Обновени органи со микрохирургија
Микроскопот обелодени дека е толку тенко што не може да се види со голо око, толку тенки материјали што може да се справуваат со ситните садови.....Овие се користат во микрохируршката техника која овозможува зашивање на крајно тенките садови и нерви. Благодарение на оваа техника, може да се најде решение против губитокот на ткивата или органите што може да се случи скоро на сите делови од телото.
Пределот глава-врат
Доцент Проф. Др. Шукру Јазиџи, Специјалист по пластична естетска и реконструктивна хирургија наведува дека некои органи кај главата и вратот можат да бидат обновени или реконструирани користејќи микрохируршки операции. На пример, поради туморот долната вилица може да се посака да се отстрани преку хируршки пат. Следствено на тоа, квалитетот на животот на пациентот многу се компромитира поради обемното губење на ткивото во делот на долната вилица. Во тој момент се вклучува микрохирургијата. Со оваа техника, се зема кожата и коската од ногата, препоната или од задната страна заедно со крвните садови кои ги хранат и се трансплантираат на местото кадешто е отстрането ткивото и се обновува долната вилица. За хранење на новотрансплантираните ткива, под микроскоп се зашиваат краевите од крвните садови на ткивата со краевите од крвните садови на местото во коешто се трансплантираат, за да протечува крвта низ нив.
Покрај тоа, кај пациенти кои останале без нос поради тумор или трауми, носот се формира од ткива кои се земени од подлактицата и се трансплантираат.
Несреќите на работа се најчесто среќаван општ проблем во нашата земја. Др. Јазар ги кажува најважните делови кога длакавата кожа делумно е искубана во машините или целосно исечена особено во работилниците, и коишто доаѓаат во болница во поволни услови, таа може да се зашие со микрохируршка техника, или примери кадешто со микрохируршката техника е можно да се ЗАшие увото кое е откинато при несреќа.
Оштетувањето на носот, горната вилица или долната вилица како последица на рани од огнени оружја, можат да го нарушат сиот човечки живот. Денеска е можно ткивото од раката, од бедрото, и ногата да се трансплантира на пределот од лицето. Со методот на микрохирургија можно е да се оформи нова горна вилица, долна вилица и нос за пациентот. На кожата од раката се дава цевчеста форма со помош на микрохируршкиот метод и со тоа станува можно да се обнови езофагот кој е отстранет поради туморот. Мускулите и нервите се трансплантираат истовремено за да донесат движење на лицето на пациентот кој има парализа на лицето како последица на несреќа или тумор. На овој начин парализираната страна може да стекне навремено функционирање. Покрај тоа, кај болеста Ромберх којашто го зафаќа пределот од лицето, ги разложува сите меки ткива, масни ткива како и коскеното ткиво. Ова може да биде еднострано или обострано. Кај овие пациенти, кожата на пределот од делот од грбот или од стомакот е тенка и се користи за пополнување при примената на микрохируршкиот метод. Со ова, се елиминира дупката на лицето од пациентот.
Пределот на раката
Микрохирургијата е составен дел од хирургијата на рака. По наводите на Др. Јазган, доколку раката или другите органи се откинат после одредени трауми, треба веднаш да бидат зашиени на своите места. Но, понекогаш ова не е можно да се направи. Имено кај овие пациенти, чии прсти од рацете се откинати, а не можат навремено на лице место да се зашијат, или кај деца коишто се раѓаат со помал број на прсти од рацете, од нозете можат да бидат трансплантирани на лице место така да се доведат до функционалност и погодно служење со нив во секојдневните активности а и за естетски изглед. Микрохирургијата нуди решение и на проблемите кај горните екстремитети како што се збиеност на нервот, оштетување на формата и функционални оштетувања поради реуматичен артритис и други видови на артритис, вродени аномалии на рацете, како на пример полидактилност, синдактилност, или пак коските од раката поради изгоретини. Др. Јазар тврди дека техниката на микрохирургија се користи за повраќање на изгубените функции на некој орган. На пример, доколку нервот кој ги поттикнува прстите коишто се откинати поради траума не е излечен, мускулот на тој предел може да не функционира. Во тој случај, мускулот преземен од друг предел на телото се пренесува на потребниот предел и се овозможува да органот повторно се здобие со својата функција.
Тело (обновување на дојката)
Ракот на дојка може да изискува целосно отстранување на дојката доколку не се локализира или барем навремено детектира. Откога дојката е симбол на женственоста, повеќето жени паѓаат во депресија следејќи го методот на мастектомија. Во таа фаза, повторно се вмешува техниката за реконструкција; кожата и масното ткиво со слични карактеристики се земаат од пределот на стомакот и се оформува нова дојка на пациентот. Др. Јазар наведува дека благодарение на развојот во техниките на микрохирургија оваа постапка се изведува без да се оштети мускулот на пределот на стомакот. Во обновувањето на дојката, општо се претпочита ткивото на пациентот. Обично, кожата и масното ткиво под кожата на пределот од стомакот и мускулот кој се храни со нив , се подготвени на таков начин да ја оформат формата на дојката. Потоа, мускулот се превртува и се носи на пределот на дојката. Откако еден од мускулите којшто го сочинуваат предниот дел од стомачниот ѕид се користи во овој метод, понекогаш, можат да се појават ризици како што се ослабување или херниа. Но, благодарение на развојот на микрохирургијата, крвните садови кои ја хранат кожата и масното ткиво под кожата може да се подигнат без да се користи стомачниот мускул и без да се оштети мускулот и подготвеното ткиво се донесува до пределот на дојката заедно со садовите на ткивото. Тогаш садовите коишто ќе ги хранат ткивата од пределот на дојката, се зашиваат внимателно под микроскоп. На овој начин, се задржуваат функциите на мускулот на пределот од дојката. Со тоа, пациентот се здобива и со нова дојка и се ослободува од маснотиите на пределот од стомакот. Можно е да се оформи нова дојка со микрохирушки метод истотака и кај пациентите кои претходно имале операција на стомакот или чие стомачно ткиво не може да се користи за оформување на дојка со ткиво преземено од бедрото или ногата.
Пределот на ногата
Друго значајно поле на микрохирургијата е обновување на изгубеното ткиво на пределот од ногата, што е најчесто изложен предел на повреди при сообраќајни несреќи. Др. Јазар наведува дека обично кожата, мускулот или ткивото од коската коешто се презема од другата нога или од друг предел од телото, и се пренесува на оштетениот предел; Др. Јазар наведува дека обично кожата, мускулот или ткивото се презема од другата нога или од друг предел од телото, и се пренесува на оштетениот предел; зараснувањето на коската трае долго, а и осталгитисот на пределот на ногата може да развива делови кадешто недостига мекото ткиво посебно кај случаите на сообраќајните несреќи или кај отворените фрактури. Методот на микрохирургија е особено важен за затворање на отворените рани околу зглобовите.
Трансплантацијата на мускулите од грбот или стомачните мускули на зглобовите носи значајни придобивки на пациентот. На овој начин, коската повторно се соединува, зголемувањето на инфекцијата се елиминира, а пациентот добива прилика повторно да прооди. Во случај кај којшто осталгитисот се развил во рани од кои порано сме пателе, и кои не биле соодветно лечени, инфицираниот дел на коската се отстранува со неколку операции изведени заедно со ортопедите. После тоа, мекото ткиво и мускулот се трансплантираат на тој предел. Како последица на тоа, коската почнува брзо да заздравува. Покрај тоа, и откинатата нога и зглоб можат на лице место да бидат зашиени користејќи микрохируршки метод.
Полови органи (обновување на пенисот и вагината)
На телевизија и на весници често гледаме вести како луѓето остануваат без пенис поради несреќи. Во таквите случаи, пенисот може да се обнови со пренесување на ткивата од раката или ногата заедно со коската. Ако пенисот ќе се обновува од дел преземен од раката, во тој случај таа протеза се внесува во иста или втора фаза така да го оспособува машкото да има сексуални односи.
Кај рак на срамницата (вулвата) се јавуваат опсежни оштетувања на ткивото поради отстранувањето на туморот од широкиот дел, или пак кај вродените оштетувања на срамницата, таа може да се обнови со микрохируршки метод.
|