Озлем, Франција – 32 години
Декември, 2007


После мојата диета, вишокот на маснотии почна да ми смета. Мојата пријателка скоро имаше направено липосакшн во Аџибадем и беше многу задоволна и среќна од резултатите. Тоа беше причината да се одлучам за липосакшн во Аџибадем Група за здравствена заштита. Се оперирав минатата година во една друга клиника, кадешто 3 кг. маснотии ми беа отстранети од телото (стомакот, бедрата и колената).
Сега, после операцијата во Аџибадем, се чувствувам одлично и едно е сигурно дека на сите во Франција ќе им препорачам да дојдат овде. Нестрплива сум да се вратам во Франција и да им раскажам на пријателите и на семејството. Му се заблагодарувам на лекарот во Аџибадем и на целиот персонал кој се грижеше за мене во текот на целиот мој престој.


Труди, Велика Британија
31-Јули, 2007

Само сакам да им се заблагодарам на Центарот за меѓународни пациенти, кому му испратив интернет порака по е-маил барајќи помош за мојот Х.У.М. Бевте многу љубезни и мошне брзи во вашиот одговор и помош. Само едно големо благодарам. Од Труди, Ендрју и мојот сопруг Боб.

Секое ви добро

Мохаммед Елсир Табир, Судан
24-Јули, 2007
Болницата Аџибадем е голема болница и има толку добри доктори што ретко може да се најдат на друго место. Персоналот секогаш е љубезен и секогаш спремен за помагање ви стои на располагање со целосна грижа за вас.



Букет Ѓувен, Франција
4-Април 2007

Му се заблагодарувам на целиот персонал на болницата и на лекарот Атилла Аринџи. Навистина сум вчудовидена од операцијата и испадна подобро отколку што очекував. Би сакала го изразам задоволството што сум нов “спонзор на реклама“ на Др. Аринџи. Додека да одам во странство, шефот на колективот многу ми помогна и се распраша за мојата операција. Откако му објаснив, тој ја побара визит картата на Др. Аринџи и рече дека ќе му се јави. Сега, промената на моето тело е очигледна и многу ми е мило. Во секој случај, да не бев задоволна, немаше да давам комплименти за професионализмот на Аџибадем и на Др. Аринџи.

Големо благодарам и искрени поздрави до сите.


Марина Тараненко, Казакстан
7-Мај 2007
Целиот персонал работеше мошне професионално, помагаше и беше љубезен.
Имаме голема доверба во начинот на лекување со високи стандарди на кои самите бевме сведоци.
Благодариме.


Худа Ал-Лавати, Обединети Арапски Емирати
16-Април, 2007
Аџибадем Меѓународниот центар беше спремен за помагање и веднаш закажа средба. Др. Џунејт беше спремен за помагање и мошне јасен. Тој даде с ѐ од себе да н ѐ разбере и н ѝ даваше совети. Постапката на плаќање е мошне брза. Многу ми помогна персоналот на Аџибадем болницата во Козјатаги. Истотака, претходно им беа веќе дадени податоци за мене и за мојата посета.

Абдулхамид А. Таха, Судан
5-Септември 2006
Многу сме ѝ благодарни на болницата Аџибадем. Многу ја цениме нејзината гостопримливост и тоа што сѐ стори за нас .

Во иднина ве очекуваме со најнапредната технологија да бидете со нас во Судан (Аџибадем Судан).

Уште еднаш благодариме.
Масоома, Бахреин
6-ти Септември 2006
Мило ми е што нашиот Министер за здравство ја избра вашата установа за испитување на мојата ќерка. Забележав дека:
- Услугата беше врвна,
- Персоналот полн со почит
- Немаше одлагање на услугите (сите постапки на време)
- Немавме чувство дека сме странски државјани

Ви посакувам сè најдобро. Искрени поздрави.

Ван дер Гриендт, Холандија 2006
Имам 52 години, и за лекување на моите заби дојдов во Аџибадем Група за здравствена заштита. Лекувањето помина мошне добро, а и беше мошне прифатлива цената. Тимот на Аџибадем центарот за меѓународни пациенти ги среди сите закажувања. Решив да дојдам во Аџибадем поради неговата софистицирана структура, напредната технологија и поради квалитетот на лекарите. Турскиот народ е многу гостопримлив и му се заблагодарувам на тимот на Аџибадем за нивната висока грижа за пациентите и за извонредното лекување.

Уриме Пасмачиу, Албанија 2006

Поради одличната услуга во оваа болница, на нашите роднини и пријатели безрезервно им препорачуваме да дојдат во Аџибадем. Истотака ѝ се заблагодаруваме на Г-ѓицата Кети што нѝ ја препорача болницата Аџибадем.

Луѓето коишто работат во Аџибадем нѝ станаа пријатели и безрезервно нѝ помагаа. Можевме да ја видиме професионалноста и високите стандарди на болницата. Знаевме дека сме во сигурни раце. .


Аккелиен Бринкман, Холандија
Мај, 2006

Аџибадем е многу добра, модерна болница. Лекарите во оваа болница се навистина професионалци и воопшто луѓето се посветени за помагање. На луѓето во Холандија за вештачко оплодување ќе им ги препорачам болниците Аџибадем. Истотака би сакал да му се заблагодарам на надлежните од Центарот за меѓународни пациенти за нивната организација и гостопримливост, што ми направија да се чувствувам пријатно во текот на мојот престој.

Ј. Роординг, Холандија
Мај, 2006
Аџибадем Група за здравствена заштита има високи стандарди на квалитет и луѓето овде се многу љубезни. Лекарите многу добро го зборуваат англискиот јазик и многу објаснуваат. Сите обиди за вештачко оплодување што ги имав досега беа неуспешни. Дојдов во Аџибадем и штом ги видов лекарите и сестрите кои се интересираа за нивните пациенти, добив самодоверба овде да направам обид за вештачко оплодување. Многу сум задоволна и сега сум во третиот месец од бременоста.

Пациент од Холандија
Април 2006
Сакам да му се заблагодарам на Аџибадем поради мојата здравствена состојба што ја имам сега. Во 2005 година имав операција абдоминопластија која ми ја направија Др. Б. Јилмаз и Др. Р. Гурунлуоглу. Тие направија да сонот стане реалност во мене. Поради операцијата имав мошне пријатен престој од 4 дена во болницата Аџибадем во Кадиќој. После тоа останав со пријателите во Истанбул. Бев изненаден од професионализмот на болницата, сестрите, лекарите и сите луѓе коишто работат во Аџибадем. Поради добриот третман што го имав минатата година, решив оваа година да направам липосакшн како последен допир. Резултатите се зачудувачки. На сите коишто имаат намера да направат пластична операција, им препорачувам да контактираат со Аџибадем Група за здравствена заштита, бидејќи тие се мошне специјализирани во козметичката хирургија. Повторно благодарам за с ѐ што направија во текот на мојот престој во Истанбул.

Специјално благодарам за лекарот и за Персоналот од одделот за меѓународни пациенти кои направија мојот сон да стане реалност.

Фатма Оџак, Велика Британија
Април 2006

Пред с ѐ , би сакала да му се заблагодарам на Аџибадем Група за здравствена заштита заради нивното љубезно залагање и грижа кои ми ја посветија во текот на мојот престој. Проф. Др. Атилла Аринџи е причината поради која дојдов во Аџибадем за да ми се направи пластична операција. Го сретнав Др. Аринџи и во консултацијата со него во Паша клиниката во Англија, му реков дека малку се плашам од операцијата за намалување на градите. Меѓутоа Др. Аринџи ми покажа начин кој ниеден доктор порано ми немаше укажано, толку сакаше да ми помогне што после таа консултација се почувствував ослободена од сите стравови. Тоа ме охрабри и ме убеди да дојдам во Аџибадем на операција.

Пред две години отидов на лекар во Мерсин поради моите маки, меѓутоа тој ми рече дека би можела да се соочам со проблеми во иднина поради лошо водење од некого. Сега сфаќам колку Проф. Др. Атилла Аринџи беше професионален во својата работа и му поверував со затворени очи. Медицинските сестри истотака ми помагаа. Мојата операција траеше 6 часа со анестезија. После операцијата, не чувствував болка и брзо се вратив на нормалната секојдневна рутина. Ако затреба повторно некоја операција не би се каела тоа да го извршам во една од болниците на Аџибадем.

Госпоѓа Клаудиа Капплер, Холандија
Март, 2006
Почитуван Проф. Др. Атилла Аринџи,
Сите луѓе кои работат овде беа пријателски расположени и спремни да помагаат. Верувам во професионалноста и на високите стандарди за квалитет во болницата. Поради тоа што вие ја извршивте операцијата се чувствував безбедна и во сигурни раце.

  ПС: Многу добро е што се дозволува да остане и придружник со мене во болницата Аџибадем во Бакирќој. Овие погодности ги нема во мојата земја.


Јонис Омер, Ербил-Ирак
Февруари 2006
Почитуван Др. Угур Ишик,
IГолема чест нѝ е да ја изразиме нашата благодарност за вашата помош, за хуманите чувства и гостопримливоста во прегледувањето на нашиот син и за посоветувањето за третманот на лекување во областа на Хирургија на мозокот.

Сите ние го цениме вашето залагање во лекувањето на нашиот син и се надеваме дека можеме да ви се оддолжиме еден ден. Сега мојот син е во добра здравствена состојба, а јас ви посакувам Господ да ви подари среќа и успех како во работата



Пациент од Велика Британија
Јануари 2006

Би сакал да се заблагодарам на лекарскиот персонал и на директорот на болницата кои ми пружија прилика да можам да се оперирам во оваа болница. Имав мошне пријатен престој и болницата ќе ја препорачам на сите мои другари и на сите роднини да за секој здравствен проблем дојдат и се обратат до Аџибадем болницата во Бакирќој. Бев пријатно изненаден од високиот квалитет на услуга која ми беше пружена од страна на лекари и медицински сестри на оваа болница.

Ј. Франк, Јули 2005
Прекрасен поглед на Истанбул

Минатата недела, (Јули 2005) имав ласерска операција на окото во Аџибадем Центарот за офталмологија во Етилер – Истанбул. Сѐ беше извонредно организирано од страна на Меѓународното одделение при Аџибадем Група за здравствена заштита. Пред да отпатувам за Истанбул, очите ми ги прегледа лекарот по очни болести во Сассенхајм. Следниот ден откако стигнав во Истанбул, отидовме во Центарот за очни болести при Аџибадем поради прелиминарни проверки. Веднаш се приметува дека Центарот за офталмологија е посветена на високата средна класа во Турција. Тоа е добро одржана болница со најмодерна опрема, што не може да се најде во Холандија. Аџибадем Центарот за офталмологија има мошне искусни специјалисти кои се обучени во Европа и Америка. Мене ми помогна Др. Есра Учбашаран, која одлично зборува Англиски, обуката ја има извршено во Филаделфија (САД). Прелиминарните прегледи со мене потрајаа цел ден. На крајот, после неколку консултации, се решивме за ласерско лекување. Поточно речено, тие ми препорачаа да не направам Вејвфронт лекување бидејќи во мојот случај немало да биде ефективно. Тие апсолутно не пробаат непотребни третмани
.
На денот на мојата Ласик операција, примив таблета за смирување (после консултацијата со лекарот) која ми помогна да се опуштам во текот на операцијата. Ми помагаа асистенти кои цело време беа присутни (обично 4 асистенти покрај очниот лекар) но морав да ги затворам очите. Пред сѐ, се примени пластична фолија на моето око (која ја наместија со еден вид трака). Не осетив болка бидејќи бев под анестезија. За мене целата операција беше безболна и толку бргу помина. Ласерската операција беше готова за неколку секунди. Тогаш, делот од корнеата беше внимателно сменета. Времетраењето на лекувањето на едно око приближно трае околу 5 минути. После операцијата имате чувство како да е распрскан пипер на вашите очи. Во рок од 20 минути, Др. Есра направи пост оперативна контрола. Веднаш потоа отидов во хотел и спиев 3 часа. Кога се разбудив следниот ден, видот ми беше беспрекорен. На крајот од денот, ми направија втора пост оперативна контрола и се покажа дека сè беше во ред.
Резултатите покажаа дека диоптријата на моето лево око (со диоптрија –1) беше намалена до нула а диоптријата на моето десно око од –3 беше намалена на –0.5 со тоа што моето десно око постојано се подобрува. Многу сум задоволен од операцијата и препорачувам доколку имате потреба, да се одлучите за Аџибадем Центарот за офталмологија во Етилер.
Предностите од доаѓањето во Аџибадем Групата за здравствена заштита:
- Мошне добра придружба за и во текот на патувањето
- Најнапредна опрема
- Стандарди со висок квалитет
- Акредитирана од JCI и соединета со Харвард Медикал Интернејшенел
- Одлична организација и обезбеден хотелски престој и превоз
- Very experienced doctors
- Тие препорачуваат лекари за постоперативни контроли во Холандија
- Добивате прилика да го посетите преубавиот град на Турција, Истанбул. Прекрасна посета на градот и на културните знаменитости.

Јас, лично верувам дека искуствата со придружбата, искуството на лекарите и најмодерната опрема се најважните работи. На крајот на краиштата тоа се вашите очи и има само мала разлика од стотини евра но голема разлика во квалитетот.

Мартин Реп, Ротердам
Успешна операција

Како прво, носев контакт леќи, но мојот оптичар ми препорача да носам очила. Пред ЛАСИК операцијата, носев очила со диоптер –6,5/-5,5. Откако го замразив носењето на очила, најдоброто решение беше да се направи ЛАСИК операција на моите очи, па на интернет почнав да ги истражувам болниците. Интернет страницата на Аџибадем ми го привлече вниманието. Информацијата на оваа веб страница е јасна и убедувачка. Рискирав и заедно со мојата девојка тргнав за Турција. Сиот превоз, хотелот, хотелските закажувања беа извршени од страна на Аџибадем Одделение за меѓународни пациенти – којшто е дел од Аџибадем група за здравствена заштита.

Штом стигнавме во Аџибадем – Офталмолошка клиника во Етилер, направив консултација со Др. Гулбин Салтик која откри хронично печење на очните капаци што никогаш порано не беше откриено. Истотака моите очи беа премногу суви. Беше неизвесно кој третман да се користи. Поради тоа, мојата операција можеше да се направи следниот ден. Дотогаш, морав да користам капки за вештачки солзи на двете очи секој час. Следниот ден после консултацијата со друг лекар (Др. Есра Учбашаран) бев спремен за операција.

Мојата операција ЛАСИК беше мошне успешна бидејќи на контролата после операцијата мојот вид беше многу подобар од порано. После третманот, во текот на првите неколку часа тешко е да се држат очите отворени бидејќи имате чувство дека не можете да го поднесете светлото. Како и да е, после 3 часа одмор во хотелот, престанува тоа чувство и светот се отвара пред вас. Дури и сега, недела дена подоцна, вчудовиден сум од мојот вид. Можам многу подобро да гледам од времето кога носев очила. Вниманието што го посветуваат во болницата Аџибадем навистина ви дава чувство дека тие навистина знаат што прават. Истотака задоволен сум од придружбата и консултациите. Двата доктора зборуваат англиски и одвојуваат време за објаснување.

Придружбата вон болницата беше толку перфектно организирана што успеавме да го посетиме и градот. Би сакал да ја искористам приликата уште еднаш да им се заблагодарам на Аџибадем Интернејшенел за услугите кои ми ги пружија со што направија и што се потрудија да престојот ми биде незаборавен.

Џевдет
Пред тоа, на интернет истражував неколку клиники и ја најдов страницата на Аџибадем (www.acibademinternational.com) за странски пациенти, која без сомнение е мошне професионална и информативна интернет страница и добра за контактирање. На тој начин ја испробав среќата и ги контактирав. Ми беше препорачана Аџибадем Клиниката за офталмологија која е најмодерна клиника со најнапредна опрема и кадешто ми се направи ласерска операција со Аллегретто Вејвлајт 400 Херци.

Имав мошне интензивна контрола пред ласерската операција (која не е лесна операција). Пред операцијата, ви се дава нега во специјална соба за да се соземете малку, проследено со многу капки кои се даваат на вашите очи. Во текот на операцијата, мора мошне добро да соработувате и да ги следите упатсвата на лекарот и нема да чувствувате болка. Јас, лично не осетив никаква болка ни во текот ниту после операцијата ЛАСИК.

На денот на операцијата, бевме придружени до хотелот кадешто легнав и спиев 3 часа. После тоа заминавме на посета на преубавиот град Истанбул. Морам да признаам дека беше извонредно, и покрај тоа што се изморив од пешачење но, вредеше да се види Истанбул.
Скоро ја имав втората постоперативна контрола 3 месеци после третманот; и финалниот резултат е мошне успешен. Видот на десното око е 200% (0.0) и видот на левото око е 100% (+0.2) и бескрајно сум задоволен. Воопшто не ми е криво и прекрасно е да не се биде зависен од очила или контакт леќи. Оштрината на очите пред ласик (+вејвфронт) третманот беше –2.00 имав девијација на левиот цилиндер. Поради тоа, им препорачувам на сите да направат ЛАСИК операција и секако дека го препорачувам Аџибадем Интернејшенел поради неговата добра организација којашто ме доведе до оваа состојба. Покрај тоа, истотака сакам да му се заблагодарам на Др. Гулбин Салтик поради нејзиниот професионализам и способност.

Ханс
Ноември, 2005

За Аџибадем Интернејшенал дознав од нивните реклами. Тоа што го доживеав во Клиниката Аџибадем е нешто извонредно. Прелиминарните проверки беа добро направени и со најмодерна опрема, а притоа сè беше испланирано до најмали детали. Лекувањето и чек-апот после лекувањето помина во најдобар ред. Ова е мојот трет ден после операцијата. Сега можам да гледам телевизија и дури и лесно да го напишам овој извештај.

Големо благодарам за персоналот.


 

 

  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење