УРОЛОГИЈА
Одделенијата за урологија при Болницата Аџибадем, се предодредени да со напредна технологија обезбедат уролошка нега на нивните пациенти опфаќајќи ги сите области на урологијата, и тоа било да е за пациенти на детска возраст или за возрасни. Дијагнозирањето и третманот на сите малигни и бенигни уролошки болести се лекувани со голема осетливост од страна на персоналот на Уролошкото одделение кој е составен од искусни лекари.
Секоја година од страна на експертите по урологија се вршат стотици уролошки постапки потребни за лекување на машките и женските уринарни системи а воедно и машкиот репродуктивен систем. Важна цел на персоналот е да обезбеди најнапредни медицински и хируршки сознанија и вештачења на нашите пациенти, со почит кон квалитетот на нивниот живот. За да се постигне оваа цел, се користат минимално инвазивни уролошки постапки и терапевтски приоди на пациенти кои имаат потреба од тоа.
- Начини на напредно лекување на уринарниот камен (Вклучувајќи уретерореноскопија со литхотрипсија) дробење на камен, операција на камен, (ПЦНЛ), ESWL(Вонтелесни бранови удари литхотрипсија- за уништување на каменот во бубрег со бранови удари вон човечкото тело).
- Клиника за Машки Полови Нарушувања во Функцијата: Оваа специјализирана клиника ги лекува пациентите со еректилни нарушувања во функцијата (ED). Еректилното нарушување во функцијата не значи само импотенција туку и искривување на пенисот, прерано свршување и предолга болна ерекција која нема врска со сексуалната желба.
- Брахитерапија (имплантација на радиоактивно семе) за лекување на преран рак на простата.
- Терапија на минимално инвазивно ињектирање и други процедури на невоздржливост (TVT Трансвагинална трака)
|