешто фаллопските канали на жената (познати како јајнички канали) се затнати или имаат претрпено сериозни оштетувања или хируршки се отстранети. За да дојде до природна бременост, јајничките канали би требало да бидат отворени и да функционираат нормално.
2. На ИВФ третманот може да се смета во случаи кадешто околу репродуктивните органи на жената има додатни парчиња , коишто ги спречуваат јајцевите клетки да се развијат во оварии. Овие интраабдоминални додатни парчиња може да биле останати од поранешните операции (на пример, операција на овариска циста, отстранување на миома, операција на ектописка бременост и тн.) или од дијагнозирани или недијагнозирани услови на запаленија на женскиот внатрешен генитален систем. Во такви случаи, како прва фаза на третманот овие додатни парчиња можат да се ослободат преку лапароскопска (затворена) операција за да се добие нормален однос на канал-јајник. Во случај ако ова не може да се изведе, или доколку природната бременост не настане во одреден период по успешната интервенција, тогаш ИВФ третманот може да стане третман по избор. горе
ИВФ (Вештачко оплодување) Третман
Доколку е можно, првото интервју (разговор) треба да се изврши во текот на првите неколку дена од вашиот период пред да се почне со третманот, бидејќи некои лабораториски тестови мора да бидат извршени во текот на првите неколку дена од вашиот период.
Кога доаѓате на интервју треба со себе да понесете:
- Некој претходно извршен тест (на пример, анализа на спермата),
- Извештаи од претходно извршени операции ,
- Информации и резултати од лабораториски анализи за состојбите кои може да имаат мошне големо влијание за репродуктивниот капацитет, како што се ендометриозата, тироидните болести, автоимунолошки нарушувања.
- Информации за историјата на семејството и за постоењето или непостоењето на болни од неплодност или мртвородени деца.,
- Календар на менструација за претходните месеци.
При вашата прва посета, ќе бидат извршени гинеколошки прегледи и трансвагинална ултрасонографија. Матката, каналите и јајниците ќе се вреднуваат и, доколку е потребно, ќе се погрижиме за постапката на симулација на трансфер на ембрионот. Ова е последната фаза од вештачкото оплодување и оваа симулација дозволува да се детектираат потенцијалните идни проблеми кои можат да се појават во текот на вештачкото оплодување.
Во текот на првата сеанса, двајцата и мажот и жената ќе се скенираат за да се провери да немаат некои инфекции:
HBs Ag
HIV Ab
VDRL
HCV Ab
Рубелла IgG
Следните тестови на хормони може да бидат побарани од жената:
LH
Естрадиол
Пролактин
Целосно тестостерони
FSH
Прогестерони
f-тироксин (T4)
ДХЕАС
Во меѓувреме, во случај на непоседување на претходниот тест и во случај на постоење на потреба за последна сесија, од мажот би можело да биде побарана анализа на спермата. горе
Кои се фазите на вештачкото оплодување?
1. 1. Прва фаза: Обука
Првиот чекор на лекувањето се состои од обука спроведена од координаторот за тестот бебе епрувета. Во оваа фаза, се обезбедуваат информации во врска со планот за лекување и како планот за терапија треба да тече. Се даваат упатства како насамо да ги примате лековите и да ги потпишувате бараните обрасци.
2. 2. Втора фаза: Уклонување на јајниците
Основата на тестот бебе епрувета се состои во целосно отклонување на јајниците. GnRH агонисти или GnRH антагонисти се користат за оваа цел. Лекарот задолжен за вашиот третман ќе реши кој од овие два лекарства се најдобри за вас.
Овие лекарства ќе ве заштитат од предвремена овулација. Овие лекарства се или носни спрејови или поткожни ињекции. Ќе бидете обучувани како сами да ги примате лекарствата.
3. Трета фаза: Стимулација на јајцата и набљудување на развојот на јајцата
Успехот во третманот на вештачкото лекување зависи од продуцирањето на голем број на јајца во женските јајници. За таа цел, јајниците кои беа уклонети со горенаведените лекарства се стимулираат со кои го стимулираат развојот на јајцето. Овие лекарства се ињектираат поткожно или мускуларно. Стимулирањето на јајниците со овие лекарства трае приближно 10 дена. Треба да проверите неколку пати во текот на процесот на набљудување на развојот на јајцето. Во текот на овие проверки ќе се врши ултрасонографија, и доколку се востанови дека е потребно, ќе биде проверена вредноста на хормоните во крвта за да според таа вредност бидат дозирани вашите лекарства.
4. Четврта фаза: Собирање на јајца
Во текот на набљудувањето на развојот на јајцата, на денот кога ќе се одреди дека доволен број на јајца се созреани, хЦГ (human chorionic gonadotropin) се врши ињектирањето со цел да јајцата го комплетираат нивниот последен чекор до созревање. Собирањето на јајца се закажува за 36-тиот час после последното ињектирање на лекарствата. Може да ви се дадат седативи или лекарства за да бидете поспани во текот на собирањето на јајцата. Инаку, целата процедура може да биде изведена под целосна анестезија. Процедурата е еднаква на вагинална ултрасонографија која се врши во текот на развојот на јајцата. Единствената разлика е иглата поврзана на вагиналната ултрасонографија која е внесена преку вагината која ги собира јајцата од јајниците. Процедурата трае околу 30 минути.
Fertilisation with sperm cells takes place on the same day that the eggs are collected.
5. Петта фаза: Лабораториски процедури
Ден после собирањето на јајцата, парот се информира за бројот на нормално оплодените јајца. Следејќи ја оваа фаза, под лабораториски услови нормално оплодените јајца се набљудуваат од 2 до 5 дена. Кога времето ќе биде погодно, најквалитетните јајца внимателно се селектираат во одреден број и повторно се положуваат во мајчината матка. Парот се информира за тајмингот на оваа процедура на имплантација.
6. Шеста фаза: Трансфер на ембрионот
Пред процедурата на трансфер, парот се информира за бројот и за квалитетот на ембрионите кои треба да се трансферираат. Процедурата на трансфер не е различна од постапката на просто испитување. Нема потреба од анестезија. Единствено што ќе се побара од мајката е да пред постапката испие многу вода за да ја наполни бешиката. Постапката на трансфер се изведува под ултрасонографско набљудување кое бара бешиката да биде делумно наполнета. Во текот на трансфер постапката, катетерот наполнет со ембриони поминува низ вагината и цервиксот, и се положува во матката а ембрионите се ослободуваат во матката. Доколку после трансферот остане ембрион или ембриони со висок квалитет, од парот се бара одобрение за смрзнување на нивните ембриони за користење во иднина. После трансферот, парот 3-4 часа останува во болница за да се одмори а после тоа заминува дома. Се посоветува жената да одморајќи се го помине истиот ден. За да ја поднесе бременоста, таа може да почне да прима прогестерон, Естроген, и/или хЦГ откако еднаш јајцата ќе се соберат и ембрионот ќе биде трансфериран. Резултатот на третманот може да се открие со помош на тестот за бременост после 14 дена од денот на трансферот на ембрионите.
Доколку резултатот е позитивен се закажува за ултрасонографија за набљудување на чукањата на срцето на детето во текот на 3 недели. горе
|