 |
Хотелско сместување
Центарот за меѓународни пациенти при Аџибадем обезбедува алтернативи на пациентите, и тоа од хотели со 5 ѕвездички до целосно снабдени апартмани и во двата дела на Турција – Азиски и Европски, блиски до нашите болници, за да им овозможи постојана удобност. Мармара хотелите (и во Турција и во САД) се лоцирани во централните делови на градот. Тие ве носат над градскиот метеж, со прекрасен поглед кон класичниот и современиот Истанбул.Тоа е кадешто треба да се биде за да се добие најмногу од Истанбул – за деловност и задоволство. Кога престојувате во Мармара хотелите, во допир сте со животот и душата на градот. Дали сте само за едно преноќевање или за подолг престој, Мармара Хотелите со 21 мошне убаво декорирани апартмани со по три спални соби на Азискиот дел од градот се блиску до болниците Аџибадем и нудат куќна удобност за пациентите.
Прекрасниот поглед кон Мраморното море и во негова близина Принцеските острови овозможуваат идеален терен за појадок или вечерни пијачки на широките балкони од секој апартман.
Еве неколку од комплексите: Апартмани со по три спални соби со дневна соба ,
2 купатила и една соба за пеглање
Чуварска служба
Служба на дневно управување
Секретарски услуги
Хемиско чистење, сушална и шопинг услуги
Бесплатен паркинг на лице место
Café Whispers
Општина
Мармара Суадије е едно популарно населено место на Суадије и мошне блиску до славниот Булевар Багдат
Локација
Мармара Суадије е лоцирана на периферијата на Азискиот дел од Суадије на Булевар Багдат и е на околу 1 час од Аеродромот Ататурк во Јешилкој и половина час од плоштадот Таксим, најголемиот трговски и културен центар на Истанбул.
Пренесување од аеродромот
Како Центар за меѓународни пациенти, во Аџибадем обезбедуваме од обични до ВИП и амбулантски услуги со нашата службена кола. Пациентите се пречекани на аеродромот и водени во текот на нивниот престој во Истанбул.
|