90 од 100 луѓе кои имале ласерска операција сега гледаат
без користење на очила

30-40 % од Европската популација и 70-90 % од Азиската популација пати од миопија (кратковидост)

30-40 % од Европската популација и 70-90 % од Азиската популација пати од миопија (кратковидост). Доцент Професорот Бану Џошар, офталмологот при Аџибадем болницата во Кадикој и Аџибадем центарот за очно здравје тврди дека како дополнение на оние кои патат од миопија, во последните години луѓето коишто патат од хиперопија истотака почнуваат да се одлучуваат за ласерска операција за да се ослободат од носење на очила. Таа вели, “Благодарение на последната генерација на ласерска опрема, 90 од 100 луѓе кои имале ласерска операција сега гледаат без користење на очила“ Доцент Професорот Џошар продолжува: “Луѓето со напреднат диоптер се загрижени за земјотресите или за срушувањето на нивните куќи, бидејќи без очила тие се со мошне ослабен вид и мошне беспомошни при таквите итни случаи. Поради тоа тие се одлучуваат за ласерска операција“.

ЛАСЕРОТ СЕ ПРИМЕНУВА НА МИОПИЈА ДО ДИОПТЕР 10

Меѓу најчесто поставените прашања од страна на пациентите со ослабен вид е времето на втората ласерска операција во случај ако со првата ласерска операција не се успее да се намали диоптерот до нула. Доцент Професорот Џошар вели дека втората ласерска операција е можна, доколку шест месеци после првата операција, рожницата достигне соодветно ниво на дебелина. Потребата од носење на очила почнува од диоптер 0,75 па нагоре, меѓутоа ласерската операција почнува од диоптер 1. Нагласувајќи дека диоптерот 10 е погорната граница за изведување на ласерска операција кај луѓе кои патат од миопија, Доцент Професорот Џошар привлекува внимание на фактот дека ласерската операција не се изведува на помал диоптер од 5-6 кај луѓето со астигматизам и хиперопија. Тврдејќи дека нема висока граница на возраст за ласерска операција, таа нагласува дека 18 годишната возраст е најдолната граница. Доцент Професорот Џошар продолжува: “Изведуваме ласерска операција на помлади луѓе откако ќе утврдиме дека нема измени во нивниот диоптер во текот на претходната година. Кај луѓе со мошне напредна возраст, изведуваме ласерска операција откако ќе го залечиме катарактот, глаукомот или другите проблеми со окото“.

МИОПИЈАТА ВОДИ КОН ЛАСЕРСКА ОПЕРАЦИЈА

Нагласувајќи дека ЛАСИЦ методот е најчесто изведуван кај пациенти со миопија, Доцент Професорот Џошар наведува дека скорешните подобрувања во ласерските опреми овозможија изведување на ласерски операции со зголемување на бројот и кај пациентите со хиперопија. Во првите три месеци по ласерската операција пресудно е за утврдувањето дали диоптерот ќе продолжи или не. ЛАСИЦ методот користен во нашата земја веќе долго време е златен стандард. Меѓутоа ПРК методот е претпочитаниот метод во случаи на дебела рожница. Кај ЛАСИЦ методот, видот на окото почнува да се избиструва во рок од 3-4 часа после операцијата, додека со ПРК се јавуваат болки на окото во првите три дена а видот се избиструва покасно. Што се однесува до ласерската операција на дијабетичарите, Доцент Професорот Бану Џошар го вели следното: “Доколку рожницата од окото (невралната обвивка) на некој пациент е погодена од дијабетес, тогаш тој не е кандидат за ваков вид на операција. Меѓутоа, откако дијабетесот ќе се стави под контрола и нема проблеми со рожницата и сите други услови се погодни за ласерска операција, тогаш ние постапуваме на изведувањето на операцијата.

НЕ ЗАСПИВАЈТЕ НИКОГАШ СО КОНТАКТ ЛЕЌИТЕ ДУРИ И КОГА СЕ ПРОПУСТЛИВИ НА КИСЛОРОД

Користење на очила или на контакт леќи може да предизвика проблеми во секојдневниот живот. Тешко е да се носат очила при пливање во базен или при спортување. Луѓето коишто носат очила, патат од виолетови кругови околу нивните очи поради намалената циркулација на крв предизвикан од притисокот којшто ја врши рамката на очилата. Младите адолесценти не сакаат да носат очила. Објаснувајќи дека на младите луѓе над единаесет години им се препорачуваат контакт леќи, Доцент Професорот Бану Џошар нагласува дека младите луѓе може да подлегнат на ласерска операција и да носат контакт леќи до 18 годишна возраст и да немаат никакви проблеми. Луѓето коишто се жалат на сувило на очите, не се чувствуваат угодно додека носат контакт леќи и претпочитаат да им се изврши ласерска операција. Луѓето коишто носат контакт леќи би требало да внимаваат и да се придржуваат на следните правила:

• Никогаш да не заспијат со контакт леќите, дури и кога ќе им биде кажано дека тие се пропустливи на кислород.
• Да ги извадат ги контакт леќите кога одат на пливање.
• Да го заменат растворот од садот на контакт леќите секоја вечер.
• Да ги заменат контакт леќите еднаш месечно.
• Со себе секогаш да го носат приборот за контакт леќи.

Доколку имате чувство на печење, солзи, црвенило или замаглен вид, веднаш извадете ги контакт леќите и ставете ги очилата.





 

 

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење