Онкологија

  Онкологија
Хемотерапија
IMRT
Радиотерапија
  Листа на лекарите
 


Аџибадем Болница во Козјатаги

Аџибадем Центар за радиотерапија
Информации за радиотерапијата
Тродимензионална конформална Радиотерапија (Надворешна)
Брахитерапија (Внатрешна)
Уредите и системите при Аџибадем Центарот за радиотерапија
Радиотерапија по одделенија (Лекување со радијација)
Областа Општа хирургија
Областа Гинекологија и Акушерство
Аџибадем Центар за радиотерапија



Аџибадем Болница во Козјатаги

Свечено отворена во 2004 година, како осма алка од Аџибадем Група за здравствена заштита, Аџибадем болницата во Козјатаги е установа за заштита на здравјето која се разликува по применувањето и вршењето истражувања во областа на невролошките науки и во обезбедувањето на современа лекарска пракса во операцијата и лекувањето на ракот, во трансплантацијата на коскената срцевина, во хемотерапијата и во радиотерапијата. Со посебен нагласок на одделенијата за гастроентерологија, хирургија на ракот, гинекологија, урологија и ортопедија, неврологија и неврохирургија кои функционираат како центри за истражување, болницата нуди “мултидисциплинарен приод за ракот“. Горе

Аџибадем Центар за радиотерапија

Слично на повеќето напредни центри во светот за лекување на ракот, нашиот центар прифати мултидисциплинарен приод и во областа на дизајнирање на лекувањата на нашите пациенти, има соработка во следните области:

  • Радиологија
  • Нуклеарна медицина
  • Хирургија
  • Патологија
  • Медицинска онкологија за возрасни и деца
  • Радијациона онкологија
  • Лекување со психијатриска поддршка
  • Психолошко советување
  • Поддршка од медицински сестри

    Единицата за надворешна радиотерапија се базира на системот на симулатор и планирање на лекувањето, којшто директно е поврзан со најнапредните методи за радиотерапија во светот, потоа на двата ИМРТ линеарни акцелератори кои можат да функционираат на различни нивоа на енергија, на компјутерската томографија и на МР системите за снимање. Со операциона сала за брахитерапија од светска класа, со најнапредна опрема за брахитерапија и систем за брахитерапија за простата, не се поштедени напорите Аџибадем болницата во Козјатаги да стане супериорен центар за лекување на ракот.

    Методите “Тродимензионалната конформaлна радиотерапија“ и “брахитерапијата“ коишто се применуваат во центарот, ја зголемуваат дозата на радијација на туморот и на целните ткива, со што истовремено ги зголемуваат шансите за успешна терапија, овозможувајќи индивидуално ускладено лекување на пациентите. Нашиот центар истотака обезбедува и анестезирано лекување на тумори кај децата.
    1. Аџибадем Центар за радиотерапија
    2. Тродимензионална конформална радиотерапија
    3. Брахитерапија
    4. Радиотерапија по одделенија (Лекување со радијација) Горе

Информации за радиотерапијата

Радиотерапијата е една од ефективните методи на лекување на пациентите заболени од рак. Тоа е едноставно применување на јонизирана радијација на туморот или целните ткива. Радиотерапијата главно се користи за лекување на рак но истотака може да се користи и во лекувањето на некои немалигни заболувања.
Јонизираната радиотерапија ги уништува клетките или ги контролира да не растат или да се множат. Со тоа, таа го оневозможува растењето на клетките од туморот. Иако радијацијата ги оштетува и клетките од ракот и здравите клетки, здравите клетки се во состојба да се поправаат сaмите себе и соодветно да функционираат.
Честопати радиотерапијата ги уништува сите ткива на туморот и може успешно да лекува повеќе видови на рак. Радиотерапијата може да се користи самостојно или во комбинација со хемотерапијата или со хирургијата така да биде од помош во намалувањето на туморната маса пред операцијата, и за елиминирање на микроскопските клетки од туморот после операцијата.

Внатрешна радијација (брахитерапија)
Имплантите кои содржат извори на радијација се сместуваат директно во туморот или во некоја шуплина од телото покрај целта.

Надворешна радиотерапија

Најопштата употреба на методите за радиотерапија се пред сè, машина која насочува зраци на голема енергија директно на ракот, при мала количина на здрави клетки околу него.
• Радиотерапијата е безболна
• Морате да ја задржите истата положба на лекување во текот на сесијата
• Надворешната радијација не ве прави радиоактивни, нема да има никаква штета на вашето семејство
• Не ви опаѓа косата, освен ако радијацијата е насочена на вратот или главата.
• Важно е да се има доволен одмор и да се држи добро урамнотежена диета во текот на радиотерапијата.
• Кожата на пределот на радијацијата може да стане осетлива и лесно да се раздразнува.

Тимот за лекување: Високообучен иот тим за здравствена заштита содржи онколог, медицинска сестра кои ќе бидат одговорни за вашето лекување со радиотерапија.
Радиолошкиот онколог е лекар кој е специјализиран во користењето на радијацијата за лекување, ќе ви го одреди видот и траењето на третманот кој е најпогоден за вас. Вашиот радиолошки онколог ќе ве испита најмалку еднаш неделно во текот на радиотерапијата; внимателно ќе го набљудува вашето лекување, доколку е потребно ќе направи неопходни измени согласно измените во однос на туморот и негативните влијанија на лекувањето, ќе биде во тесна соработка со другите лекари и професионалци за здравствена заштита вклучени во вашето лекување. Ве молиме да го информирате радиолошкиот онколог во врска со забележителните симптоми поврзани со болеста и негативните влијанија. Тој или таа ќе ви препише погодни лекарства за да направи да се чувствувате удобно.
Радиолошкиот онколог истотака редовно ќе ве следи и по завршувањето на радиотерапијата.

Радиологот е лице кое осигурува дека машината за радијација испушта точна количина на радијација и тоа на потребниот предел од телото. Радиологот работи со радиолошкиот онколог за да избере распоред на третманот и дозата која има најдобри шанси да уништи највеќе клетки од рак.

Технологот по радиотерапија, којшто има завршено студии во врска со користењето на технологијата за радиотерапија раководи со опремата која испушта радијација. Медицинската сестра по радиотерапија ќе го координира вашето лекување, и ќе ве информира за решенијата во врска со здравствената заштита .

Социјалните работници ќе ви помогнат за решенијата за здравствената заштита, сместувањето, превозот и другите видови проблеми.

Вреднување и примање на радиотерапија

Откако ќе бидат извршени физичкиот преглед и увидот во вашата здравствена историја, лекарот го планира вашето лекување. Откако ќе ве прегледа, вашиот лекар решава за тоа кој вид на рак го имате и колку може радијацијата да продре во вашето тело. Понекогаш би можело да има потреба од дополнителни испитувања.

Откако биде решено дека во вашето лекување ќе се вклучи радиотерапијата, вашиот лекар ќе ве распореди за симулација и за планирање на лекувањето со радиотерапија. Лекарот ќе ви даде информации за планираната радиотерапија и за несаканите ефекти. Ве молиме да не се двоумите да поставувате прашања во врска со вашата болест и лекување. Неколку членови од семејството или пријатели се добредојдени доколку сакате тие да бидат присутни додека дискутирате со лекарот за вашата болест. Покрај тоа, медицинската сестра ќе ви биде на располагање да дискутирате за вашите грижи и да ви одговори на вашите евентуални прашања.

Одобрување на лекувањето и образец за согласност

Пред да се отпочне со планирањето на лекувањето м ора да го одобрите третманот со потпишување на образецот со информации во врска со несаканите ефекти на предвидениот план за лекување.
Радиолошко онколошкиот тим при Аџибадем болницата во Козјатаги ќе ве информира во врска со вашата болест, алтернативите на лекување и можните несакани ефекти од препишаниот третман. Откако ќе ги научите користите и можните несакани ефекти на третманот, и откако ќе се согласите со тоа, љубезно ќе бидете замолени да го одобрите образецот за согласност.

Закажувања

Од мошне големо значење н ѝ е да обезбедиме високо квалитетна индивидуализирана услуга на нашите пациенти. Важно е да се почитуваат роковите на планирање и изведување на лекувањето, да се придржуваме кон распоредот, да се спречуваат одложувањата и да се почитува редот на распоредот за секој пациент. Ќе направиме с ѐ што е неопходно за да бидеме на време. Меѓутоа понекогаш може да се јават ненамерни одложувања поради итни случаи, што би можеле да влијаат на распоредот.
Откако ќе се планира и ќе се започне со вашето лекување според распоредот, вашето лекување ќе трае само петнаесет минути. Меѓутоа, понекогаш може да затреба додатно време, поради тоа дали би можеле да го организирате вашето време да останете уште половина час повеќе во нашиот центар за дневен третман. Ви благодариме за вашето трпение.

Планирање на лекувањето и симулација

Индивидуализираниот план за вашето лекување ќе биде подготвен од страна на тимот за радиолошка онкологија согласно вашата болест. Делот од процесот на планирање на лекувањето се нарекува симулација која се изведува со специјален којшто помага за одредување на уред наречен симулатор којшто помага во одредувањето на обемот на третманот. Другите процеси како што се планирањето на компјутеризирано лекување и пресметка на дозата се врши на со други машини.
Во текот на симулацијата мора да ја задржите вашата положба на масата за симулација како што ќе побара технологот за радиотерапија. Радиотерапевтот користи специјални машини за х-зраци за да го одреди полето на лекување. Со тоа ќе биде одреден точниот предел на вашето тело од кадешто ќе се насочува радијацијата. Во зависност од локацијата на вашиот рак, може да имате повеќе од едно поле за лекување.Симулацијата може да вклучува и ЦТ снимки или други испитувања со снимки за да се планира на кој начин ќе се насочува радијацијата. Симулацијата може да потрае од половина час до околу 2 часа.
• Во зависност од видот на лекувањето кое ќе го примате, ќе бидат направени калапи за телото или други уреди (уреди за задржувањена положбата) кои ќе ве држат да не се придвижувате во текот на лекувањето. Тие ќе бидат користени секогаш при третманот за да се утврди дека точно сте се наместиле.
•   Радиотерапевтот често ќе ја обележува вашата кожа на местото на полето за лекување со тетоважа или со тенки обоени точки со мастило. Мошне е важно радијацијата да биде насочена секогаш на ист предел. Доколку точките избледат, кажете му на радиотерапевтот повторно да ги обележи за да полесно се забележат.
• Здравите ткива ќе бидат заштитени од несаканите ефекти од радијацијата со специјални уреди како што се многуслојни колиматори.
Штом се изврши симулацијата, лекарот ќе се сретне со физикалниот радиолог и дозиметристот. После нивната средба ќе бидете информирани кога лекувањето може да отпочне.

Лекување

Обично, радиотерапијата се дава 5 пати неделно, во текот на 5 до 6 недели, меѓутоа тоа може да биде сменето согласно болеста и пределот. За распоредот на лекувањето ќе бидете информирани од радиололошкиот онколог. Во текот на лекувањето ќе бидете прегледувани еднаш неделно од страна на радиолошкиот онколог. Вашиот лекар ќе ве прегледува и ќе врши анализи на крвта. Ве молиме да го известите вашиот лекар за било кои измени во врска со лекувањето и болеста, да му поставувате прашања и да ги кажете вашите маки.
Вашата медицинска сестра ќе ви помага во врска со разни ваши потреби и прашања.

Ве молиме да го известите секретаријатот или технологот по радиотерапија кога ќе стигнете во Онколошката клиника. Времето за лекување не е подолго од половина час но во секој случај организирајте го вашиот распоред дека во случај на потреба може да останете околу еден час во Клиниката за радиолошка онкологија.


Лекувањето со надворешна радијација е безболно, исто како кога се вршат снимки со х-зраци. Нема да чуете, видите ниту да чувствувате мирис на радијација. Технологот по радиотерапија ќе ви помогне да ја заземете погодната положба за третманот. Како и да е, сепак треба да бидете мирни во текот на лекувањето за да радијацијата продре само до потребното место. Тоа е местото што секогаш ќе биде лекувано.
Пред да започне лекувањето ќе бидете сами во собата за лекување, но затоа ќе бидете набљудувани преку телевизискиот екран или преку прозорецот од контролната соба, а технологот може да ве гледа, да ве чуе и дури и да зборува со вас преку интеркомот поставен во собата за лекување. Доколку ви се слоши, или ви е неудобно, веднаш известете го терапевтот. Машината може да биде допрена во секое време.
Машините користени за лекување на со радијација се многу големи, и додека се движат околу вашето тело за да го пронајдат најпогодниот агол за лекување, прават бучава. Во собата за лекување, радиотерапевтот ќе обележи знаци на вашата кожа за да го лоцира пределот за лекување и точно да го позиционира. Радиотерапевтот може да стави специјални плочи меѓу машината и одредени делови од вашето тело, за да ги заштити здравите ткива и органи. Може да има пластики или пластични форми кои ќе ви помагаат да останете точно на најпогодното место.

Можни несакани ефекти

Како и сите видови на лекување на ракот, така и радиотерапијата може да има несакани ефекти, но повеќето од нив не се со постојан карактер. Можните несакани ефекти на лекувањето со радијација вклучуваат привремено или постојано опаѓање на косата на пределот на лекување, раздразнување на кожата, привремено менување на бојата од кожата на пределот на лекување и замор. Другите несакани ефекти во големо зависат од пределот на телото кој се лекува. Доколку сакате повеќе информации во врска со несаканите ефекти, ве молиме да го прашате вашиот лекар, технологот по радиотерапија и медицинската сестра. Мора да се одморите и доволно да јадете.

Грижата за вас самите

Важно е да се грижите за вашето здравје во текот на лекувањето
Мошне важно е добро да се храните. Потрудете се да држите. урамнотежена диета што ќе спречи губење на тежината. Ве молиме известете го лекарот доколку имате проблеми со исхраната или планирање на диетата. Диета која вклучува богати протеини ќе биде од помош против заморот. Ве молиме осигурете да вашата диета содржи доволно протеини како што се млечни производи, месо, риба и грав. .
Потрудете се да бидете одморени во текот на лекувањето.
Пред да започнете со лекувањето, бидете сигурни дека лекарот знае за вашите лекарства кои ги примате и за вашите алергии. Заштитете го пределот на лекување од сонцето. Без да го прашате вашиот лекар, не мачкајте го вашиот предел на радијација со креми или со течности. .

Следење

За да се провери вашата општа состојба и прифаќањето на третманот, после завршувањето на вашето лекување ќе ви се закажуваат термини за да ве прегледа вашиот лекар. Ве молиме бидете доследни на лекарските прегледи за следење на вашата здравствена состојба.
Можете да нѝ се јавите на ............ во врска со понатамошни информации Горе



Тродимензионална конформална Радиотерапија и ИМРТ (Надворешна)

Овој уред ја лекува болеста со насочување на висока доза на зрачење на туморот и целните ткива. Истотака е добар во откривањето на локациите на канцерогените ткива. Добар е Се прецизираат местата на ткивата со рак, со висока доза се зрачи туморот а се дава ниска доза на радијација на здравите ткива. Со тоа се зголемуваат шансите на лекување на многу видови на рак и ги намалува несаканите ефекти:

  • Рак на главата-вратот
  • Рак на простатата
  • Рак на ждрелото
  • Тумор на мозокот
  • Гинеколошки тумори
  • Рак на белите дробови
  • Рак на дојката
  • Тумори на мекото ткиво
  • Рак на панкреасот Горе

Брахитерапија (внатрешна)

Може да се користи пред или после надворешната радиотерапија, или самостојно. Се применува со положување на радиоактивни извори во туморот и целните ткива, и тоа преку специфични методи, а се преземаат и мерки за ограничување на дозата околу изворот. Повеќето се применува во ,

  • Тумори на главата-вратот (како што се ракот на усната, јазикот, основата од устата, и назофаренксот)
  • Бронхијални тумори
  • Рак на ждрелото
  • Рак на дојката
  • Саркома на мекото ткиво
  • Гинеколошки тумори
  • Рак на простатата
  • Непростатни уролошки тумори
  • Детски тумори Горе

Уредите и системите при Аџибадем Центарот за радиотерапија

  • Дволинеарни акцелераторски уреди со динамична МЛЦ, применливи со фотони и електронска енергија
  • Уред за брахитерапија со високодозна брзина (ХДР
  • Конвенционален симулатор
  • ЕЦЛИПС-ХЕЛИОС уред за компјутерско планирање на радиотерапијата способен за напредно планирање (може да фузира МР снимки)
  • ПВИ портален систем за снимки кој овозможува дигитално снимање на пределите за лекување поради проверка на применетиот третман.
  • ВАРИС мрежа која овозможува информации и размена на снимки меѓу снимки, планирање и уреди за лекување со што го олеснува користењето на магнетната резонанца и пренос на томографските снимки во планирањето на лекувањето, како и снимките одкомпјутерската томографија.
  • Дозиметар уредите осигуруваат својствени перформанси и перформанси со висок квалитет на уредите за лекување. Горе

Радиотерапија по одделенија (Лекување со радијација)

Во областа на Урологијата

Хируршкиот метод, надворешната радиотерапија и брахитерапијата имаат еднаков успех во раната фаза на рак на простата. Примените на тродимензионалната конформална радиотерапија и брахитерапијата, во однос на несаканите ефекти може да се споредуваат со радикалната простатектомија. Нема уринарна инконтиненција со надворешната радиотерапија и брахитерапија. Надмоќноста на брахитерапијата над надворешната радиотерапија во рак на простатата е во тоа што ректумот, малите црева и бешиката во близина не се изложуваат на радијација. Тоа е метод на лекување којшто го минимизира ректалното крварење и нарушеноста на функцијата на ерекцијата. Преку овој метод на лекување можно е пациентот да се врати на секојдневните активности и на квалитетниот живот.

Во текот на радиотерапијата, суштински е ,

  • Да бидат снимени сите околни органи ,
  • Да биде направено детално планирање на дозирањето ,
  • Да бидат направени хистограми на обемот на дозирање кои ќе покажат кои органи се изложуваат на колкава радијација ,
  • Радиотерапијата да биде одржувана во прифатливи граници.Горе

Во областа на Општата хирургија

Во Ракот на дојката:
Радиотерапијата, во голем дел претставува дел од стандардното лекување на пациентите со рак на дојката. Кај овие пациенти, со техника на конформално лекување, радијацијата на органите коишто се подложени на радијација – како што се срцето и белите дробови – се доведува до минимум со примената на надворешна радиотерапија и го зголемува успехот на лекувањето.

Кај пациентите со рак на дојката, чијшто животен век се очекува да биде долг, мошне важно е спречувањето на контраиндикации на срцето и на белите дробови кои се во тесна врска со оваа болест. Во овој случај, додатната доза насочена на леглото од туморот, може да се примени на начин кој ќе ги заштити околните ткива или радијација на леглото на краткорочниот тумор може да биде метод на избор кај селектираната група на пацинти. Во случаи на рак на дојка, можно е да се примени интраоперативна брахитерапија.

Во Колоректалниот рак:
Во зависност од местото и фазата на болеста, било предоперативно или постоперативно, радиотерапијата воглавно се применува заедно со хемотерапија. Во колоректалниот рак, со тродимензионална радиотераписка техника се намалуваат дејствата на радијацијата на тенките црева и на другите органи околу туморот. Кај аналните тумори, радиотерапијата се карактеризира како заштита од сфинктер или терапија на спас од повторливите тумори.

Во ракот на панкреасот:
Радиотерапијата која се применува постоперативно, го зголемува успехот кај пациентите са рак на панкреасот. За време на радиотерапијата; заштитата на бубрезите, црниот дроб, желудникот и тенките црева кои се изложени на радијација, може да се изврши единствено со техника на тродимензионална конформална радиотерапија. Горе

Во Гинеколошки рак:

Радиотерапијата во применета во терапевтски дози е корисна во сите фази на сервикс ракот. Зголемувањето на дозата на радиотерапија и со истовремена примена на хемотерапијата, ја зголемува шансата за успешно лекување.Токму поради таа цел, потребно е надворешната радиотерапија и брахитерапијата да се применат со погодна техника и на најдобро ниво да се соединат. Мошне е важно да се одржува дозата на радијација во границите на толеранција поради ректумот, бешиката и тенките црева коишто се во близина и изложени на радијација. Ова е можно со примена на техниката на тродимензионална конформална радиотерапија, и со вреднување на дозите на надворешна радиотерапија и брахитерапија.

Со постоперативна примена на брахитерапијата и надворешната радиотерапија се зголемува шансата на успех кај раната фаза на сервикс и ендометриум ракот. За да се зголеми шансата за успешно лекување и без грешки, потребно е следното:

  • Примена на најпогодна техника на радиотерапија ,
  • Напредно планирање и примена на радиотерапија

    При постоперативно повторување на гинеколошкиот тумор, како спасувачко лекување може да се применат надворешната радиотерапија и брахитерапијата.

    Радиотерапијата кај вагиналните тумори се користи како првенствен избор, а кај вулва туморите како помошен третман.Горе

За подобро здравје ...... Горе


  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење