Естетика, Пластична и Реконструктивна Хирургија

  Пластична Хирургија
  ринопластија
  Абдоминопластија
  Липосакшн
  Мамопластија
  Листа на лекарите
 Здравствени Пакети
 Mикрохирургија

Доколку се одлучите за ринопластија...
Најпогодни кандидати за ринопластија
Сите операции носат ризик
Планирање на операцијата
Подготвување за операцијаn
Каде ќе се изврши операцијата?
Видови на анестезија
Операција
После операцијата
Враќање на старата состојба
Вашиот нов изглед


Доколку се одлучите за ринопластија...
Ринопластија, или повторно моделирање на носот, е една од најраширените постапки за пластична операција. Ринопластијата може да ви го намали или зголеми носот, може да ја смени формата на работ и сводот од носот, може да ги намали ноздрвите или да го смени аголот на носот во однос на горната усна. Истотака, таа може да поправи и некои вродени аномалии и може да помогне во решавањето на проблемите со дишењето. Доколку се одлучите за риноплстија, оваа брошура ќе ви обезбеди основни информации во врска со постапката- Кога би можело да има подобар ефект? Како се врши? Какви резултати би можеле да очекувате? Меѓутоа, може и да не успеете да најдете одговори на сите ваши прашања овде. Поради тоа, консултирајте се со вашиот лекар во врска со детални информации за операцијата.
ГОРЕ

Најпогодни кандидати за ринопластија
Ринопластијата за зголемување, го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатите може и да не одговараат на вашите идеали. Размислете внимателно за вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата и дискутирајте за тоа со вашиот хирург.

Најпогодните кандидати за ринопластија се оние кои се со очигледна деформација на носот и кои сакаат тоа да им биде поправен. Доколку физички сте здрави и реални сте во очекувањата, можете да бидете добар кандидат.

Ринопластијата може да се изведе со цел да се постигне естетскиот идеал или за реконструктивни цели, а и како што се вродените аномалии или корекциите на проблемите за дишење.

Возраста е значаен фактор. Голем број на хирурзи не сакаат да вршат операции на млади луѓе кај кои сеуште не е целосно завршен процесот на растење – тоа е возраста околу 15-17 години кај девојките а кај момчињата малку подоцна, некаде на возраст од околу 17-19 години. Важно е да се земе во обѕир социјалниот и емоционалниот план на младиот човек и да се биде сигурен дека тоа е негова сопствена воља а не воља на неговите/нејзините родители.

Обезбедувајќи вршење на операцијата на ринопластија од страна на искусен хирург, компликациите се ретки и од мал степен. Како и да е, секогаш има веројатност од компликации како што се, крварење на носот, реакција на анестезија, и мошне ретко, инфекција. Можете да го намалите ризикот со внимателно придржување кон советите на вашиот хирург и пред и после операцијата.

Кога ринопластијата се изведува во внатрешноста на носот, после операцијата не се видливи лузните; кога се користи “отворената“ техника, или кога широките ноздрви се стеснуваат, на основата од носот се јавуваат мали, неприметливи лузни кои, обично се невидливи.

Приближно еден од петнаесет пациенти може да побара повторна постапка – на пример; тоа може да биде корективна хирургија на мала деформација. Корективната хирургија обично е мошне мала операција. ГОРЕ

Сите операции носат ризик
Обезбедувајќи вршење на операцијата на ринопластија од страна на искусен хирург, компликациите се ретки и од мал степен. Како и да е, секогаш има веројатност од компликации како што се, крварење на носот, реакција на анестезија, и, мошне ретко, инфекција. Можете да го намалите ризикот со внимателно придржување кон советите на вашиот хирург и пред и после операцијата.

Кога ринопластијата се изведува во внатрешноста на носот, после операцијата не се ведливи лузните; кога се користи “отворената“ техника, или когА широките ноздрви се стеснуваат, на основата од носот се јавуваат мали, неприметливи лузни кои, обично се невидливи.

Приближно еден од петнаесет пациенти може да побара повторна постапка – на пример; тоа може да биде корективна хирургија на мала деформација. Корективната хирургија обично е мошне мала операција. ГОРЕ

Планирање на операцијата
Комуникацијата помеѓу вас и лекарот е суштинска. Во текот на првиот преглед, лекарот ќе ве праша како сакате да изгледа вашиот нос, ќе ја испита структурата на вашиот нос и лице и ќе дискутира со вас за можностите. Покрај тоа, вашиот хирург ќе ви ги објасни факторите кои влијаат на операцијата и на резултатите. Тие фактори се, структурата на коската и на `рскавицата од вашиот нос, формата на вашиот нос, тенкоста на вашата кожа, вашата возраст и вашите очекувања. Истовремено, вашиот хирург ќе ви објаснува и за начинот на вршење на операцијата, болницата кадешто ќе ја изведе операцијата, ризиците и вашите избори. .

Повеќето полиси за осигурување не ја покриваат операцијата изведена поради козметички цели; меѓутоа, доколку операцијата е за реконструктивни цели со цел да ги поправи дишните патишта, или очигледен деформитет кој се појавил после некоја повреда, постапката може да биде покриена од страна на истата полиса за осигурување. Консултирајте се со вашиот претставник за осигурување и добијте пред-одобрение пред да се изврши операцијата.

Вашиот лекар би требало да биде информиран вашата претходна операција по повредите на носот, иако таа била извршена пред многу години порано. Доколку сте алергични или имате проблеми со дишењето, или сте под терапија на лекарства, или доколку сте пушач, бидете сигурни дека целосно сте го информирале. Не двоумете се да го консултирате лекарот во врска со прашањата кои би можеле да ги имате, особено во однос на очекувањата и вашите грижи во врска со резултатот од операцијата. ГОРЕ

Подготвување за операција
Вашиот хирург ќе ви даде специјални упатства како да се подготвите за операцијата, за правилата на јадење и пиење, за пушењето и за отпочнувањето или прекинувањето на примање на одредени витамини или лекарства, и како да го миете лицето. Со грижата за исполнување на упатствата ќе обезбеди операција без непожелни настани. Кога се подготвувате за операцијата, бидете сигурни дека сте обезбедиле некого да ви помогне во излегувањето надвор првите два дена. ГОРЕ

Каде ќе се изведе операцијата?
Постапката за ринопластија се изведува во болнички услови; операцијата може да потрае еден ден или да бидете хоспитализирани само една ноќ.ГОРЕ

Видови на анестезија
Во зависност од големината на постапката, или вашата желба или желбата на вашиот лекар, ринопластијата може да се изведе под локална или општа анестезија. Под локална анестезија, ќе бидете под лесна опуштеност (поспани) а вашиот нос и пределот околу вашиот нос ќе бидат под анестезија (анестетизирани); во текот на операцијата, ќе бидете будни, но опуштени и нема да чувствувате болка. Под општа анестезија ќе бидете успиени во текот на целиот тек на операцијата. ГОРЕ

Операција
Дури и при најкомплицираните постапки кои би можеле да потраат подолго, ринопластијата обично се изведува за еден и пол или два часа. Во текот на операцијата, коската и `рскавицата кои ја поддржуваат кожата од носот се одделуваат од сводот од носот и оваа структура за поддржување се ремоделира по желба. Структурата од новата форма зависи од видот на проблемот кој ве мачи или од техниката што вашиот хирург ја преферира. Крајната фаза од операцијата се состои во постелањето на кожата над новиот свод од носот.

Повеќето хирурзи ја изведуваат ринопластијата во внатрешноста од носот со вршење на засек преку ноздрвите. Другите пак, преферираат “отворена“ операција, посебно кај покомплицираните случаи; вршат мал засек долж “колумеллата“ вертикалното ткиво кое ги дели ноздрвите. Кога операцијата ќе биде готова, ќе бидат ставени завои на вашиот нос за да вашиот нос ја задржи својата нова форма, или доколку е потребно меки силиконски слоеви ќе се внесат во вашиот нос за да го стабилизираат септумот кој функционира како ѕид одделувајќи ги каналите за воздух. Операцијата се изведува во внатрешноста од носот или преку засеци направени на колумеллата.

После тоа, коските од носот се влечат за да се стесни задниот дел од носот. `рскавиците на работ од носот се стружат и се обликуваат за да работ од носот добие нова форма.

Ремоделирањето на септумот го коригира аголот помеѓу носот и горната усна. Доколку ноздрвите се преголеми, може да се намалат со отстранување на реиаголни парчиња од основата на ноздрвите. ГОРЕ

После операцијата
После операцијата, особено во текот на првите 24 часа, ќе почувствувате отекување на лицето. Може да имате лесна болка на носот и тапа главоболка. Носните завои ќе го спречат дишењето преку нос; ве молиме да не ги чепкате носните завои. Било кои нелагодности може да се стават под контрола со аналгетици препишани од страна на вашиот лекар. Првиот ден од операцијата, би требало да лежите со главата во крената позиција (со исклучок кога одите во клозет).

Во текот на два-три дена ќе осетите отекување и црвенило околу очите кои се зголемуваат и кои го достигнуваат врвот. Ладните облоги ќе го намалат отекувањето и ќе направат да се чувствувате подобро. Во секој случај, подобро ќе се чувствувате отколку што ќе изгледате. Отекувањето и црвенилото ќе исчезнат во текот на две недели (Некои тешко-приметливи отекувања кои само вие и лекарот ќе ги приметите, ќе исчезнат во текот на неколку месеци). Поради отекувањето, работ од вашиот нос ќе изгледа повеќе кренат отколку што навистина е, кое ќе помине штом помине отекувањето.

Може да имате лесно течење на носот во текот на првите неколку дена после операцијата; тоа е очекувано. Истотака во текот на неколку недели може носот да ви биде затнат. Штом ткивата заздрават, хирургот може да ве замоли да во текот на една недела редовно да ги испразните нечистотиите со издувување преку носот. Носните завои ќе бидат отстранети во текот на неколку дена (оваа постапка не е болна) и ќе се чувствувате поудобно. Гипсот ќе биде отстранет недела дена подоцна; меѓутоа, понекогаш може да затреба поставување на гипс по вторпат. Конците во внатрешноста од носот ќе исчезнат сами по себе. Конците на колумеллата (ринопластија со “отворена“ техника) ќе бидат отстранети во текот на 5-7 дена.

Формата или положбата на септумот може да се измени за да се отвори пат за дишење. Или искривените делови од септумот може да се отстранат. Носниот гипс се користи за да се сочува новата форма на носот и да се намали отекувањето (едема). ГОРЕ

Враќање на старата состојба
Повеќето пациенти се во состојба да се вратат на училиште или на својата работа во текот на една недела. Меѓутоа, ќе поминат неколку недели додека целосно се вратите на старата состојба.

Вашиот хирург ќе ви даде специјални упатства за да го олесни вашето враќање на вашите нормални активности чекор по чекор. Тоа се: Избегнувајте напорни активности во текот на две-три недели (џогирање, пливање, клекнување, сексуална активност-или било која активност која го зголемува крвниот притисок). Заштитувајте го вашиот нос од силно издувување преку носот, од чешање или од изгореници од сонце во текот на 8 недели. Внимавајте при миење на вашето лице или коса при користење на козметички производи.

Не носете очила за сонце во текот на 4 недели доколку немате потреба од тоа. Наместо тоа можете да користите контакт леќи кога сакате. Доколку обично носите очила за сонце, носете ги на начин на кој ви препорачува вашиот доктор – додека целосно не се опоравите (6-7 недели). .

Вашиот хирург ќе ве замоли да закажете средби во текот на неколку месеци, заради следење на напредокот на вашето опоравување. Во случај на неочекувани развои помеѓу две средби, или доколку имате некои прашања околу тоа што да правите или не, не двоумете се да му се јавите на вашиот лекар. ГОРЕ

Вашиот нов изглед
Во деновите после операцијата, додека сеуште имате отекување и црвенило, може да ви биде тешко да замислите дека ќе може да изгледате подобро од она што сте изгледале порано. Всушност, многу пациенти извесно време се чувствуваат депресивно после козметичката операција-што е очекувано и разбирливо.

Како што изгледот на вашиот нос ќе биде подобар од ден на ден, истотака ќе се чувствувате и подобро. За недела дена или две недели, ќе почнете да изгледате како да воопшто не сте подлегнале на операција. Опоравувањето е спор и прогресивен процес. Тешко-приметливите отекувања може да останат со месеци на работ од вашиот нос. Понекогаш, може да поминат помеѓу 6 месеци до една година додека вашиот нос не не го добие својот последна и конечна форма. Во мошне ретки случаи, може да трае година дена или повеќе.

После операцијата, сводот од вашиот нос зазема порамен изглед, работ од носот изгледа подобро, и аголот помежу носот и горната узна се зголемува.

Во меѓувреме, вашето семејство и вашите пријатели може да имаат неочекувани реакции на вашиот нов изглед. Може да тврдат дека не гледаат голема измена во носот. Може да ве навредат дека сте го расипале семејните или етничките карактеристики. Доколку овие работи се случат, пред сè размислете што била причината што сте се одлучиле за ваков чекор. Доколку сте го постигнале она што ви била целта, тогаш тоа значи дека операцијата била успешна.


За подобро здравје..... ГОРЕ
  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење