Накратко за Турција

  Накратко за Турција
  Накратко за Истанбул
  Историјата на Истанбул
  Типови и Хинтови
  Интерактивни мапи

Секое село и град имаат свои специфични правила на живеење. Составивме неколку практични и корисни информации со кои не би требало да се чувствувате како аутсајдер кога ќе се соочите со нормите и однесувањата кои се важечки и општи во Истанбул и Турција.

Повеќе од сигурно е дека информациите во врска со транспортот, работните часови, одморите, курсот на валутата, банките, шопингот и разни обични секојдневни однесувања ќе ви бидат мошне корисни за вас...

• Турција за државјнаите на некои земји не бара визи. Поради тоа, пред да тргнете за Истанбул добро би било да проверите дали Турција бара виза за вашата држава.
• Дозволено е да се имаат две штеки цигари и алкохол до 2,5 литри при премин од царина во Истанбул.

Курсот и менувачниците

Можете да одите во Менувачниците на аеродромот за ги размените парите во Нови Турски Лира(и) која е службената валута во Турција.
Трансакцијата можете да ја извршите истотака и во банките.
• Можете да размените разни валути во Нови Турски Лири и Новите Турски Лири во други валути во безбројните менувачници лоцирани во центарот на градот или на фреквентните улици од градот.
• Можете да добиете информации за курсот и од весниците или од електричните табли и знаци на банките и менувачниците.
Валута
• Службената валута на Турција е Новата Турска Лира (Lira (Yeni Turk Lirası =YTL) сметајќи од 1-Јануари 2005 година. 1 YTL е еднакво на 100 Нови Гроша (Yeni Kuruş =Ykr). Има банкноти од 1,5,10,20,50, 100 YTL и железни пари од 1, 5, 10, 25, 50 Ykr и 1 Ytl
TL (Турска Лира) којашто беше во оптек пред 1-Јануари 2005 година се користеше до 1- јануари 2006 година. Ако имате во себе TL банкноти морате да ги размените во YTL пред 1-Јануари 2006 година.
• Кога ќе избришете 6 нули од TL банкнотата тоа што ќе остане тоа е вредноста на YTL. (Ако ја поделите вредноста на TL со 1.000.000 тоа резултатот ќе биде вредноста на YTL.
Ако ја поделите вредноста на вашата банкнота TL со 10.000 тогаш добиената вредност е вредност на Ykr.
На пример:
20.000.000 TL= 20 Ytl
500.000 TL= 50 Ykr

 

Данок на додадена вредност ДДВ (ДДВ = KDV) и шопинг

• Данок на додадена вредност (ДДВ) е тип на такса на потрошувачот којшто тој го плаќа како повраток на добрата и услугите коишто ги купува и ги ужива. ДДВ-то обично е вклучен во цената но во случај ако не е вклучен тогаш тој е одделно наведен. ДДВ-то обично се движи од 8-10 %
• За висината на ДДВ можете да дознаете од фискалната сметка добиена веднаш по уплатата.
• Во Турција е на снага Законот за правата на потрошувачите. Со цел уживање на правата коишто се дадени со закон и со цел да можете да се пожалите за производите кои ги купувате и услугите кои ги уживате, се препорачува да купувате од продавници.
• За Турците ценкањето е традиција исто колку и традицијата на купување. Затоа ценкајте се додека купувате во туристичките центри како што се Капаличарши, Мисир Чаршиси.

Работни часови и паузи
• Работните часови за службените институции/агенции, банки и приватни организации во Турција вообичаено е од 08.30 наутро до 18.00 часот(06.00 навечер). Паузата за ручек е од 12.00 до 13.30 часот.
• Работните часови за продавниците, рестораните и маркетите се променливи. Продавниците за шопинг се отворени до 21.00 или 22.00 часот во зависност од годишното време. Има народни кујни, ноќни клубови и ресторани кои се отворени 24 часа во Истанбул а особено во Бејоглу и неговата близина.

Музеи и историски места
• Музеите обично се отворени 6 дена во неделата (затворени во понеделник) од 09.30наутро до 5.00 навечер. Можете да добиете детални информации од центрите за информации на музеите за евентуалните измени ако ги има.
• Има влезници за влегување во музеите и историските места. Износот на влезницата се менува од оние за Турските граѓани и за странските посетители. Можете да се консултирате со службениците на музеите и историските места дали може да се слика или да се снима со камера или треба да се плаќа за сликање или снимање на местата за посета.

Вери и традиции
• Поголемиот дел од населението во Истанбул се Муслимани. Истанбул истотака е центар на Православните Христијани а покрај тоа има и Католици и Евреи. Според тоа, во Истанбул , кадешто коегзистираат различни религии, можете да сретнете цркви и синагоги и да ги извршите слободно вашите верски обреди.
• Во Разаман (месец на постот) повеќето Муслимани постат, но и покрај тоа, во отвортените продавници, кафеа и ресторани можете да ги најдете сите видови на јадења и пијалоци
• Има некои правила кои морате да ги почитувате додека ги посетувате џамиите, а тоа се:

o Собујте ги чевлите при влегување во џамија.
o Жените мора да носат шамија, затоа или сами донесете една или можете да добиете една од службениците на џамијата.
o Не смеете да се шетате по џамијата во текот на намазот (ритуал на обред) поради тоа, би било добро тоа да    го сторите вон времето за намаз.

Службени празници

Во Турција не се работи во текот на верските празници и во текот на националните празници. Тоа се:

Нова Година, 1-Јануари
Празник Рамазан, (2006), 2-5 Ноември (3.5 дена)
Курбан Бајрам, (2006), од 9-13 Јануари (4.5 дена)
Ден на суверенитетот и на децата, 23-Април
Помен ден на Ататурк и ден на Младината и спортот, 19-Мај
Ден на победата, 30-Август
Ден на Републиката, 29-Октомври

Интернет

• Во истанбул Интернетот е дел од секојдневието и можете да се вклучите за влезница во интернет кафеата кои можете да ги најдете на повеќе населби на Истанбул. Тие места се отворени до доцна во ноќта а истотака служат и како обични кафеани.
• Во денешно време пак, повеќето хотели имаат одделни интернет соби со можност за безжична (вајерлес) комуникација.
• Истотака, услуги на вајерлес комуникација има и во главните улици како што се Улицата Истиклал и во големите трговски центри.
• Покрај тоа, и хотелите со 4 или 5 ѕвездички нудат услуги на вајерлес комуникација.
• Можете да добиете информации во врска со интернет конекцијата од вашиот тур оператор или од вработените во вашите хотели или приватни сместувања.

Пошта
• Можете да ги користите поштенските служби за вашите пратки, каргоа и за сите други работи за праќање, за меѓународни, локални повици и повици за далечни места. Во Турција поштенските канцеларии се со жолта боја кадешто е испишано ПТТ (пошта, телеграм, телефон). Можете да најдете поштенски служби речиси на секој чекор. Тие се отворени обично 5 дена во неделата и тоа од 8.00 наутро до 5.00 навечер. Поштенските канцеларии во големите центри и туристички делови се отворени 7 дена во неделата од 8.00 наутро до 9.00 навечер.

Телефон
Меѓународниот повикувачки број за Турција е 90. За меѓународни повици, откако ќе вртите 00 (двојна нула) ќе го вртите повикувачкиот број на регионот и повикувачкиот број на градот дури потоа бројот што го барате.
• Во повици со голема далечина, го користите повикувачкиот број на градот кој содржи три броја. Откако ќе вртите 0, вртете го повикувачкиот број на градот, дури потоа бројот што го барате.
• Повикувачкиот број на Европскиот дел од Истанбул е 212, а повикувачкиот број на Анадолискиот дел од Истанбул е 216. Неопходно е да се вртат овие повикувачки броеви при телефонски повици од едниот до другиот дел од градот. Повици за далечни места:

0                  ххх                     
Повикувачки бр.
на градот   
  ххх  хх  хх
Бројот што го барате

 

• Во случај ако се јавувате од мобилен телефон, тогаш и за локалниот повик морате да го вртите повикувачкиот број на градот.
• За вашите телефонски повици можете да ги користите и јавните телефони во поштенските служби. За да ги користите овие телефони, морате да купите телефонски картички. За овој вид на телефони не можете да користите пари.
• Можете да ги користите “центрите за тел. разговори“, “продавниците за телефонски разговори“ на повеќе населби за што, се разбира се плаќа.
• Мобилните телефони се мошне распространети во Турција. Постојат три големи ГСМ оператори кои овозможуват услуги и може лесно да се извршат повици до сите делови од Турција. Поради тоа, не заборавете да ги подесите вашите телефони за меѓународни повици. Доколку вашиот мобилен телефон не е во можност да прима и врши меѓународни повици, тогаш треба да го замолите вашиот ГСМ оператор и повиците можете да ги вршите преку системот со кој тј оператор има склучен договор.

Такси и превоз

* Сите такси возила се во жолта боја и на нивните табли е испишано taksi/такси. Износите за такси се пресметуваат со таксиметри. Таксиметарот почнува со 1.30 YTL и за секој поминат километар се зголемува за 0.90 YTL. Износот за чекање е 17 Ykr. Мошне е важно да имате ситни пари во себе кога ќе се качите на такси. После полноќ 00.00 има дополнителен износ од 50% за ноќна тарифа.
Безбедно да се зема такси на такси стојалиштата, бидејќи доколку земате такси од такси стојалиштето и во случај да заборавите нешто во таксито полесно ќе можете да стапите во контакт со таксистот.
Можете да земете такси коишто поминуваат од улиците. На таксито е испишано на кој дел припаѓа и кој е бројот на неговата регистрација испишана на таблата. Доколку е можно, ве молиме да ја забележите оваа информација. Ве молиме внимателно да го прочитате делот од упатството за превоз за да полесно патувате од едно во друго место на Истанбул, кој е еден од најголемите метрополи во светот.

Финеси
• Иако е традиција да се дава бакшиш по рестораните, хотелите и кафеаните во истанбул, но сепак тоа е по желба. Поради тоа нема да бидете секаде замолени од страна на персоналот за бакшиш.
• 10 % од износот на производот или услугата е иделана за бакшиш.

Банки и кредитни картички
• Банките отвараат во 08.30 часот или во 09.00 часот во текот на работните денови, а затвараат во 17.00 часот или 17.30 часот. Повеќето банки имаат пауза за ручек од 12.00 до 13.30 часот. Се препорачува да ја повикате банката во која сакате да одите, за да добиете прецизна информација во врска со работното време.
Кредитните картички на меѓународните организации (Visa, Mastercard) се важечки во сите видови на ресторани, маркети, туристички агенции и хотели.
• Можете да повлечете пари во готово од банкоматите. Можете да ги користите банкарските услуги во текот на работното време а банкоматите во секое време за вашите банкарски трансакции.

Да се биде гостин...
• Во повеќето куќи во Турција, луѓето ги собуваат чевлите и ги обуваат папучите кога се дома. Поради тоа, кога ќе бидете гости кај нечиј дом, собујте ги чевлите при влегување.
Турскиот народ е познат по своето гостопримство. Нивна традиција е да ги угостат гостите на најдобар начин, да ги послужат што е можно подобро и да направат да се чувствуваат удобно. Осетливоста и грижата е уште поголема посебно ако гостинот е странец. Поради тоа, доколку сте гостин некаде, може да ти придаваат посебно внимание за твојата удобност. Домаќините ќе бидат особено упорни во јадењето. Тоа е стар обичај. Отстапување место во превозно средство. Отстапување место во јавниот превоз за жените, особено на бремените жени и на оние со деца. Покрај тоа, младите и децата им отстапуваат место на постарите луѓе.
Пренесување на пари од рака в рака во превозни средства долмуш (мал минибус) или минибус
• Да не ве зачудува ако некој патник ви ги подаде парите в рака додека патувате со минибус или долмуш. Тој патник се обидува да го подаде својот износ до возачот. Тој/таа покрај тоа ќе ви го каже местото за каде патува и за колку лица плаќа. Ако сте веднаш зад возачот, морате да ги предадете парите на возалот. Ако не сте зад возачот, тогаш кога парите ќе ви бидат подадени, истите ќе ги предадете на патникот пред вас и ќе ги повторите истите зборови кои ви ги рекол патникот зад вас и сопственикот на тој износ на пари.
• И вие може да се обидете да го сторите тоа. Доколку седите на задните седишта, подајте ги вашите пари на патникот кој седи пред вас, кажете му каде патувате и за колку лица се парите. Тој истите зборови ќе му ги повтори и ќе му ги предаде на возачот.
Чекање на редица на постојките/станиците
Има безброј луѓе кои чекаат на редица на автобуските или минибуските постојки. Луѓето кои чекаат исто возило, формираат редица стоејќи зад човекот кој дошол претходно. Доколку луѓето чекаат на редица на постојка, прво прашајте за соодветното возило кој ќе ве одведе до саканата цел, дури тогаш чекајте зад човекот на крајот од редицата.



  Аџибадем Група за здравствена заштита @ 2007
 Дома    Мапа на сајтот  приватност  Услови на користење