Естетика, Пластична и Реконструктивна Хирургија

  Пластична Хирургија
  ринопластија
  Абдоминопластија
  липосакшн
  маммопластија
  Листа на лекарите
 Здравствени Пакети
 Mикрохирургија

Доколку се одлучите за липосакшн...
Најпогодни кандидати за липосакшн
Сите операции носат ризик
Планирање на операцијата
Подготвување за операција
Каде ќе се изврши операцијата?
Видови на анестезија
Операција
После операцијата
Враќање на старата состојба
Вашиот нов изглед


Доколку се одлучите за липосакшн...
Липосакшн-истотака добро познат како шмукување на маснотите, липоскулптуринг, липошејпинг е техника на отстранување на несаканите наслаги на маснотии на одредени делови од телото. Овие делови од телото се брадата, вратот, јаболчниците, горните делови од рацете, горните делови од градите, стомакот, бутовите, бедрата, колената и глуждовите. Операцијата на шмукување на маснотиите не ги намалува килограмите, поточно тоа е метода користена за отстранување на маснотиите на кои не делуваат диетата или вежбите. Доколку се одлучите за операција на шмукување на маснотиите, оваа брошура ќе ве информира за постапката-кога е најпогодно, како се врши и какви резултати може да очекувате. Бидејќи одговорите на многу прашања зависат од самиот пациент и хирургот, може да не ги најдете одговорите на сите ваши прашања во оваа брошура. Доколку во нешто се сомневате, ве молиме да го консултирате вашиот лекар.
ГОРЕ

Најпогодни кандидати за липосакшн

Липосакшн го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатите може да не одговараат целосно на вашите идеали. Размислете внимателно за вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата а воедно зборувајте за тоа и со вашиот хирург. Со прекумерни кила или не, најпогодните кандидати за липосакшн се оние кај кои има прекумерни наслаги на маснотии кај некои делови од телото. Треба да бидете физички здрави, психолошки стабилни, и реални во вашите очекувања. Стабилната и еластична кожа е крајно важна за подобрување на изгледот на телото после липосакшн. Доколку тоа не се случи, вашиот лекар може да ве информира за алтернативите кои ќе дадат подобри резултати. Липосакшн не се препорачува на пределите кадешто претходно била извршена некаква операција, доколку циркулацијата на крв е слаба или доколку имате проблем со срцето или со белите дробови. Мора да сфатите дека липосакшн сам по себе не може да ја излечи нерамната кожа позната како целулит. Жените може да извршат шмукување на маснотиите од под брадата, од бедрата, од бутовите, стомакот, под мишките и од пределот на градите. ГОРЕ

Сите операции носат ризик
Нормално, липосакшн е безбеден доколку пациентот е внимателно селектиран, операцијата е изведена во услови на целосна опрема, и доколку лекарот е доволно обучен по пластична хирургија. Дури и во тие околности, може да има ретки случаи на сериозни трауми, особено кога маснотијата е шмукана од повеќе делови од телото и нашироко по телото во текот на иста операција. Други ретки но можни компликации се нагомилувањето на течности (бара дренажа) и лузни на кожата. Дури и ако тешките компликации се ретки, инфекцијата и губењето на течности можат да причинат сериозни неудобности. Можете да го намалите ризикот со избирање на доверлив пластичен хирург овластен за вршење на липосакшн во доверлива болница и почитувајќи ги неговите упатства.

Лузните од операцијата липосакшн се тенки и готово невидливи, дури и при облекување на бикини. Меѓутоа, може да има други козметички проблеми дури и во случаите на мошне искусни хирурзи. Тоа може да се лесни нерамнини на кожата на пределот којшто е лекуван, опуштање на кожата или измени во бојата на кожата кои може да бидат со постојан карактер при изложување на сонце. Понекогаш асиметријата може да причини вршење на повторна постапка.

Мажите најповеќе бараат шмукување на маснотиите под брадата и на пределот помеѓу колкот и градниот кош. Кај мажите, операцијата на шмукување на маснотиите понекогаш може да биде вршена за намалување на зголеменото ткиво на градите, познато како гинекомастија.
ГОРЕ

Планирање на операцијата
На првиот преглед, хирургот ќе направи општа проценка на вашето здравје, ќе го одреди местото на акумулирањето на маснотиите и внимателно ќе го прегледа тонот на бојата од вашата кожа. Вашиот лекар би требало да ви објасни други методи за обликување на телото кои би можеле да бидат попогодни за вас - на пример, пластична операција на стомакот- и да дискутира со вас за најкорисните опции или комбинации за постапките кои би можеле да се применат.

Бидете искрени со лекарот во врска со вашите очекувања. Истотака и вашиот лекар би требало да биде искрен со вас, да ви ја објасни постапката во детали и да ги спомне ризиците и ограничувањата. Покрај тоа, вашиот хирург би требало да ве информира за видот на анестезијата кој го планира, за видот на опремата со која ќе ве оперира и за износот на операцијата.

Во текот на вашиот преглед, бидете сигурни дека сте го информирале вашиот хирург за значително добиените или изгубените кила во било кој период од вашиот живот. Истотака морате да го информирате вашиот хирург за тоа дека сте пушач, или примате било какви лекарства или витамини. Ве молиме да не се двоумите да со вашиот лекар ги споделите вашите грижи околу очекувањата и резултатите од операцијата.ГОРЕ

Подготвување за операција
Вашиот хирург ќе ви даде специјални упатства за тоа како да се подготвите за операција, за правилата за јадење и пиење, за пушењето и витамините, за таблетите за железо и за започнувањето или прекинувањето на примање на некои лекарства. Доколку настинете или добиете некаква инфекција, особено инфекција на кожата, вашата операција би требало да биде одложена.ГОРЕ

Каде ќе се изврши операцијата?
Липосакшн се врши во болнички услови; може да потрае еден ден или да бидете хоспитализирани само една ноќ. ГОРЕ

Видови на анестезија
Доколку оперативната постапка не е преголема-ако количината на шмукување на маснотиите и течностите не е повеќе од она што го одредил лекарот – липосакшн може да се изведе со локална анестезија. Пределот од телото на кој кој ќе се врши операцијата се анестезира со седативи кои ќе направат да се чувствувате поспани. Ќе бидете во будна состојба но опуштени и можете да чувствувате најмала неудобност. .

Доколку лекарот ќе врши постапка на поширок предел и доколку сака да работи на повеќе од еден предел од вашето тело, тогаш сосема веројатно е дека ќе имате општа анестезија. Во овој случај, ќе бидете успиени во целиот тек на операцијата.

Најпогодните кандидати за шмукување на маснотиите се оние кои се со нормална тежина но со вишок на килограми само на одредени делови од телото како што е пределот на колкот, бедрата и потколениците.

Хирургот поставува туби наречени канули под малите засеци на најгорниот слој од кожата. На другиот крај од тубата е единицата за вакуумот-притисок кој ги шмука надвор наслагите од маснотии.

Тесната облека се облекува после операцијата за да го намали отечувањето на делот од телото на кој е извршена операција. ГОРЕ

Операција
Траењето на операцијата липосакшн може многу да варира - во зависност од пределот од телото и количината на маснотии кои треба да се шмукаат, што може да потрае од 30 минути до неколку часа.

За да отпочне со операцијата, хирургот извршува мал засек за да овозможи вметнување на туба наречена канула. Другиот раб од канулата е вклучен на машина со јако шмукување или на специјален шприц. Хирургот ја вметнува тубата длабоко под кожата и ја обработува маснотијата за да биде шмукана надвор. Понекогаш може да затреба да се направат додатни засеци за да се вшмука целата маснотија.

Доколку сте под локална анестезија, можете да ги чувствувате движењата во текот на постапката. Истотака можете да чувствувате мала болка кога канулата го допира мускулот.

Во текот на постапката на шмукувањето, ќе изгубите течности заедно со маснотиите. Мошне е важно да се надомести изгубената течност. Течности ќе ви се даваат преку вената.ГОРЕ

После операцијата
Од еден до три дена може да ви се изврши поткожна дренажа со туба, со цел да се повлече течноста која може да се нагомилува после операцијата. За да се контролира отечувањето и крварењето и за да ѝ се помогне на кожата да не се собира и за да ги добие новите контури на телото, мора да се облече корсета на пределот на којшто е извршена операцијата. Во согласност со упатствата на вашиот хирург, мора да ја облекувате оваа корсета во период од две-три недели. Истотака, вашиот лекар може да ви препише лекарства за да се спречи инфекцијата.

Не очекувајте да се чувствувате прекрасно и убаво веднаш после операцијата. Може накратко да ви се причини дека сте потешки и подебели поради течностите кои ги примате.
На деловите од телото на кои е извршен липосакшн ќе има отечувања, црвенило и чувство на печење. Покрај тоа, ќе имате тешкотии при движењето и ќе чувствувате болка неколку дена. Ова може да се контролира со лекарства кои ќе ги препише вашиот хирург. На местата кадешто е извршен липосакшн, привремено може да не чувствувате ништо; но не грижете се, тоа е минливо.

Не е необично ако чувствувате депресија во текот на деновите и неделите после операцијата. Запомнете дека тоа е очекувано и дека ќе помине штом почнете да се чувствувате добро и убаво.ГОРЕ

Враќање на старата состојба
Заздравувањето е прогресивен процес. Вашиот хирург ќе побара од вас да почнете да одите што е можно побрзо (за да се спречи згрутчувањето на крвта на вашите нозе); меѓутоа ќе ве замоли да избегнувате предизвикувачки активности за период од две-три недели. Конците ќе се отстранат или сами ќе исчезнат во текот на вториот или третиот ден после операцијата и можете да се вратите веднаш на работа во текот на две недели. Активностите на кои треба да се нафатите откако ќе се вратите на работа, зависат од големината на операцијата, како се чувствувате и што ви препорачува лекарот.

Големиот дел од отечувањето и промените во бојата на кожата ќе поминат во текот на првиот или вториот месец после операцијата, меѓутоа некои отоци може да останат и до шест месеци или повеќе. Лекарот ќе ви закаже средба за да го следи вашиот прогрес и ќе одреди дали е неопходно да се извршат некои дополнителни постапки или не. Во случај на неочекувани развои помеѓу средбите – на пример, прекумерно крварење или изненадно зголемување на болките – или доколку имате некои прашања околу тоа што да правите или да не правите, не двоумете се да го консултирате лекарот. ГОРЕ

Вашиот нов изглед
Липосакшн е речиси ефективна постапка која ви дава нови контури на телото со минимални лузни. Резултатите ќе бидат онолку постојани колку што ќе бидете и вие внимателни со диетата и редовните вежби. Доколку добиете во тежина, маснотиите ќе се распоредат по целото тело и нема да се нагомилуваат на шмукуваните делови од телото.

Голем број од пациентите се задоволни со резултатите од липосакшн – се чувствуваат угодно во разни облека и се смирени со нивното тело. Колку што вашите очекувања се реални, толку ќе бидете среќни со вашиот нов изглед.

Колку повеќе ќе заздравувате, толку повеќе погодно ќе изгледате.
Тенките контури на вашето тело ќе бидат причина да имате поголема доверба и поудобно да се чувствувате.


За подобро здравје..... ГОРЕ
  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење