Естетика, Пластична и Реконструктивна Хирургија

  Реконструктивна Хирургија
  ринопластија
  абдоминопластија
  Липосакшн
  маммопластија
  Листа на лекарите
 Здравствени Пакети
 Mикрохирургија


Доколку се одлучите за маммопластија...
Најпогодни кандидати за маммопластија
Видови на импланти
Сите операции носат ризик

Планирање на операцијата
Подготвување за операција
Каде ќе се изврши операцијата?
Видови на анестезија
Операција
После операцијата
Враќање на старата состојба
Вашиот нов изглед


Доколку се одлучите за маммопластија...
Маммопластијата за зголемување е хируршка постапка која ja зголемува големината и формата на градите поради следните цели:

За зголемување на градите кај жени кои сметаат дека нивните гради се мали
За корекција на разликите во големината на градите во случај на асиметрија
За реконструктивни цели после операцијата на рак на дојка

Доколку се одлучите за операција за зголемување на градите, оваа брошура ќе ве снабди со некои основни информации. Кога би можело да има подобар ефект? Како се врши? и какви резултати би можеле да очекувате? Меѓутоа, може и да не успеете да најдете одговори на сите ваши прашања овде. Поради тоа, консултирајте се со вашиот лекар во врска со детални информации за операцијата. ГОРЕ

Најпогодни кандидати за маммопластија
Маммопластијата за зголемување, го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатите може и да не одговараат на вашите идеали. Размислете внимателно за вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата и дискутирајте за тоа со вашиот хирург.

Најпогодните кандидати за маммопластијата за зголемување се оние кои не бараат перфекција во нивниот изглед, туку оние кои бараат подобрување. Доколку физички сте здрави и реални сте во очекувањата, веројатно дека можете да бидете добар кандидат. И покрај тоа, маммопластијата за зголемување најповеќе се врши за цели како што се зголемување на градите, но истотака може да се врши и за корекција на разликите во големината на двете гради, а дури и за импланти во реконструктивни цели после операцијата на рак. ГОРЕ

Видови на импланти
Всадувањето на гради се состои од силиконски гел, силиконски кошулки наполнети со раствор на солена вода позната како салин. Во зависност од формите на градите, може да се користат анатомските (импланти во вид на капка) или импланти со округла форма. Би била добра идеја да на оваа тема разговарате со вашиот лекар, бидејќи изборот на имплант варира во зависност од формата на градите и структурата на градниот кош.ГОРЕ

Сите операции носат ризик
Како и кај сите други операции, така и опеациите за зголемување на градите ги имаат своите ризици и компликации. Со време, телото формира обвивка околу внесениот имплант. Познат како капсула, понекогаш оваа обвивка може да го притиска имплантот, причинувајќи да тој биде отстранет и да градите бидат несиметрични и да се чувствува крутост. Познат како капсула за стегање, оваа неудобност може да се третира на разни начини а понекогаш може да причини и отстранување или нејзино опуштање. Понекогаш пак, имплант се отстранува и се заменува со друг.

Како и кај сите операции, така и кај операциите на зголемување на градите може да се јави крварење, инфекција и одолговлекување на заздравувањето на раната. Доколку дојде до крварење, тоа може да причини втора операција за да состојбата се доведе под контрола или да се исцеди (дренира) акумулираната крв. Кај мал дел од пациентите за имплант, може да дојде до инфекција околу имплантот. Инфекцијата може да се појави во било кое време, но најповеќе во првата недела после операцијата. Во некои случаи имплантот е отстранет сè додека инфекцијата не се доведе под контрола, а после да се замени со друг.

После операцијата, вашите брадавици може да бидат прекумерно осетливи, или може да изгубите осет во тие делови од телото. Може да има мали вкочанети делови околу засекот, формирани во текот на операцијата. Обично, овие симптоми исчезнуваат со текот на времето; меѓутоа, кај некои пациенти може да бидат со постојан карактер. Немаме сознанија дека имплантите на гради влијаат на неплодноста, бременоста или на доењето.

Имплантите на гради се подложени на разни биомеханички тестови за да се докаже нивната цврстина и долготрајност; меѓутоа, надворешниот слој на силиконот може да се пукне во допир со пирсинг или средства за боцкање при што може да дојде до истечување на материјалот содржан во кошулката. Силиконот или салинот истечуваат на околните ткива. Во овој случај, имплантот мора да биде заменет. Кај имплантите на салинот, салинот кој истечува на околните ткива, за многу кратко време се апсорбира од телото. Меѓутоа, пробушувањето на имплантот наполнет со силикон гелот може да резултира на два начина. Доколку случајот е да кошулката е пробушена и ништо не се случува на капсулата околу имплантот, можно е да не чувствувате никаква промена. Меѓутоа, во случај на пробушување на лузната по особено голем удар, силикон гелот може да продре до околкното ткиво. Новите импланти кои се користат во денешно време се произведени на начин кој иако се пробушени, не дозволуваат да силиконот продре до околниот дел од телото. Според тоа, видлива е само деформацијата. Во двата случаја, имплантите мора да се заменат. Секој имплант има свој рок на траење. Овој рок може да варира од 7 до 25 години.

Мошне мал број од жените со импланти на гради имаат дадено извештај за слични симптоми на болести од имунолошкиот систем, како што се склеродерма или или артритис. Овие симптоми вклучуваат болки и отечување на зглобовите, треска, замор и болки во градите. Испитувањето не успеа да утврди поврзаност помеѓу имплантите на силикон гради и она што лекарите нарекуваат “болест на сврзното ткиво“. Немаме никакви докази да веруваме дека имплантите на гради причинуваат рак на градите; меѓутоа, тие бараат различна метода на мамографија за снимање на рак. Кога сакате да направите рутинска маммографија, искусните техничари и лекари при Центарот АСГ за радиологија се во состојба да добијат многу веродостојни снимки на вашите гради и на имплантите со помош на специјална техника на х-зраци. Може да се побараат додатни методи за снимање. Ултрасонографијата може да обезбеди додатни придобивки во детектирањето на масите кај некои жени со импланти на гради а и да ги проценат имплантите. И покрај тоа што поголемиот дел од жените ги нема искушено овие компликации, сепак консултирајте се со вашиот лекар за секоја компликација и бидете сигурни дека добро ги имате сфатено ризиците и резултатите.ГОРЕ

Планирање на операцијата
При првиот преглед, вашиот лекар ќе направи општо испитување на вашето здравје и во зависност од тонот на кожата од вашите гради, тој ќе ја одреди најповолната хируршка техника за вас. Доколку имате опуштени гради, лекарот може да ви одреди операција за подигање на градите – бреастлифтинг или (mastopexy).За да се осигурате дека целосно ги имате сфатено деталите од постапката што лекарот ви ги има препорачано, зборувајте со лекарот за опциите на лекување пред да се изврши операцијата.

Бидете сигурни дека со вашиот лекар отворено сте дискутирале за вашите очекувања. Тој ќе ви објасни за опциите на лекување, за ризиците и ограничувањата. Доколку пушите, или примате некој вид на лекарска или витаминска терапија, информирајте го лекарот. Вашиот лекар ќе ве информира за видот на анестезија кој ќе го примени, за болницата кадешто ќе ја изврши операцијата, а и за цената се разбира. Многу осигурителни компании, операцијата на зголемување на гради не ја сметаат за медицинска потреба; поради тоа, не ги покриваат трошоците од оваа постапка.ГОРЕ

Подготвување за операција
Вашиот лекар ќе ви даде специјални упатства за тоа како треба да се спремите за операција. За правилата на јадење и пиење, за пушење и во врска со започнувањето или прекинувањето на примање на витаминска или лекарска терапија. Кога се подготвувате за операција, бидете сигурни дека некој ќе се погрижи да ве одвезе дома после операцијата и да ви помага во текот на првиот или вториот ден после операцијата.ГОРЕ

Каде ќе се изврши операцијата?
Вашата операција ќе биде извршена во една од болниците на Аџибадем Група за здравствена заштита и ќе бидете замолени да преноќите една ноќ во болница. ГОРЕ

Видови на анестезија
Општата анестезија е најпосакуваната метода при операција за зголемување на градите. Некои хирурзи претпочитаат да користат локална анестезија во комбинација со седативи за да не чувствувате болка. Во тој случај ќе бидете опуштени и ќе чувствувате само мала неудобност. ГОРЕ

Операција
Поставувањето на имплантот зависи од структурата на вашите гради, вашиот граден кош и изборот кој ќе го направи вашиот хирург. Хируршкиот засек може да биде направен на пределот кадешто градите се соединуваат со ѕидот од градниот кош или околу ареолата (темно обоен дел околу брадавиците) или под мишка. Во секој случај, нема да се штеди никаков напор за да се обезбеди да засекот се направи на начин да лузните бидат далеку од видот. Вашиот хирург ќе работи долж засекот и ќе го подигне да создаде таканаречен џеб или веднаш зад ткивото на градата или под мускулите од ѕидот на градниот кош (градни мускули). После тоа, имплантите од сакана големина се поставуваат во просторот кој е отворен за нив и на тој начин градата се зголемува. Некои хирурзи сметаат дека поставувањето на имплантите зад мускулите од градниот кош помагаат да се намали горенаведениот случај на притискање на капсулата. Споредувајќи го поставувањето на имплантите веднаш зад ткивото од градата, оваа техника претставува помала пречка за мамографските испитувања. Меѓутоа, кога би се споредило со техниката на поставување на имплантот веднаш зад ткивото од градата, поставувањето на имплантот веднаш зад мускулот од градниот кош може да причини повеќе болка во текот на неколку денови веднаш после операцијата.
Операцијата обично трае помалку од еден-два часа. ГОРЕ

После операцијата
Може да почувствувате мал замор и осетливост во текот на неколку дена после операцијата, но ќе бидете во состојба да станете и да почнете да одите во текот на 24-48 часа. Голем дел од неудобноста може да биде ставена под контрола со лекарствата препишани од вашиот лекар.

Завоите, доколку ги има, ќе бидат отстранети во текот на неколку дена, и ќе бидете замолени да носите специјален градник. Ќе треба да го носите градникот на начин на кој ќе ви препорача хирургот. Околу две недели може да чувствувате печење на брадавиците; тоа ќе помине штом црвенилото исчезне.

Отечувањето на градите ќе помине во текот на 3-5 недели. Не се штеди никаков напор за да се сокријат лузните под градата, околу ареолата или под мишките.

Ткивото од градата и кожата се подигаат за да се формира џеп. Имплантот на градата може да биде поставен под ткивото на градата или зад мускулот од градниот кош. После операцијата, изгледот и рабовите од вашите гради ќе бидат повеќе полни и ќе изгледаат природно. Лузните ќе изчезнат со текот на времето. ГОРЕ

Враќање на старата состојба
Во зависност од степенот на активност која ја бара вашата работа, можете за неколку дена да се вратите на работа.

Следете ги препораките на вашиот хирург во врска со вежбите и враќањето на вашите нормални активности. Вашите гради веројатно ќе бидат мошне чувствителни на директна стимулација во текот на две-три недели, па поради тоа избегнувајте вакви видови на физички контакти. Подоцна, после две-три недели, нема да имате болки на вашите гради, а осетот на вашите гради ќе се врати на претходна нормална состојба.

Вашите лузни ќе останат цврсти и розеви уште минимум околу шест недели. После тоа тие ќе останат неколку месеци во иста големина; Лузните ќе почнат да исчезнуваат во текот на неколку месеци; меѓутоа, нема целосно да исчезнат..

И покрај тоа, техничарот за мамографија ќе мора да користи специјална техника за поверодостојно снимање кај жените од бараната група од возраст, а со рутинските маммограми би требало да се продолжи после операцијата за зголемување на градите. ГОРЕ

Вашиот нов изглед
Бидејќи жените изгледаат мошне среќни со нивниот пополнет и добро оформен изглед, резултатите од операцијата за зголемување на градите се мошне задоволувачки.

Regular check-ups by the surgeon and routine mammograms prescribed for specific age groups will ensure the early detection and successful treatment of complications, if any.

The decision to have breast augmentation is something that is totally up to you and no one else can understand your reasons for it. The important thing is how you feel about it. If you have realised what you yourself have been aiming for, then the operation has been a success.

За подобро здравје..... ГОРЕ
  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење