Центарот за Меѓународни Пациенти
Центарот за меѓународни пациенти при Аџибадем Групата за здравствена заштита е предодреденa да ги задоволи здравствените барања на странските пациенти и да ја запознае групата за здравствена заштита на надворешниот свет. Центарот за услуга ‘one-stop' нуди услуги на здравствена заштита на странски пациенти од денот на нивното барање до враќањето во своите земји.
Тоа е почетна точка за контакт во однос на добивање на лекарска информација. ориентација и запишување. Тоа е тим со забрзано зголемување, составен од лекари и специјалисти (кои ги зборуваат сите меѓународни јазици; Англиски, Арапски, Руски, Албански итн), кој организира `здравствени престои` на меѓународните пациенти согласно нивните потреби и очекувања.
“Здравствениот престој“ започнува со закажување на првата средба со лекарот. Почнувајќи од спроведувањето на лекарските консултации и прифаќањата па сè до патувањата и хотелските сместувања, персоналот на Центарот за меѓународни пациенти се обврзува да направи сè за да престојот на пациентите и нивите семејства се чувствуваат удобно во текот на нивниот престој. Пациентите од целиот свет се обраќаат на овој центар за секоја медицинска специјалност и добиваат услуги на бесплатна е-консултација.
Лекарски консултации
Доколку барате лекарска консултација, ви предлагаме да испратите комплетна медицинска историја, заедно со секоја корисна рентгенска снимка и резултати од лабораториски тестови, и тоа било по е-маил, факс или пошта. Откако лекарот ќе ја прегледа вашата медицинска историја, ќе ве контактираме за текот на лекувањето и за тоа дали е препорачливо да се патува за Турција за тоа лекување или не. Штом утврдиме дека лекувањето е погодно во нашиот центар, ќе ги закажеме сите средби со лекарите, вклучувајќи и за дијагнозата и лабораториските тестови и постапки, како и постапките доколку е потребно. Погодноста за закажување зависи од природата и итноста на здравствената состојба.
Примарна и специјална нега
Примарната и специјалната нега на надворешните пациенти се обезбедува со група од лекари за повеќе специјалности која врши опсежна нега во неколку специјалности и субспецијалности.
Нашите услуги содржат:
•
Закажување на лекарски средби со пратење на негата
(пред и после оперативно вреднување)
• Помош при прифаќањето и отпуштањето од болница
• Средување на сместувањето
• Средување на превезувањето од аеродром
• со постапките за уплата и упростување на финансиските трансакции
• Помош при јазична интерпретација
• Помош со средување на локалните посети и екскурзии
•
Помош во постапката при добивање на виза
• Помош на пациентот и неговото семејство пред и после неговото пристигнување
• Помош при меѓународното осигурување
|