Одде лението за невролошки науки е составено од одделенијата за Неврохирургија, Детска Неврохирургија, Неврологија, Неврорадиологија, Невроанестезиологија, Психологија и Психијатрија. Лабораториите за Електроневропсихологија, и единиците за CT и MRI истотака го поддржуваат ова одделение во нашите болници. Со лекувањето на неврохируршките случаи на највозрасни и на деца, ова одделение стана центар за препорака како во земјата така и ширум Европа.
Одделението за невролошки науки се состои од:
- Хирургија на мозокот (Неврохирургија)
- Детска неврохирургија
- Неврологија
- Неврорадиологија
- Невроанестезија
- Психијатрија
Во Одделението за неврохирургија може да се изведат сите видови на неврохируршки операции како што се:
Болести на дискуси и дегенеративни нарушувања на `рбетот
Трауми
Болести на крвните садови на мозокот и на `рбетниот столб
Невроонкологија
Лекување на невроендоскопија и хидроцефалус
Функционална неврохирургија
Хирургија на периферен нерв
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ДИЈАГНОЗИРАЊЕ
- 3 TESLA MR уредите, по првпат во светот се користени за снимање на целото тело, кои во споредба со претходните 1.5 TESLA MR уреди може да произведуваат поголема снага на магнетно поле и да примаат повеќе сигнали од ткивата. Поради тоа, информациите кои се добиваат се мошне веродостојни, било предоперативно или постоперативно.
- Неодамна отворениот Гамма Книфе центар е златен стандард во лекувањето на тумори на мозокот, и тоа без хируршка интервенција. Согласно податоците од 2005 година, Гамма Книфе лекувањето е користено во лекувањето на разни нарушувања на мозокот кај повеќе од 300.000 пациенти ширум светот, а Гамма Книфе тимот на Аџибадем зазема значителен процент во оваа бројка со веќе околу 2.500 лекувани пациенти.
Аџибадем Групата за здравствена заштита е прочуена во земјата по тоа што во своето Одделение за детска неврохирургија ги изведува сите видови на операции на пациенти од 0-18 годишна возраст. Една од таквите операции е операцијата на епилепсија . Примарното лекување на епилепсијата е со лекарства, но во 30 % од случаите лекарствата не делуваат на пациентите. За овие пациенти изборот е операција. Сите три вида на операции на епилепсија (ресективната операција, дисконективна операција и операција со стимулирање на вагалниот нерв) успешно се изведуваат во Аџибадем Групата за здравствена заштита.
Состаноците за спастичност се изведуваат месечно кадешто мултидисциплинарниот тим составен од детски неврохирурзи, детски невролози, ортопеди, тераписти за говор и специјалисти за рехабилитација проценуваат и планираат лекување на спастични деца од целата земја. Всадување на Баклофен пумпа и селективни грбни ризотомии се изведуваат на погодни пациенти со ветувачки резултати.
|